Контакт

Забава

Северина и Грашо заедно на вечера, пејачката објави селфи

Објавено пред

Северина се пофали со фотографија со Петар Грашо

dobivaj vesti na viber

Таа го објави нивното селфи од вечера и додаде песна од Тончи Хуљиќ. Северина не откри каде се сретнале, но пејачката моментално ужива на одморот во Далмација, па може да се претпостави дека се дружеле во родниот Сплит.

Грашо и Северина се долги години пријатели, а во 2018 година објавија и дует. Грашо често ја поддржуваше пејачката додека таа проаѓаше низ битка за старателството над синот Александар, кој го доби со Милан Поповиќ.

„Не се слушаме четири месеци, па се слушаме три пати во три дена. Нè врзува нешто повеќе од тоа формално пријателство. Се знаеме 20 години и сме блиски“, изјави Грашо на почетокот на годината за нивното пријателство.

Забава

Несебични: хороскопски знаци што ги ставаат туѓите потреби пред своите

Објавено пред

Во свет кој често го нагласува индивидуализмот и личниот успех, несебичноста е особина која не потсетува на важноста на заедницата и солидарноста. Несебичните луѓе се оние кои ги ставаат туѓите потреби пред своите и ги поддржуваат другите без да очекуваат награда или признание. Еве во кои хороскопски знаци се родени таквите луѓе.

dobivaj vesti na viber

Рак
Раковите се познати по нивната емоционална длабочина и грижа. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги почувствуваат потребите на другите луѓе и да обезбедат поддршка кога е најпотребна. Со задоволство ќе ги стават туѓите потреби пред нивните, особено кога се во прашање семејството и блиските пријатели. Раковите се оние кои секогаш ќе бидат тука за да позајмат рамо за плачење и да понудат утеха во тешките моменти.

Вага
Вагите се стремат кон рамнотежа и хармонија, не само во сопствениот живот, туку и во животот на другите луѓе. Тие можат да ја видат ситуацијата од повеќе перспективи, што е корисно кога се посредуваат во конфликти. Нивната желба за мир и правда често ги мотивира да ги стават туѓите потреби пред нивните, особено кога гледаат дека некој страда или е во неволја.

Риба
Рибите се исклучително сочувствителни. Тие често се поистоветуваат со туѓата болка и страдање, што ги прави крајно несебични. Тие се подготвени да го жртвуваат своето време и ресурси за да им помогнат на оние на кои им е потребна. Нивната креативност, исто така, им овозможува да најдат иновативни начини за решавање на проблемите и поддршка на другите.

Девица
Девиците се практични и аналитички, но и исклучително грижливи. Тие често ќе ги ставаат туѓите потреби пред нивните, особено кога станува збор за помош во организација или решавање на проблеми. Девиците се оние кои ќе останат будни цела ноќ за да му помогнат на пријателот кој има потреба или да понудат совет и поддршка кога е најпотребно.

Прикажи повеќе...

Забава

Принцезата од Дубаи го остави сопругот преку „Инстаграм“

Објавено пред

Принцезата Махра, ќерката на владетелот на Дубаи, јавно го напушти сопругот оставајќи му порака на социјалната мрежа „Инстаграм“, речиси два месеца откога парот го доби првото дете.

dobivaj vesti na viber

„Драг сопругу, бидејќи ти прават друштво други, со ова објавувам дека се разведуваме. Се разведувам од тебе, се разведувам и се разведувам. Сѐ најдобро. Твојата поранешна сопруга“, напишала принцезата на „Инстаграм“, пренесува NDTV.

Оваа вест предизвика бунило на социјалните мрежи, а многумина забележаа дека парот престана да се следи на „Инстаграм“ и дека избришаа заеднички фотографии од своите профили.

Прикажи повеќе...

Забава

Хороскопски знаци што знаат сѐ за вас и пред вас: од нив ништо не можете да скриете

Објавено пред

Некои луѓе едноставно ја имаат оваа потреба да дознаат сè за некого дури и пред да слушнат информации од тоа лице. Ова се хороскопските знаци кои знаат сè за вас уште пред да зборуваат со вас.

dobivaj vesti na viber

Можеби е грубо да се каже дека демнат но не е погрешно да се каже дека тие само сакаат да знаат сè за вас. И верувајте, ќе им биде многу полесно отколку што мислите. Тие ќе дојдат до информации што и вас ќе ве изненади како е можно тоа воопшто да стигнало до нив.

Хороскопски знаци кои знаат сè за вас

Од моментот кога ќе ве запознаат, ќе се потрудат да дознаат што е можно повеќе. Понекогаш разговорите со вашите пријатели се доволни за да го постигнете тоа. Понекогаш, сепак, преземаат подрастични мерки и ги следат социјалните мрежи и деталите за вашето однесување.

Девица
Девиците кои се почитуваат себеси, се организирани, внимателни и аналитички. На некој начин, истражувањето им е вродено, па можно е да пребаруваат и собираат информации за личност од интерес, па потоа да ги подредат. Ако не се задоволат со наученото од информациите, ќе се откажат.

