Забава
Рис Витерспун го прослави својот 43. роденден, обожава да старее
Холивудската актерка Рис Витерспун го прослави својот 43. роденден.
Во своите четириесетти години актерката се покажа како продуцентка, направи своја сопствена модна линија „Драпер Џејмс“ и стана исконски борец за правата на жените.

„Мислам дека во четириесеттите години сфаќате дека немате време за луѓето што го извлекуваат најлошото од вас или го намалуваат тоа што сте. До ова сознание доаѓаме со годините – и ова е убавата страна на стареењето. Навистина обожавам да стареам! Имам поинакви ставови, сè ми е многу појасно, подобро сум насочена кон моите планови, знам зошто правам нешто, помалку импровизирам“, рече еднаш Рис.

Во 1999 година, таа се омажи со актерот Рајан Филип, со кого има две деца. Тие се разведоа во 2007 година.
Рис Витерспун има сопствена продуцентска компанија „Type A Films“ и е активно вклучена во здруженија за правата на децата и жените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото/видео) Џипот од 500.000 евра на Бака прасе изгоре во Белград
Луксузниот Мерцедес вреден половина милион евра, во сопственост на еден од најпознатите регионални инфлуенсери, Богдан Илиќ, попознат како Бака прасе, изгоре во Белград синоќа околу 3:30 часот, јавија српските медиуми.

Пожарот бил изгаснат во рок од пет минути, но има голема материјална штета.
Според достапните информации, внатрешноста на возилото е целосно уништена, а топлината ги скршила и прозорците. Бака прасе го купи скапиот автомобил, кој го нарече „бесна машина“, пред три години, и еднаш изјави дека се кае за купувањето.

Кратко по инцидентот, инфлуенсерот објави видео од уништеното возило. Тој се обиде целата ситуација да ја претвори во шега, објавувајќи лажен оглас за продажба на автомобили.
„Оглас за автомобил, Brabus 800 4×4. Прв сопственик, баба го возеше на пазар. Година 2022, малку исполиран и како нов. Во возна состојба, ентериер по нарачка. Заинтересиран сум за DM“, рече тој.
@bakaprase Hitna prodaja 🙏
Причината за пожарот сè уште не е позната, но Telegraf.rs пишува дека првите резултати од истрагата укажуваат дека пожарот бил подметнат. Се сомнева дека автомобилот бил полеан со запалива течност, а потоа запален.
Истрагата е во тек.
фото/депозитфотос
Забава
(Видео) Раскошните облини на бразилските жени повторно го освојуваат светот: И никој не е имун на нив
Магичниот Рио де Жанеиро привлекува голем број туристи секоја година, особено за време на традиционалниот карневал во Рио, кога брзо станува центар на светот, но и на добрите забави.
Овогодинешниот карневал започна на 13 февруари и ќе трае до 21 февруари, а посетителите на овој спектакл ќе имаат можност да уживаат во звуците на самбата, огнените и енергични танцови движења на учесниците, како и во раскошните облини на познатите бразилски жени.
Во овој период, танчерките ќе парадираат по улицата Маркес де Сапука секоја вечер, а жителите на Бразил, како и бројните туристи, внимателно ќе ги следат од сите страни.
Забава
MEGAWIN.MK – единствената легална интернет-платформа што одговорно ја претвора среќата во забава
Со јасни правила, највисоки стандарди на сигурност и целосна законска заштита, Megawin.mk ја гради својата препознатливост како доверлив партнер за сите што сакаат да ја испробаат својата среќа онлајн.
Megawin.mk за кратко време стана препознатлива онлајн-платформа за сите што сакаат да ја испробаат својата среќа онлајн. Како единствена легална интернет платформа за игри на среќа во Северна Македонија, таа стекна доверба кај корисниците и ја гради својата репутација преку сигурно, транспарентно и одговорно играње.
Секоја уплата и секоја добивка на Megawin.mk е законски заштитена и обезбедена со највисоки стандарди на сигурност. Благодарение на современите дигитални решенија и лесната достапност, играчите може да ја доживеат забавата онлајн, секогаш и секаде, со доверба и сигурност.
Историјатот на добивки e јавно достапен на megawin.mk/winners/top. Toj ја потврдува транспарентноста и реалните можности за добивка. Само во изминатиот период, играчи од различни градови ја почувствуваа магијата на големите добивки:
• Во Прилеп, со симболичен влог од 100 денари на играта Juicy Cash 100 – 7777Gaming, еден играч освои над 17 милиони денари. Овој пример покажува дека и малата инвестиција може да донесе огромна добивка.
• Играч од Македонска Каменица освои 9 милиони денари добивка на 30 Spicy Fruits – EGT Digital, со влог од 9.000 денари.
• Во Куманово, со само 200 денари, еден играч ја погоди Jackpot Game – Amusnet и доби над 4,3 милиони денари.
• А во Пехчево – еден играч доби BMW 218i Gran Coupe како бонус добивка, што ја потврдува разновидноста на наградите и дополнителната возбуда што ја нуди платформата.
Овие примери не се само бројки – тие се вистински приказни за среќа, надеж и можности што ја потврдуваат доверливоста на платформата.
Суштината на Megawin.mk останува јасна: промовирање на одговорно играње. Платформата постојано потсетува дека игрите на среќа се наменети исклучиво за лица над 18-годишна возраст и дека треба да се доживуваат како форма на забава – со умереност и свесност.
Со комбинација на сигурност, иновација и динамична забава, Megawin.mk поставува нов стандард во дигиталното приредување игри на среќа – платформа што граѓаните ја препознаваат како доверлив извор на забава, можност за добивки и пример за одговорно дејствување.
ПР објава

