Контакт

Забава

Седма традиционална велосипедска тура во организација на Сојузот на спортовите

Објавено пред

Ѓорги Кузмановски, претседателот на Сојузот на спортовите на Скопје, со уште еден исчекор за зајакнување на спортот во Македонија.

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, Сојузот на спортовите на Скопје, ја организира седмата велосипедска тура низ Македонија. Овој настан е под покровителство на Владата на Република Македонија и има цел да прерасне во активност што ќе го негува здравиот живот во Македонија уште многу години.

Претседателот на Сојузот на спортовите на Скопје, Ѓорги Кузмановски, на 77-годишна возраст, и Дејан Момировски, поранешен велосипедист и тренер на 50- годишна возраст, ќе ја почнат 90-километарската тура на 1 септември, сабота. Тие ќе тргнат од плоштадот Македонија во Скопје во .30 часот и очекуваат да пристигнат во Богомила во 13 часот.

Покажувајќи ја истрајноста и пожртвуваноста да ја достигнат својата цел, Ѓорги и Дејан докажуваат дека со многу мотивација и желба секој може да го постигне тоа што го сака и истовремено да ја прослави својата и независноста на државата.

Со ова Кузмановски и Момировски прават уште еден чекор за зајакнување на спортот во Македонија. Тие ги поттикнуваат сите да се впуштат во авантура што никогаш нема да ја заборават.

Од 2012 до денес ги реализирале следниве тури:

2012 Битола – Скопје 175 км
2013 Скопје – Гевгелија 165 км
2014 Скопје – Свети Николе 77 км
2015 Крушево – Скопје 152 км
2016 Штип – Струмица 110 км
2017 Маврово – Кичево – Битола 122 км

Забава

Земји што може да бидат опасни за здравјето и животот на посетителите

Објавено пред

Либија, Авганистан и Сомалија се најопасните места на Земјата според новата мапа на ризични држави за светските патници.

На оваа листа скандинавските земји Финска, Норвешка и Исланд се означени како најбезбедни места на планетата.

Кога е во прашање здравството, земји со најголеми медицински проблеми се Јужен Судан, Нигерија, Брегот на Слоновата Коска и Сиера Леоне.

Ирак е исто така означен како земја со висок ризик кога станува збор за здравствениот систем, заедно со Либан, Венецуела и Северна Кореја.

Спротивно на тоа, места со најмал задравствен ризик за туристите, односно со одличен здравствен систем, се главно оние од Европа, како и Канада, САД, Нов Зеланд и Јапонија.

Бразил, Кина и Русија се сметаат за земји каде што најбргу се развива потенцијален ризик кога во прашање се здравствените проблеми.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Вредната градинарка има повеќе од 600 растенија во својот стан

Објавено пред

Самер Реј Оукс го претвори својот стан во Бруклин во мала шума. Домот на 33-годишната претприемачка се зеленее од сите страни.

Самонаречената луда градинарка дипломирала екологија и ентомологија на Универзитетот „Корнел“. „Малиот“ проект го почнала во 2009 година кога нејзината цимерка се отселила.

„Верувам дека набавувањето нешто живо е најдобриот начин да се создаде топлина во домот. За мене тоа беше растение наместо нова цимерка“, рече Самер Рејн Оукс.

Екологистката денес има околу 670 растенија во својот стан.

Прикажи повеќе...

Забава

Црвен спортски кабриолет „мејд ин Курдистан“

Објавено пред

Двајца браќа, Камал и Оут Селим, направија осум луксузни автомобили. Деловите ги набавуваат локално, а она што им недостига сами го произведуваат.

Помладиот брат Оут Селим вели дека уживаат во својот талент: „Ние не ги прашувавме другите за помош, сакавме тоа да биде наш проект и да ја прошириме нашата фабрика. Сакаме да правиме подобри автомобили во Курдистан и луѓето тоа да го знаат“.

Почна како хоби, од љубов кон автомобилите. Тие сега добиваат нарачки.

Браќата Селим се надеваат дека еден ден, со поддршка на владата, ќе може да го прошират своето работење, па дури и да изградат фабрика за луксузни автомобили.

Најинтересното достигнување е нивниот атрактивен црвен кабриолет. Дизајнот ги комбинира елементите на италијанските производители на спортски автомобили.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Груевски е ВИП мигрант на Орбан – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето за азил на поранешниот македонски...

Македонија20 минути

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот...

Македонија3 часа

Министерот Филипче и градоначалникот Темелковски ќе се соочат со граѓаните за дислокација на Центарот за зависници

Решение на проблемот со Центарот за зависници е најдено, а на граѓаните заеднички ќе им го презентираат градоначалникот на општината,...

Регион3 часа

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е...

Крвав четврток4 часа

Јане Ченто: Ме држите 11 месеци со препишани решенија за притвор

Во Апелациониот суд во Скопје се одржа јавна седница за продолжувањето на притворот на обвинетиот Јане Ченто за настаните од...

Македонија4 часа

(Видео) Рауфи: Комуникациите не докажуваат ништо против обвинетите во „Монструм“

Убедени сме, а тоа ќе се воспостави и во текот на постапката, дека во комуникациите нема ништо што ги инкриминира...

Македонија4 часа

(Видео) Општина Центар ќе бара одговорност за случајот со бабата кај Буњаковец

Од Општина Центар преку соопштение информираа дека направени се разговорите со двајцата комунални редари и почната е постапка за утврдување...

Македонија5 часа

(Видео) Помор на риба во Охридското Езеро поради нискиот водостој

Помор на тони плашица во каналот Студенчишта во Охрид, проценуваат жителите, кои додаваат дека во близина на местото се шири...

Македонија5 часа

Запален автомобилот на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на концертот на Чолиќ

Непознати лица утрово во 3.50 часот му го запалиле автомобилот на Кристијан Стефановски, сопственикот на „Прагма продукција“, која кај нас...

Македонија6 часа

(Видео) Анѓушев по појадокот кај Курц: Ќе вложиме напори за да обезбедиме подобар живот за граѓаните

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, присуствуваше на официјалниот работен појадок што го организираше канцеларот на Австрија, Себастијан Курц,...

Регион7 часа

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово,...

Економија8 часа

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија8 часа

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија10 часа

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија10 часа

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија21 час

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт22 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа1 ден

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести1 ден

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија1 ден

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Досие