Контакт

Забава

Само презентерите и номинираните лично ќе присуствуваат на „Оскарите“

Објавено пред

Како и секоја друг настан на доделување награди оваа година, така и бројот на присутни на „Оскарите“ се лимитира во екот на пандемијата, која не покажува никакви знаци на попуштање.

Промени: само презентерите и номинираните со плус едно лице во придружба ќе имаат право лично да присуствуваат на 93. церемонија „Оскари“, објави THR.com во понеделникот.

Истиот извор го цитира претседателот на Академијата за филмски уметности и науки, кој објаснил колку настанот ќе биде поинаков.

Во писмото испратено до речиси 10.000 члена на Филмската академија на САД, Дејвид Рубин, потврди дека само презентерите и номинираните со плус еден ќе бидат присутни лично на церемонијата на 25 април.

„Иако се надевавме дека пандемијата ќе биде во нашите ретровизори до април, здравјето и безбедноста на членовите на Академијата и номинираните за награди се наш главен проблем, затоа моравме да донесеме неопходни одлуки за некои од нашите очекувани настани во неделата на ‘Оскарите’“, е наведено во писмото на Рубин.

Веќе беше најавено дека 93. „Оскари“ доаѓаат на две локации – од нивниот вообичаен дом во холивудскиот театар „Долби“ и од историската „Јунион стејшн“ во центарот на Лос Анџелес.

Забава

Софија Вергара и Хајди Клум во лежерно издание за судиските должности во „Америка има талент“

Објавено пред

Тие се дел од четиричленото жири на забавното ТВ-шоу за таленти.

Sвездите на America’s Got Talent, Софија Вергара и Хајди Клум, пристигнаа во стил пред студиото за снимање во Лос Анџелес, Калифорнија.

48-годишната Софија во лежерно летно издание – бела плетена блуза во комбинација со кропнати фармерки. Ако некој во Холивуд сака да носи искинати фармерки, тогаш тоа е дефинитивно актерката Вергара. Атрактивната Колумбијка не може да го скрие својот сексапил, па дури и во секојдневна облека.

Поранешниот супермодел Хајди (47) на себе има светлозелено палто во боја на лимета со големи ревери.

Прикажи повеќе...

Забава

„Годзила против Конг“ на врвот на киноблагајните со најголема заработка од почеткот на пандемијата

Објавено пред

„Ворнер брос пикчрс груп“, една од најголемите филмски компании во светот, продолжува да докажува дека нејзинта стратегија на хибридни премиери во киносалите и на стриминг-платформата „Ејч-би-о макс“ се исплати.

„Годзила против Конг“ постави нов рекорд среде пандемија.

Чудовиштето од „Ворнер брос“ е официјално филм со најголема заработка во ерата на Ковид-19 на домашните киноблагајни завршувајќи во петокот со вкупно 60 милиони долари. Го престигна дотогашниот шампион „Тенет“ (58,2 милиони долари).

На глобално ниво „Годзила против Конг“ веќе заработи речиси 300 милиони долари ставајќи се на пат да ги надмине 363-те милиони долари на „Тенет“ во светски рамки некаде следната недела.

Минатата недела филмот со џиновското суштество го забележа најголемото деби од почетокот на  пандемијата, со 28 милиони долари за три дена (се отвори во средата, 31 март) и 31,6 милион долари за време на викендот.

На високобуџетскиот блокбастер му беа потребни само две недели да стане филм со најголема заработка за време на пандемијата на Ковид-19.

Godzilla vs. Kong, всушност, додаде 20 киносали од својот дебитантен викенд, што значи дека се прикажа во 3.084 кина.

RelishMix исто така објави дека филмот има голем напредок во активноста на социјалните мрежи, со над 500.000 нови претплатници за канали на „Ворнер брос“.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Принцот Хари ќе присуствува на погребот на својот дедо во цивилна облека

Објавено пред

Се очекува принцот Хари да не носи воена униформа на погребот на принцот Филип откога тој се повлече од своите должности во кралското семејство.

