Забава
Рис Витерспун и Рајан Филип го одбележаа 18. роденден на својот син
Рис Витерспун и нејзиниот поранешен сопруг Рајан Филип заедно го прославија осумнаесеттиот роденден на синот Дикон.
Рис и Рајан, кои беа во брак од 1999 до 2007 година, и двајцата споделија емотивна почест на „Инстаграм“ за нивниот син на неговиот посебен ден во саботата кога позираа заедно со него за да ја одбележат таа пригода.
Рајан напиша на платформата за споделување фотографии: „Среќен 18. роденден на нашиот прекрасен, паметен, талентиран и грижлив син“.
А ѕвездата на Legally Blonde („Русокоса од Харвард“) сподели серија фотографии од својот син низ годините, вклучително и една како се подготвува да ги дува свеќите на неговата роденденска торта.
„Како се случи ова“, вака Рис ѝ даде на наслов на објавата. „Еден ден тој менуваше Покемон-карти, пееше песни на Бруно Марс и играше American Ninja Warrior (американски нинџа-воин) во дворот“.
„Следниот ден тој е повисок од мене, готви семејни стекови на скара и прави своја музика со најдобрите пријатели. Срцето ми пука од гордост за овој млад човек. Среќен 18-ти роденден, Дикон! Те сакам до Месечината околу Сонцето и сите ѕвезди“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Страст, храброст и нови почетоци: Четири хороскопски знаци ќе доживеат голема среќа во љубовта
Доаѓа Полна Месечина во знакот Лав, која носи силна космичка енергија и интензивни љубовни случувања. Според астрологинката Лиса Стардаст, овој период буди храброст, страст и желба, а емоционалните врски стануваат подиректни и полесни.
Најголеми промени на љубовен план ќе почувствуваат четири хороскопски знаци:
Лав – Полна Месечина е во вашиот знак и ви носи зголемена популарност. Слушајте ја интуицијата и бирајте само искрени и здрави односи.
Водолија – Време е да ги спуштите ѕидовите. Ако некој ви се допаѓа, направете чекор напред и бидете искрени.
Вага – Љубовната среќа ви е наклонета. Поканете ја симпатијата на средба и оттурнете ги луѓето кои не ве инспирираат.
Шкорпија – Во центарот на вниманието сте. Прифатете ја наклонетоста и обидете се вистински да ја запознаете личноста спроти вас.
Забава
Бед Бани го откри вистинското значење на бројот 64 на неговиот дрес на Супербоул
Бед Бани не само што го стави Порторико во центарот на вниманието на најголемата можна сцена, туку донесе и дел од неговата семејна историја на Супербоул. Кога излезе на теренот на стадионот Левис, обожавателите веднаш забележаа детаљ на неговиот дрес: бројот 64.
Корисниците на Интернет, како што се очекуваше, почна да нагаѓаат: некои тврдеа дека бројот е почит кон неговата мајка, други го поврзаа со албумот „El Último Tour del Mundo“. Но, објаснувањето е многу по лично.
Претставници на 31-годишниот порторикански музичар испратија соопштение до USA TODAY, откривајќи дека бројот 64 е во чест на неговиот чичко Кутито, брат на неговата мајка, кој е роден во 1964 година. Бед Бани, исто така, рече дека научил „она малку“ што го знае за НФЛ од својот чичко, бидејќи ги гледале натпреварите заедно со години.
Чичко му бил голем обожавател на Сан Франциско 49, а починал пред две години, кратко откако 49ерс го загубија Супербоулот во 2024 година. Бед Бани вели дека отсекогаш сонувал да го однесе на Супербоул, но никогаш не успеал да го направи тоа, па затоа сега го однел на свој начин, преку неговиот дрес: неговото презиме Окасио и неговата година на раѓање, 64.
„1964 е годината кога е роден мојот чичко Кутито, братот на мајка ми. Она малку што го знам за НФЛ, го знам благодарение на него. Кога бев дете, ги гледав натпреварите со него бидејќи тој нè посетуваше кон крајот на јануари или почетокот на февруари, точно на средина од плејофот. Тој беше луд по 49ерс. Почина пред две години, кратко по Супербоулот во 2024 година. Отсекогаш сонував да го однесам на Супербоул, но никогаш не успеав. Па затоа решив да го направам овој настап негов: ОКАСИО, неговото презиме и 64, неговата година на раѓање. Сигурен сум дека гледал и бил горд.“
фото/епа
Забава
Едноставен појадок полн со витамини
Начинот на кој го започнуваме денот има големо влијание врз нашата енергија и концентрација. Еден од наједноставните чекори за подобро утро е да ги земате вашите витамини во првите неколку часа од денот.
Ова вкусно смути е совршено кога немате многу време и сакате брз, здрав и хранлив појадок или ужина.
Состојки
1 црвено јаболко
1 банана
половина чаша јогурт
половина чаша млеко,
20 бадеми
четвртина лажичка цимет
1-2 коцки мраз.
Подготовка
Ставете ги млекото и јогуртот во блендер, додадете го овошјето исечено на парчиња, цели или мелени бадеми и цимет и блендирајте сè заедно околу триесет секунди додека не добиете густа смеса.
Наместо мраз, можете да користите замрзната банана.
фото/Depositphotos

