Забава
Семејство од Кичево изгреба стан во Скопје на инстант-лозот „Доме, сладок доме“

Наташа и Валентино Тренeски од Кичево својата среќа ја најдоа на продажното место „Детелинка“, каде што на инстант-лоз „Доме, сладок доме“ добија стан во Скопје со големина од 59 квадрати со гаража.
Младото семејство од Кичево брои вкупно четири члена: Наташа, Валентино, 3-годишната Меланија и 4-месечното бебе Даријан.
Иако не се големи трагачи по среќата преку игрите на среќа, при прошетките, на минување покрај продажното место Детелинка, не пропуштаат, а да не купат барем по еден инстант лоз.
На една од семејните пролетни прошетки, со Даријан во количка, купиле еден лоз „Доме, сладок доме“, го ставиле во количката, со намера да го изгребат дома, но го заборавиле.
Така Дарјан неколку дена им го чувал лозот, на којшто кога виделе дека има добивка од 100 денари се договориле Валентино да појде и да го замени.
Заменетиот лоз Валентино го изгребал на продажното место. Откривањето на добитниот број токму во полето на станот од 59 метри квадрати, толку го изненадило што му требало време да поверува и покрај тоа што на продажното место му потврдиле дека лозот е добитен. Потоа, среќен се јавил на сопругата, а таа насмеано мислејќи дека е шега, го прекинала разговорот.
По период на подготовка на комплетната документација, станот е веќе на име на добитниците.
Би потсетиле дека сите добивки -станови, се со пресметани и платени давачки. Добитниците без никакви обврски го добиваат документите и клучевите, а потоа останува само да се вселат.
Наташа и Валентино со двете дечиња дојдоа во Скопје, го видоа својот стан и при прошетката низ него ни ја раскажаа среќната приказна и не ја криеја својата возбуда. Наташа конечно сфати дека Валентино не се шегувал со неа, иако тие, како на шега, освоија стан во Скопје за само 100 денари. Нека им се со среќа.
Ова е втор од 5-те среќни станови, во среќната зграда на улица Методија Шаторов Шарло, во Скопје, во населбата Аеродром. Добивката е втора по големина на инстант лозот „Доме, сладок доме“ со вкупна вредност од 5 237.031 денар колку што изнесува станот од 59 квадрати и гаражата од 21 квадрат, со сите платени давачки.
Стан за само 100 денари – да, и тоа е можно со Државна лотарија.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Тргнете им се од патот: хороскопски знаци кои се многу нервозни кога надвор е пекол

Сонце и коктели за многумина значи само едно – лето. Но, додека некои хороскопски знаци уживаат во секој зрак, или барем се прилагодуваат на условите, други се претвораат во движечки бомби на раб на експлодирање.
Ако ги сретнете додека асфалтот е жежок, а климатизацијата во јавниот превоз не работи, можеби е најдобро да го свртите погледот, да се засолните во сенка и да почекате температурата да падне.
Четири хороскопски знаци кои едноставно не ја сакаат топлината.
Овен
Овните се огнени знаци, но кога температурата ќе надмине 30 степени, нивната внатрешна лава бара излез.
Овнот не може да поднесе бавност, а летото го наметнува од сите страни. Ако технологијата исто така го изневери, мобилниот телефон се прегрее или клима уредот во автомобилот одлучи да штрајкува, би можеле да бидете сведоци на кратко, но незаборавно губење нерви.
Рак
Раковите се суштества на домот и удобноста. Нивната идеја за лето вклучува затемнета соба, вентилатор и постојан проток на ладна лимонада. Кога треба да излезат и да се соочат со жештината на градот, нивното ниво на раздразливост се зголемува пропорционално со УВ индексот.
Ако сепак мора да чекаат во ред на сонце или да носат ранец што им се лепи за грбот, пасивно-агресивниот коментатор за сè и сешто може да излезе од милиот Рак. Тоа не значи дека не ве сака, само го мрази животот во моментот.
Девица
Девиците се познати по својата љубов кон редот, чистотата и организацијата. А летото? Летото е нивниот кошмар. Луѓето се потат, распоредите доцнат, панталоните се лепат за столот. Сè е лепливо, бавно и неуредно.
Кога Девица ќе види некој како влегува во климатизирана просторија и не ја затвора вратата брзо, можеби ќе почувствувате како ледениот поглед ве сече како нож. Не е дека Девицата не го сака сонцето, само кога е филтрирано низ прозорец и не ја нарушува нејзината внимателно избалансирана температура на телото и душата.
Шкорпија
Шкорпиите имаат длабоко вкоренет инстинкт за контрола, и кога е жешко, сè им бега. Пот? Не можам да го контролирам. Гужва на плажа? Не можам да ја избегнам. Луѓе што им дишат во вратот во јавниот превоз? Директно од пеколот. Сето ова води до потисната фрустрација која не треба многу за да се прелее.
Доволно е некој случајно да ги допре со влажно рамо и нивната вербална отровна стрела може да ја погоди дури и најневината жртва. Тие не се зли, само го сакаат своето место под клима уредот.
Забава
Концерт на групата „Гром“ во „Хераклеја“, специјален гостин Ален Славица

