Забава
Салата за рамен стомак, витаминска бомба што прави чуда

Дали сакате вашиот стомак да биде помал, вашиот струк потенок, а вашето тело без масни наслаги? Тогаш овој рецепт е идеално решение за вас.
Се јаде три дена, задолжително по ред, и идеално е да се јаде наместо вечера.
Оваа витаминска бомба ќе направи чуда за вашиот стомак, и одвнатре и однадвор. Трикот е што ќе ги исчисти мастите, наслагите и сите остатоци од вашите црева, па надуеноста ќе исчезне, а ќе изгледате многу послабо за само три дена.
Секако, важно е да не се прејадувате во текот на денот и да не јадете индустриски слатки најмалку три дена и да пиете најмалку два литри вода дневно.
Потребно е:
една зелка, две парчиња цвекло, два моркови, сок од лимон, пет лажици маслиново масло.
Подготовка:
Изрендајте ги зелката, цвеклото и морковите. Додадете неколку зачини по ваш избор, магдонос или целер, потоа измешајте го зеленчукот, исцедете ја течноста и прелијте ја салатата со сок од еден лимон. На крај, додадете маслиново масло и вашиот витамински оброк е готов.
Многу е важно да не додавате сол во салатата. Јадете секоја вечер најмалку три часа пред спиење, најмалку три дена, и веќе ќе забележите одлични резултати.
Оваа салата ќе го оживее вашето тело поради состојките кои изобилуваат со витамини, минерали, влакна и пектин, кои ќе ве заситат, ќе ви дадат енергија, ќе го подобрат варењето и ќе ги регулираат проблемите со цревата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.