Забава
Рускиот милијардер Павел Дуров: Имам над 100 биолошки деца

Рускиот милијардер и основач на „Телеграм“, Павел Дуров, откри дека има повеќе од 100 деца и планира да го сподели своето богатство со нив. Павел има шест деца со три партнерки и над сто деца родени преку донација на сперма.
40-годишниот милијардер, чие богатство се проценува на 17,1 милијарди долари, во интервју за француското списание „Ле Поинт“ објасни дека планира да го сподели своето богатство меѓу повеќе од 100 деца и дека не прави никаква разлика меѓу нив.
„Сакам јасно да ставам до знаење дека не правам разлика меѓу моите деца: има такви што се зачнати природно и такви што се родени преку мои донации на сперма. Сите тие се мои деца и сите ќе имаат исти права“, рече милијардерот, кој почнал да донира сперма пред 15 години.
View this post on Instagram
Дуров откри дека неодамна напишал тестамент. Во него се наведува дека на неговите деца не им е дозволен пристап до неговите средства цели 30 години од датумот на тестаментот.
Дуров не е оженет. Во 2017 година тој се преселил во Обединетите Арапски Емирати и живее во Дубаи, каде што се наоѓа седиштето на „Телеграм“.
Технолошкиот милијардер беше уапсен во август 2024 година во Париз под обвинение дека не успеал соодветно да модерира содржина на платформата за да ја намали криминалната активност. Дуров ги негира обвиненијата и беше пуштен дома во март 2025 година, но истрагата против него е сè уште во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Организаторите на венчавката на Безос: Добивме јасни инструкции, не смееме никого да вознемируваме

Во пресрет на раскошната венчавка на Џеф Безос и Лорен Санчез, која ќе се одржи следната недела во Венеција, парот се најде на мета на критики од дел од италијанската јавност. Но, организаторите на настанот, компанијата Lanza & Baucina Limited, издадоа соопштение во кое тврдат дека Безос и Санчез инсистирале да ја почитуваат Венеција, нејзините жители и локалната заедница уште од самиот почеток на планирањето на свадбата.
Lanza & Baucina, основана од принцот Антонио Ликата ди Баучина и грофот Рикардо Ланза, е позната по организирањето на големи свадби на познати личности, вклучувајќи ги и оние на Џорџ и Амал Клуни и Селма Хајек и Франсоа-Анри Пино. Тие во изјава за медиумите наведуваат дека Безос и Санчез им дале јасни упатства дека венчавката не треба да се меша во секојдневниот живот во Венеција.
„Од самиот почеток, инструкциите на нашите клиенти, како и нашите сопствени принципи, беа крајно јасни: минимизирајте го секое нарушување на градот, покажете почит кон неговите жители и институции и вклучете го локалното население колку што е можно повеќе во организацијата на настаните“, се вели во соопштението на Lanza & Baucina.
Свадбата се одржува во текот на три дена, а на листата на гости се најпознатите светски имиња, меѓу кои Опра Винфри, Леонардо ди Каприо, Ким Кардашијан, Бил Гејтс, Барбра Стрејсенд и Иванка Трамп.
Од друга страна, венецијанските демонстранти се собраа под слоганот „Нема место за Безос“ поставија плакати низ градот со пораки како „Венеција: Игралиште за олигарсите“ и најавија блокади на канали и улици. Протестите се поврзани со долгогодишното незадоволство од прекумерниот туризам, капитализмот и товарот на градот од настани од висок профил.
И покрај тоа, венецијанскиот градоначалник Луиџи Бруњаро изјави дека соработува со организаторите и верува дека венчавката ќе има мултимилионски ефект врз локалната економија.
„Работиме заедно со организаторите за да се осигураме дека настанот е целосно во согласност со чувствителноста и уникатноста на Венеција“, рече Бруњаро.
„Секој што ја сака Венеција е секогаш добредојден“, додаде тој.
Организаторите нагласуваат дека влијанието на настанот се размислувало со месеци однапред, многу пред да се појават вестите за протестите.
„Пред да се појават вестите за протестите, работевме да се осигураме дека свадбата ќе има што помало негативно влијание или нарушување на животот на граѓаните на Венеција и нејзините посетители“, рече организаторот.
Тие исто така додаваат дека нивните клиенти од самиот почеток биле вклучени во поддршката на градот и неговата лагуна преку непрофитни иницијативи и сродни проекти.
Според Page Six, Безос и Санчез донирале средства на локалните венецијански организации во април како дел од нивното планирање на свадбата. Во чест на гостите се испраќаат и донации, како симболичен подарок.
Во соопштението испратено до локалните медиуми на 19 јуни, организаторите цврсто ги негираат гласините дека Безос и Санчез ја резервирале целата градска флота на воден транспорт.
„Гласините за „заземање на градот“ се целосно неточни и спротивни на нашите цели и реалност. Ниту, пак, се нарача прекумерно количество водени такси или гондоли – бројот на резервации е пропорционален на бројот на гости“, велат од Lanza & Baucin.
Овие тврдења ги потврдија и градските власти, посочувајќи дека парот не резервирал голем број гондоли или невообичаено голем број водени такси. И покрај несогласувањата во јавноста, организаторите и властите работат заедно за настанот да се одвива мирно и без нарушување на секојдневниот живот во градот.
Забава
Џони Деп отворено зборуваше за врската со Амбер Херд и мотивот за тужбата: „Отиде предалеку“