Македонската група „Гром“ со концерт на 2 јули на „Хераклеја“ ќе одбележи јубилеј, 45 години на музичката сцена.
„Гром“ се присутни на македонската музичка сцена од младинските рок гитаријади во 70-те, до Скопскиот фестивал, Мак Фест итн.
Концертот ќе почне во 21 часот, а настанот е во рамките на БИТ ФЕСТ 2025.
Специјален гостин на концертот ќе биде познатиот хрватски пејач Ален Славица.
Влезници по цена од 300 преку мкtickets, како и на билетарата на Хераклеја.
Забава
Знаци што покажуваат дека не внесувате доволно протеини

Често слушаме колку е важно да внесуваме доволно протеини, но многу луѓе сè уште се прашуваат дали ги задоволуваат своите дневни потреби.
Протеините се клучни за поправка на клетките, одржување на мускулите, хормонска функција и имунитет.
Ако не внесуваме доволно, може да се појават разни симптоми, кои често се игнорираат или им се припишуваат на други причини. Препорачаното дневно внесување е 0,8 грама на килограм телесна тежина, но вистинските потреби зависат од возраста, нивото на активност и од здравјето.
Луѓето во одредени животни фази, како што е перименопаузата, честопати имаат потреба од поголемо внесување. Нутриционистите Ребека Блејк, Тамар Самуелс и Даниел Пашко објаснуваат кои знаци може да укажуваат на недостиг на протеини.
Постојан глад
Ако не внесуваме доволно протеини, можеме да се чувствуваме како постојано да сме гладни, вели Самуелс.
„Зголемениот апетит може да биде природен начин на телото да се обиде да го зголеми внесувањето протеини за да ги задоволи своите нутритивни потреби“, објаснува таа за Параде.
Глад може да се појави и ако внесуваме доволно калории, но не доволно протеини.
Проблеми со косата, ноктите и со кожата
Бидејќи косата, ноктите и кожата се направени од протеинот кератин, недостигот може да предизвика видливи промени. Пашко истакнува дека недостигот на протеини може да доведе до опаѓање на косата и кршливи нокти, а Блејк додава дека кожата може да стане сува.
Според „УКЛА хелт“, сето ова се индикатори за недостиг на оваа важна хранлива материја.
Ненамерно губење тежина
Кога на телото му недостигаат градежните блокови за одржување на мускулната маса и на ткивото, може да се случи ненамерно губење тежина.
„Луѓето што јадат малку протеини често губат тежина иако не сакаат, што укажува на недоволно внесување“, истакнува Самуелс.
Блејк додава дека ниските нивоа на протеини исто така може да предизвикаат губење на мускулите, што дополнително влијае на телесната тежина.
(Фото: ЕПА)