Близнаци
Близнаците се љубопитни за многу работи, не само кога станува збор за предметот на нивната љубовна желба. Тие едноставно сакаат да знаат сè, па многу е веројатно дека ќе ве следат на социјалните мрежи за да ги следат вашите навики и што е тоа што ве исполнува и што сакате.

Шкорпија
Претставниците на овој знак имаат „жичка“ за истражување. Освен тоа, не сакаат изненадувања, па не гледаат ништо лошо во собирањето информации што ќе ги спасат од срам. Тие ќе соберат информации за да организираат план за да ве освојат. Запомнете, тие не оставаат ништо на случајноста.

Јарец
Јарците се нешто помеѓу Девица и Шкорпија. Истражуваат затоа што какви и да се нивните чувства, нема да паднат на некој што не е вистинскиот за нив. Јарците сакаат да ги знаат работите за да ги проценат и да не губат време непотребно. Освен тоа, сакаат да бидат подготвени во се за да ја организираат тактиката што ќе ја следат за да ја постигнат својата цел.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

(Видео) Пороен дожд, грмотевици и град попладнево во Охрид, Свети Николе и Струмица

Во централниот дел од Пелагонија има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град, извести Центарот...

Топ11 часа

Почина осуденик во Идризово, телото е дадено на обдукција

Денеска во 02.08 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во амбулантата во...

Топ11 часа

Уапсен 53-годишник, извршил обљуба врз малолетник од Струмица со пречки во развојот

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 53-годишно лице од струмичко, кој се сомничи дека...

Македонија11 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 39 тони вода врз пожарот меѓу селата Драгоево и Селце

Денеска полициски воздухоплов од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици продолжи да дејствува на пожар што избувна на планината...

Македонија15 часа

Министерот Таравари именува нови директори на неколку здравствени установи

Министерството за здравство информира дека министерот д-р Арбен Таравари изминатите неколку дена именува нови в.д. директори во повеќе здравствени установи....

Македонија16 часа

„Визер“ предупредува: Патниците да пристигнуваат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет денес

Пристигнете на аеродромот најмалку три часа пред летот, апелираат од „Визер“ по денешниот ИТ-колапс. Се очекуваат потенцијални прекини поради тековниот...

Топ16 часа

Пронајдено телото на скопјанецот што се удави во Дојранското Езеро

По преземените мерки и активности, тим пожарникари од Територијалната противпожарна единица Струмица, денеска, околу 7 часот, во Дојранското Езеро го...

Македонија16 часа

(Видео) Спречена експлозија на над 80 тони гас кај поранешна „Порцеланка“ во Велес

Благодарение на брзата и пожртвувана реакција на храбрите велешки пожарникари избегната е голема трагедија во кругот на поранешна велешка „Порцеланка“...

Македонија17 часа

(Видео) Македонка загина во сообраќајна несреќа кај Лесковац: со фамилијата се враќале од одмор во Словенија

Во сообраќајна несреќа кај Лесковац едно лице загина, а тројца се повредени. Несреќата се случила кога возачот изгубил контрола над...

Македонија19 часа

Рекорден број повици од постоењето на бројот за итни случаи 112

Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие бележи рекорден број повици...

Македонија20 часа

Пожарот кај Битола локализиран, но сѐ уште постои опасност, од Пелистер е оддалечен 10 километри

Регионалниот ЦУК Битола известува дека Екипите од ТППЕ Битола, НП ,,Пелистер”, ДПД,,Арханѓел” и доброволци се повлечени од терен од пожарот...

Свет20 часа

Полицаец повреден со нож во центарот на Париз, насилникот неутрализиран

Еден полицаец е повреден во напад со нож во центарот на Париз, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен....

Македонија20 часа

Повеќе од 10 часа делови од Скопје без струја

Повеќе од 10 часа делови од Скопје се без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град....

Македонија20 часа

Костадинов заврши на инфузија, вдишал чад од пожарите

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вчера завршил на инфузија откако вдишал чад при гаснењето на пожарите. -Пожарникарите-спасители изразуваат голема благодарност...

Македонија20 часа

ЦУК: Има активни 13 пожари

Центарот за управување со кризи информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие,...

Свет20 часа

Земјотрес со јачина од 7,4 степени го погоди северниот дел на Чиле во близина на границата со Аргентина

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди северниот дел на Чиле, во близина на границата...

Македонија1 ден

13 активни пожари во државата, пожарот кај Битола е голема закана за планината Пелистер, вели Ангелов

Дождот помогна да бидат совладани неколку пожари во државата, меѓу нив и пожарот на планината Серта од страна на селото...

Топ1 ден

Загина 74-годишна жена од Скопје: со возилотo излетала од патот Стража – Гостивар

Утрово во 08.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистрален пат Стража – Гостивар, патничко возило „спарк“ со...

Топ1 ден

43-годишен маж од Скопско е човекот кој се удавил во Дојранското езеро

Денеска во 10.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран машко лице од чамец скокнало во езерото, пливало...

Македонија2 дена

Маж се удави во Дојранското Езеро, од чамец скокнал во водата, пливал кратко и исчезнал

Претпладнево, во 10.10 часот, во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранското Езеро се удавил маж. Лицето скокнало во водата...