Забава
Рита Ора повторно се извини за второто непочитување на антикорона-мерките

Поп-sвездата Рита Ора требало да биде во самоизолација по патувањето во Египет во согласност со ограничувањата воведени во Велика Британија среде пандемијата на Ковид-19.
Британски медиуми објавија дека 30-годишната пејачка одлетала за Египет со приватен авион на 21 ноември. По враќањето следниот ден, требало да се самоизолира две недели. Наместо тоа, таа приреди роденденска забава во Лондон, што исто така беше во спротивност со правилата за целосното затворање, пишуваат „Гардијан“ и Би-би-си.
Таа минатата недела се извини за забавата и понуди да плати парична казна.
Детали за нејзиното патување во Египет последователно се појавија во „Мејл он сандеј“. Весникот објави дека пејачката имала ексклузивен настап во хотел во Каиро за шестцифрена сума.
Анонимен извор исто така за „Мејл“ изјавил дека египетскиот претседател Абдул Фатах ал-Сиси бил меѓу присутните, иако ваквото тврдењето е оспорено.
Како одговор на веста за патувањето, Ора повторно се извини и рече дека заслужува критика за своите постапки. Хонорарот од настапот во Каиро ќе го донира во добротворни цели
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Серена Вилијамс лансира колекција куфери среде пандемија

Таа е тениска легенда и светска шампионка која поголемиот дел од својот живот го помина патувајќи низ светот за да се натпреварува на највисоко ниво.
Затоа, не е изненадување што Серена Вилијамс одбра совршен начин да ја истакне убавината на патувањата и ја започна втората линија од својата колекција куфери со Away.
39-годишната тенисерка призна дека „сонува да патува повторно безбедно и се надева дека нејзината нова линија ќе им помогне на луѓето да започнат да ги планираат своите идни патувања“.
Вилијамс пренесува париски вибрации додека пие еспресо и гледа во далечина, со голема фотографија на Ајфеловата кула во позадината, а медиумите додаваат дека Вилијамс е во својот дом.
Забава
Шварценегер вози велосипед низ Санта Моника една недела по вакцината против Ковид-19

Легендарниот акционен херој и фитнес-икона Арнолд Шварценегер минатата есен повторно беше подложен на операција на срцето.
Но, Арни се држи до својата секојдневна рутина за одржување добра форма. Тој во вторникот беше забележан како крстосува со својот велосипед во сончевата Санта Моника, Калифорнија, една недела откако ја прими вакцината против Ковид-19.
Поранешниот гувернер (73) на себе има кафеава кожена јакна обложена со теди-руно, во комбинација со црни панталони.
Во средата, sвездата на „Конан“ сподели видео на својот Инстаграм на кое се гледа како ја прима вакцината, и ги повика фановите да го следат примерот.
Забава
Џенифер Лопез и Метју Меконахи се сеќаваат на нивниот бакнеж на екранот во „Планер за венчавки“

Номинираната за „Златен глобус“ Jенифер Лопез и оскаровецот Метју Меконахи повторно се обединија преку „Инстаграм лајф“ во вторникот за да ја прослават 20-годишнината од филмот The Wedding Planner.
Џенифер и Метју, сега и двајцата 51-годишници, ги портретираа организаторката на венчавки Мери Фиоре и педијатарот Стив Едисон во романтичната комедија на Адам Шенкмен во 2001 година.
„Сè уште се чувствува како да беше вчера. Токму вчера бевме на средина од тоа поле во киносалата“, рече Џенифер, која може да се пофали со 140 милиони следачи на Инстаграм.
„Се сеќаваш ли кога ја снимавме сцената каде што требаше да ме бакнеш? Јас добро се сеќавам дека ми рече: ‘Госпоѓице Лопез, сега ќе те бакнам’. А јас одговорив: ‘Добро, ајде да го сториме тоа’“.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот