Забава
„Ролинг стоунс“ нема да ја свири Brown Sugar на турнејата во САД

Еден од најголеми хитови на „Ролинг стоунс“, Brown Sugar, нема да биде изведуван во текот на американската турнеја на легендарниот бенд.
Бендот реши да ја исфли од листата со песни со кои ќе настапува на турнејата во САД по вознемиреноста од прикази на Афроамериканки и референци за ропство во песната, која достигна прво место во САД во1971 година.
Според Би-би-си, оваа одлука е последица на критиките дека Афроамериканките наводно се прикажани на несоодветен начин во песната, како и дека се споменува ропство.
Гитарист на бендот, Кит Ричардс, ја потврди одлуката во интервју за „Лос Анџелес тајмс“, но рече дека бил збунет од луѓето што сакале да ја закопаат песната.
„Зарем не разбраа дека ова е песна за ужасите на ропството?“, рече тој.
77-годишниот музичар заклучи: „Се надевам дека ќе успееме да ја оживееме песната некаде по патот“.
Од друга страна, Мик Џегер изјави дека понекогаш е тешко да се комбинираат сите песни во сет-листата за концерти на стадиони.
„Ја свиревме на секој концерт од 1970 година, па понекогаш мислите: ќе ја отстраниме оваа песна и ќе видиме како ќе биде. Можеби ќе ја вратиме“, вели Џегер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Памела Андерсон има нова емисија за приготвување храна од растително потекло

Актерката Памела Андерсон почнува емисија за готвење на билна база на канадскиот ТВ-канал Food Network Canada.
55-годишната ѕвезда ќе ја предводи новата серија со работен наслов Pamela’s Cooking With Love („Памела готви со љубов“), нарачана од студиото „Корус“.
Андерсон ќе се здружи со тим врвни кулинари во својот дом во Канада. Тие ќе работат на разни оброци од растително потекло и менија.
Студиото исто така даде зелено светло за обновување на втората сезона на Garden of Even („Рајска градина“) додека таа го реновира имотот на своето семејство на островот Ванкувер.
Забава
Адвокатите на Алек Болдвин бараат да се дисквалификува специјалниот обвинител за случајот Rust

Адвокатите на Алек Болдвин бараат изземање на специјалниот обвинител во случајот со убиството на снимателката Халина Хачинс.
64-годишниот актер и продуцент на нискобуџетскиот вестерн треба да се појави на суд на 24 февруари во врска со смртта на Хачинс, но адвокатите на Болдвин поднесоа барање, во кое инсистираат Андреа Риб, обвинител и државен пратеник, да биде изземена од случајот нарекувајќи ја нејзината вклученост „неуставна“.
Во барањето поднесено во вторникот адвокатите на Болдвин наведуваат: „На пратеничката Риб уставно не ѝ е дозволено да биде истовремено законодавец и специјален обвинител“.
„Со тоа на иста личност ѝ се доделуваат две темелни овластувања од разни гранки на власт – законодавство и казнено гонење – што е забрането со едноставниот јазик на член 3 од Уставот на Ново Мексико“.
Риб беше избрана во Претставничкиот дом на Ново Мексико во ноември.
Во меѓувреме, Болдвин претходно најави дека ќе се бори против обвинението за убиство од небрежност.
Во случај да биде прогласен за виновен, тој се соочува со казна затвор до пет години.
Забава
Не се обидувам да го сопрам времето: Сара Џесика Паркер за стареењето

Сара Џесика Паркер е легенда и по неколку децении во центарот на вниманието, таа продолжува да биде инспирација за многу жени.
Како дел од кампањата со францускиот бренд за нега на кожа RoC, актерката во интервју за „Вог Париз“ (Vogue Paris) ги споделува своите размислувања за убавината, самодовербата, стареењето…
Запрашана за нејзиниот став за стареењето, Паркер одговори: „Јас навистина не размислувам за мојата возраст, не го гледам тоа како нешто за кое треба да се грижам“.
„Не знам дали е тоа негирање или дека едноставно не сакам да се соочам со реалноста!“
„Не гледам смисла да се обидувам да го застанам времето. Секако, се грижам за мојот изглед и сакам да изгледам репрезентативно кога е треба. Но, во секој случај, навистина не можам да направам многу за тоа што мислат луѓето за мојот изглед“.
„Како се чувствувам кога носам фустан, тоа е она што е важно“, вели актерката. „Се облекувам на начин што ме прави да се чувствувам добро и се надевам дека мојот стил е интересен и за луѓето“.
Ѕвездата на култната серија „Сексот и градот“ и новото поглавје „И едноставно така“ изрази фрустрација поради реакциите што ги добива за нејзините брчки или бела коса како жена во споредба со целосниот недостиг на реакции што ги добиваат мажите.
„Навистина не можам да бидам личност каква што другите очекуваат да бидам“.
Паркер е благодарна и за лекциите што ги научила во своите 57 години.
„Не можам да кажам дека се чувствувам подобро во моето тело, порано можев да поминам два часа на снимање, а колената и стапалата да не ме болат“, откри таа.
„Но, во мојата глава апсолутно се чувствувам 100 проценти подобро. Со текот на времето ги акумулираш сите искуства, знаење и информации, правиш грешки и учиш. Колку повеќе учиш, толку подобро знаеш како да реагираш и да се справиш со предизвиците, проблемите или разочарувањата“.