Забава
Рене Зелвегер плени на црвениот тепих на настан во Њујорк

Рене Зелвегер пристигна во голем стил за премиерата на претстојната крими драма The Thing About Pam, мини серија на Ен-би-си.
Во понеделникот 52-годишната актерка тргна по промотивната патека низ Њујорк за да ја промовира серијата, што кулминираше со специјална проекција на која ѝ претходеше црвен тепих.
Актерката родена во Тексас позираше при пристигнувањето. Таа изгледа едноставно, а сепак шик за главниот настан.
The Thing About Pam е мини серија заснована на вистинска животна приказна, за злосторство извршено од жена по име Пем Хап. Нејзината пријателката Бетси Фарија била избодена до смрт во 2011 година во својот дом во Мисури. Сопругот на Бетси бил осуден за убиството, пред Хап подоцна да биде прогласена за осомничена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Луѓето ја коментираат реакцијата на Херд кога Кејт Мос сведочеше за Деп

Манекенката Кејт Мос, која беше повикана како сведок од адвокатите на Џони Деп, во средата сведочеше преку видеолинк во рамките на спорот помеѓу Амбер Херд и ѕвездата на „Пиратите од Карибите“.
Кејт, која беше во врска со Деп од 1994 до 1997 година, ги демантира шпекулациите дека нејзиниот поранешен партнер Деп еднаш ја турнал по скалите.
А реакцијата на Херд во текот на исказот на манекенката беше повод за многубројни негативни коментари на социјалните мрежи насочени кон поранешната сопруга на Деп.
„Кејт е елегантна и достоинствена. Нешто што Амбер никогаш нема да биде“. „Амбер е лута и сигурно ќе пукне однатре“, „Колку е страшна“. „Така се однесуваше татко ми кога ќе го фатеа во лага – бргу трепка и воздивнува“.
„Лицето на Амбер кажува сè“. „Смешно е да се видат нејзините очи како трепкаат кога е бесна“. „Ги врти очите, не знае каде да гледа поради експлозивниот бес што го држи во себе“.
„Јасно е дека Амбер не сака да слуша дека Кејт и Деп имале долга врска“, „Сликата на Амбер како пука во тишина е веројатно најсмешното нешто што сум го видел“.
„Многу чудно однесување за некој што бил малтретиран,“ напиша друг. „Амбер е нарцисоидна и не може да поднесе што Џони не е нејзина сопственост“, „Ооо, таа полуде. Не може да го поднесе фактот што е фатена во своите лаги и дека Кејт е многу поубава од неа“, ова се само некои од многуте коментари за вчерашното судење.
Забава
Кан 2022: Нина Добрев поробува со својот изглед во црвен фустан

Меѓу многуте гламурозни настани во рамките на Филмскиот фестивал во Кан, на распоредот беше и еден со хуманитарен предзнак – amfAr гала – каде што преку аукции се собираат финансиски средства што ќе бидат донирани за потребите на програмите за истражувања во борбата против сидата.
Десетици супермодели, актери и други славни личности не го пропуштија овој настан, па го привлекоа вниманието на медиумите во блескави тоалети, а меѓу нив беше и Нина Добрев.
33-годишната актерка блесна на најгламурозниот настан на филмскиот фестивал, галата amfAr, која како и секоја година се одржува во Hotel du Cap-Eden Roc.
Таа се појави во друштво на своето момче, сноубордерот Шон Вајт.
Актерката, која се прослави со филмот The Vampire Diaries („Вампирски дневници“), блеска додека позира како бура во хотелот Du Cap-Eden-Roc.
Елегантниот црвен фустан со смело деколте во форма на солза ја истакнува нејзината фигура нa песочен часовник. Креацијата е без ракав од едната страна, а од другата страна има подигнато рамо и долг ракав закачен на ракавица.
Традиционалниот настан е со хуманитарен предзнак. Преку аукции се собираат финансиски средства, што ќе бидат донирани за потребите на програмите за истражувања во борбата против сидата.
Забава
АББА повторно се обедини за виртуелен концерт во Лондон

Членовите на легендарниот шведски бенд АББА го направија своето прво јавно појавување по 14 години на премиерата на нивниот концерт Abba Voyage во Лондон во четвртокот.
Агнета, Фрида, Бени и Бјорн повторно се обединија на отворањето на виртуелниот концерт, кој всушност содржи дигитални верзии од нив.
Фрида го гледаше шоуто со широка насмевка на лицето, а Бени стана и ракоплеска на големиот хит Dancing Queen.
Тие на крајот се појавија пред завесата со заглушувачки аплауз од публиката.
„АББА никогаш не нè напушти, во моето срце“, изјави пејачката Агнета Фалтског за Би-би-си на црвениот тепих.
„Не беше толку тешка одлуката повторно да се собереме бидејќи музиката е дел од нас“.
„Сонував за ова со години“, додаде Ани-Фрид Лингстад. „Ја сакаме нашата музика, сакаме да пееме“.
На почетокот на вечерта присуствуваа голем број музички ѕвезди, меѓу кои Кајли Миног, Софи Елис-Бекстор, Џарвис Кокер и Кира Најтли.
Шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густаф и неговата сопруга Силвија исто така ѝ се придружија на публиката – што значи дека присуствуваше вистинска кралица на танцувањето (асоцијација на песната Dancing Queen).
Концертот се подготвуваше уште од 2016 година и содржи револуционерна нова технологија, која ја рекреира глетката на АББА во нивниот врв од 70-тите, со хитовите како SOS, Voulez-Vous и Lay All Your Love On me.
За да се направи спектакл, бендот пет недели настапуваше во специјални костими за снимање движења, со 160 камери, кои го скенираа движењата на телата и изразите на лицето.
Познати како „АББА-тари“, ликовите не се 3D-холограми, како што сите инволвирани во продукцијата се трудат да истакнат.
Наместо тоа, ликовите се појавуваат на масивен екран од 65 милиони пиксели, со светла и други ефекти што ја бришат границата помеѓу дигиталните елементи и реалниот свет во арената.