Војводата од Сасекс ја изгуби улогата на главен капетан на кралските маринци, која ја презеде од својот дедо, како и на уште две почесни воени функции. Тоа значи дека тој не може да носи официјални униформи на настапи и, најверојатно, ќе пристигне на службата в сабота во костум како и другите поранешни војници. Тоа ќе биде сосем спротивно на татко му, принцот Чарлс, и на брат му, војводата од Кембриџ, за кои се очекува да присуствуваат во воена униформа.

Принцот Ендру е единствениот постар маж кој се очекува да пристигне во костум по повлекувањето од јавната функција во 2019 година поради неговата врска со милијардерот педофил Џефри Епштајн.

Хари не се врати во Велика Британија по поднесувањето оставка од сите функции во кралското семејство пред нешто повеќе од една година.

Војводата (36) наводно отпатувал од својот дом во Калифорнија, а на неговата бремена сопруга Меган Маркл ѝ било препорачано да не лета за Велика Британија. Секако, Меган направила сè за да му се придружи на сопругот, но докторот не ѝ дал дозвола да патува.

Војводата и војвотката објавија почит кон принцот Филип на интернет-страницата на својата фондација „Арчвел“, каде што пишуваше: „Во спомен на Неговото кралско височество, војводата од Единбург, 1921-2021 година. Ви благодариме за услугата… Многу ќе ни недостигате“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 часа

(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче....

Свет5 часа

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не...

Топ7 часа

Од автомобил паркиран зад полициска станица украл службени легитимации и картичка за влез во МВР

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 47-годишник, кој на 28 март извршил тешка кражба во близина на полициската станица...

Македонија7 часа

34 починати и 193 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи...

Свет9 часа

Експертите посочуваат дека ни доаѓа нов супер коронавирус, комбинација од 18 мутации

Нов супер сој на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 мутации вклучувајќи ги таканаречените соеви на Бразил, Велика Британија...

Македонија10 часа

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев. „Кривичниот совет при Основниот...

Свет13 часа

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ до одреден степен, открива...

Македонија13 часа

Ќе се ограничат цените за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од...

Македонија13 часа

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој рече дека вакцините, кои...

Македонија13 часа

Девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро

Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро. На 12 април 2012 година, на Величетврток, беа убиени...

Свет13 часа

Научниците со охрабрувачки вести: За секој нов сој ќе имаме вакцини

Во тек е трка помеѓу вакцините против Ковид-19 и мутациите на коронавирусот кои се закануваат да ги загрозат, откриле научниците...

Свет13 часа

„Билд“: Меркел го откажала терминот за вакцинирање со „астра зенека“

Германската канцеларка, Ангела Меркел, сè уште не е вакцинирана против коронавирусот, а според весникот „Билд“, таа требало вчера да прими...

Свет15 часа

Поединци немаат чувство за вкус и мирис, дури и една година по заразата од коронавирусот

Три дена по позитивниот тест на коронавирус, сè имаше вкус на картон, се сеќава 38-годишната Елизабет Медина, која го изгубила...

Македонија17 часа

Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници што се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата...

Македонија1 ден

Притвор за шестмината приведени во акцијата со марихуана

Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во...

Македонија1 ден

Првачињата ќе учат по нова наставна програма

На предлог на Бирото за развој на образованието, во петокот Министерството за образование и наука ги усвои новите наставни програми...

Македонија1 ден

Трајче Заев: Комбето не е во сопственост на фирма на Заеви, јас сум на службено патување

Трајче Заев – братучед на премиерот, Зоран Заев, ги отфрла обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за негова поврзаност со акцијата на...

Македонија1 ден

Во болниците се лекуваат 1.699 пациенти со коронавирус, има 340 празни болнички кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и...

Македонија2 дена

(Видео) Милошоски: Македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС, откако стана извесно дека над 200 македонски...

Свет2 дена

Јужна Кореја со „Астра зенека“ ги вакцинира лицата помеѓу 30 и 60 години

Јужна Кореја продолжува со вакцинацијата на лица под 60-годишна возраст со вакцината на „Астра зенека“. Корејската агенција за контрола и...

Досие