Aктерот Џони Деп дава ретки изјави за турбулентниот однос со Амбер Херд и судењето кое со месеци беше на насловните страници низ светот. Во интервју за „Д сандеј тајмс“, тој отворено зборуваше за причините поради кои одлучил да ја претстави својата страна од приказната.
„Видете, отиде предалеку. Знаев дека ќе морам делумно да се ‘разголам’. Сите велеа: ‘Ќе помине!’ Што точно ќе помине? Ако не се обидам да ја претставам вистината, ќе изгледа дека навистина сум ги направил делата за кои сум обвинет. И моите деца ќе мора да живеат со тоа. Нивните деца. Децата што ги запознав во болниците. Затоа не се чувствував нервозен ноќта пред судењето во Вирџинија. Ако не треба да го запаметите текстот, ако само ја кажувате вистината, фрлете ја коцката“, додаде тој.
Деп потоа рече: „Знаев дека ништо од тоа нема да биде лесно, но не ми беше грижа. Ќе се борам до крај“.
Актерот се осврна и на врската со Амбер Херд.
„Ако сте будала како мене, понекогаш гледате во нечии очи и ќе забележите некоја тага, одредена осаменост – и чувствувате дека можете да и помогнете на таа личност“, рече тој.
„Но, ниту едно добро дело не останува неказнето затоа што има луѓе кои кога ќе се обидете да ги сакате и да им помогнете, почнуваат да ви покажуваат точно каква е таа непријатност, таа вознемиреност што сте ја виделе во нивните очи. Таа почнува да се манифестира на други начини“, изјави Деп.
Џони Деп и Амбер Херд се запознаа во 2009 година на снимањето на The Rum Diary, а нивната врска почна кон крајот на 2011 или почетокот на 2012. Тие се верија во јануари 2014 година, а се венчаа во февруари 2015. Се разделија во 2016 година, но тогаш започна вистинската драма.
Откако Херд напиша колумна за Вашингтон пост во 2018 година во која таа се претстави како жртва на семејно насилство, Деп ја тужеше за клевета во 2019 година, иако тој не беше директно именуван во написот. Рече дека нејзините тврдења се „категорично и демонстративно лажни“.
Херд поднесе тужба за 100 милиони долари. Судењето се одржа во 2022 година и заврши со пресуда на поротата во корист на Деп – тие му доделија отштета од 10,35 милиони долари, додека Херд доби 2 милиони долари за една од нејзините противтужби.
Забава
Кики Лесендриќ и легендарните „Пилоти“ доаѓаат на десеттиот Мото фест во Свети Николе

Десеттата јубилејна моторијада во Свети Николе носи едно од најпрепознатливите екс-ју рок имиња- „Пилоти“ и Кики Лесендриќ.
Овогодишното издание ќе се одржи во Новиот Градски Парк следната сабота, на 28 јуни во 21.30 часот.
Мото фестот со секоја година се’ повеќе станува заштитен знак на овој град во источна Македонија. Станува збор за настан кој собира илјадници посетители на добра забава со познати музички бендови од балканските простори, незаборавно дружење за моторџиите и уживање во добро пиво. Влезот е бесплатен.