Забава
Селена Гомез проговори по номинациите за „Златен глобус“, за малку ќе заплачеше
Објавени се номинациите за 82. доделување на наградите Златен глобус што ќе се одржи на 5 јануари. Филмот Емилија Перез води во номинациите. Крими комедијата, во режија на Жак Аудиар, доби десет номинации.
Во филмот играат Селена Гомез, Зое Салдања, Карла Софија Гаскон, Едгар Рамирез и други. Селена Гомез е номинирана за најдобра споредна женска улога во филм и најдобра главна женска улога во серијата Only Murders in the Building.
Таа се огласи преку Инстаграм за номинациите и не криеше колку е среќна за филмот Емилија Перез и нејзините колешки кои исто така беа номинирани. Карла Софија Гаскон е номинирана за најдобра актерка во филм, а Зое Салдања е во конкуренција со Селена за најдобра споредна женска улога. Номинација доби и режисерот Жак Аудиар.
„Честитки за моите од филмот Емилија Перез. Зое Салдања, да!!!” напиша таа на својата приказна на Инстаграм. На следната приказна, таа објави видео како го гледа преносот на номинациите. „О Боже мој“, извика додека ја држеше раката над устата. За малку ќе заплачеше од среќа.
„Не знам ни што да напишам. Толку сум горда на Зои Салдања и благодарна сум за номинацијата, чест ми е“, додаде таа. Селена објави и колку е горда на номинациите кои ги доби серијата Only Murders in the Building.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Игор Карачиќ победата над Исланд ја прослави со бакнеж со сопругата Душица
Ракометната репрезентација на Хрватска го совлада Исланд со 32:26 во натпреварот од второто коло од Групата 4, втората фаза на Светското првенство. Игор Карачиќ емотивно ја прослави победата, со бакнеж од сопругата Душица, објави Индекс.
Најголема поддршка во кариерата на Игор е неговата сопруга Душица Андоновска, Македонка со која 36-годишниот ракометар стапи во брак во 2021 година.
Двојката се запозна додека Игор настапуваше за ракометниот клуб Вардар. Тие беа разоткриени од македонските медиуми, а набргу потоа и Игор ја потврди врската на социјалните мрежи.
Тие се верија во 2020 година, а Игор на Инстаграм објави фотографија од прстенот што го носи Душица.
Забава
(Фото) Ријана ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, позирајќи во долна облека
Познатата пејачка Ријана (36) објави неколку заводливи фотографии за да ја прикаже најновата колекција на нејзиниот бренд Savage X Fenty.
Музичарката и успешна претприемачка позираше во сензуална долна облека и ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи.
Носеше црно боди од тантела со извезени рози кои ја истакнаа нејзината фигура, а комбинацијата ја комплетираше со црни потпетици.
Забава
Ким Кардашијан изгуби илјадници следбеници поради една објава за Меланија
Бројот на следбеници на Ким Кардашијан (44) на Инстаграм е значително намален и сето тоа поради една објава. Имено, многу луѓе и замериле на Ким што почнала да споделува содржини со политички призвук. Таа неодамна сподели фотографија од Меланија Трамп, првата дама на САД.
Објавата предизвика лавина реакции, а многу коментари беа негативни. За само неколку минути дури 150.000 луѓе решиле да ја отпратат, пренесува Дејли Мејл.
Таа моментално има околу 358 милиони следбеници на својот Инстаграм профил. Според маркетинг агенција специјализирана за инфлуенсери, овој пад се смета за „загрижувачки“. Ким се уште јавно не се изјаснила кого поддржувала на изборите – Доналд Трамп или Камала Харис. Но, некои веруваат дека сега работите се појасни. Од друга страна, многумина истакнуваат дека Ким само сакала да го пофали модниот избор на Меланија.