Забава
„Секс пистолс“ повторно ќе ja објават God Save the Queen пред јубилејот

Контроверзниот сингл на бендот „Секс пистолс“, God Save the Queen, ќе биде повторно објавен пред платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора.
Првично издадена за време на Сребрениот јубилеј во 1977 година, антикралската песна го споредува Обединетото Кралство со „фашистички режим“ и вели дека кралицата „не е човечко суштество“.
Во тоа време, Би-би-си и комерцијалните радиостаници ја забранија, а контролорот на „Радио два“, Чарлс Меклеланд, рече дека песната е „грубо невкусна“.
И покрај тоа, го достигна второто место на табелата за синглови во Велика Британија. Хитот на Род Стјуарт, I Don’t Want To Talk About It на Род Стјуарт тогаш беше на врвот на топ-листата на синглови.
Имаше шпекулации и тогаш и сега дека топ-листите биле манипулирани со цел да се спречи антикралската песна да биде број еден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Наоми Кембел воодушеви со својот изглед во Кан, но момчето со кое дојде останува енигма

Меѓу многуте ѕвезди што годинава дојдоа на Канскиот филмски фестивал е и славната манекенка Наоми Кембел.
Наоми пред три дена пристигна во Франција, а папараците ја уловија во градот Антиб, каде што престојува со маж, чиј идентитет не е познат.
Со неа и со непознатиот маж е и нејзината едногодишна ќерка, која вешто ја крие од очите на јавноста. Тие беа фотографирани додека шетаат во лежерно издание.
Инаку, таа се појави и на црвениот тепих во раскошна креација на модната куќа „Валентино“ привлекувајќи ги погледите на присутните.
Човекот со кој шеташе низ градот не се појави со неа на црвениот тепих.
Да потсетиме, Наоми минатата година стана мајка и ги изненади сите со веста дека се породила бидејќи не се знаело ни дека е бремена. На почетокот на оваа година манекенката откри дека ќерка ѝ не е посвоена, како што многумина шпекулираа. Сепак, Наоми сè уште не открила кој е таткото на девојчето.
Забава
Џони Деп на суд: Тврдењата на Херд се сурови и лажни

Актерот Џони Деп во средата повторно сведочеше во рамките на судскиот спор против поранешната сопруга Амбер Херд.
Деп се врати како сведок за да го побие тврдењето на Херд во судската битка за клевета потенцирајќи дека наводите за злоупотреба што таа ги изнесе против него се незамисливо брутални, сурови и лажни.
Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ (58) ја тужи Херд и бара отштета од 50 милиони долари бидејќи го клеветела кога тврдела дека трпи семејно насилство. Херд (36) поднесе контратужба за 100 милиони долари поради тоа што Деп и неговиот адвокатски тим ја нарекуваат лажга.
Во средата Деп и неговите адвокати се обидуваа да го побијат сведочењето на Херд дека физички и сексуално ја малтретирал повеќепати пред и за време на нивниот брак, кој заврши во 2017 година.
Забава
Деми Ловато најавува нов сингл

Деми Ловато соопшти дека ќе објави нов сингл, Skin of My Teeth.
Хитмејкерката ги потврди шпекулациите на социјалните мрежи дека ќе го објави главниот сингл на својот осми студиски албум – кој има исто име како и водечката нумера – и покрај тврдењата дека ја остава музиката зад себе.
Откако еден фан напиша на „Твитер“: „Skin of My Teeth е водечка според улиците“, тоа предизвика коментар од друг фан, кој праша: „Која улица“. Коментарите го привлекоа вниманието на поп-ѕвездата, која се приклучи, пишувајќи: „Мојата улица“.
Деми претходно откри дека многу се гордее на новата музика што ја создава додавајќи дека е апсолутна најдобра досега.