Забава
Семјуел Џексон најмногу сака да чита Ди-си стрипови
Легендата на филмскиот универзум на „Марвел“, Семјуел Л. Џексон, преферира да чита DC-стрипови отколку Марвелови приказни.
73-годишниот актер го портретира Ник Фјури во повеќе филмови на „Марвел“, но кога станува збор за читање авантури на суперхерои, тој секогаш се свртува кон DC, домот на Бетмен, Супермен, Аквамен, Вондервоман и други.
Тој призна: „Јас сум љубител на стрипови, па така отсекогаш читав стрипови. И, за волја на вистината, не ги ни читам стриповите на „Марвел“. Кога открив дека сум Ник Фјури, само што се видов, си помислив: што правам на оваа корица?“
Во поткастот Happy Sad Confused, запрашан дали некогаш би глумел во филм на „Ди-си комикс“, ѕвездата на Pulp Fiction („Евтини приказни“) рече дека не е сигурен затоа што не е голем обожавател на многу од филмовите на „Ди-си екстендид јуниверс“.
„Актерите се платеници. Тоа е она што го правиме. Глумиме за тие што треба да глумиме. Но, не знам дали некогаш ќе прочитам DC-сценарио што ќе ме натера да одам, да, ова е наркотик,“ рече Џексон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Пред 10 години велеше дека е дебела и дека страда, а денес нејзината топлес фотографија го обиколува светот
Пејачката Кристина Агилера (45), сопственичка на големи хитови, од кои еден е „Genie In A Bottle“, се бореше со вишок килограми десет години, што често водеше до остри коментари и столб на срам, а дури еднаш рече: „Дебела сум, помирете се со тоа!“.
Сепак, пред некое време таа им застана на патот на сите критики ослабувајќи повеќе од 20 килограми и враќајќи се на сцената во полн сјај, потсетувајќи нè на периодот на почетокот на нејзината кариера, кога беше заводлива русокоса и сон на многу мажи.
Кристина Агилера сега ја покажа својата неверојатна трансформација, како дел од Неделата на модата во Париз, кога позираше топлес и доби многу комплименти за нејзиниот сегашен изглед.
Таа носеше само драматично, широко црно здолниште и впечатлив накит во форма на ѓердан и обетки, а рацете ѝ ги покриваат голите гради.
Со оваа слика, таа се огласи од „Градот на светлината“ и предизвика голем ентузијазам кај своите следбеници и обожаватели.
Забава
(Фото) Најубавите сијамски близначки ги тераат луѓето да „ја изгубат главата“: дали се производ на вештачка интелигенција или се вистински
Социјалните медиуми се преполни со објави за сијамските близначки од Мајами, кои станаа актуелна тема, но се поставува и прашањето – дали навистина постојат или се производ на вештачка интелигенција?
Сијамските близнаци, Валерија и Камила, наводно имаат 25 години и се најубавите споени близначки во светот, иако никој не е сигурен дали навистина постојат.
Нивните профили на социјалните мрежи се едни од најследените, луѓето им оставаат разни коментари, но нема друга трага од нив на интернет, освен она што го објавуваат на Инстаграм. Затоа постои сомневање дека сè е вештачка интелигенција, но вие проценете сами.
Очигледно, кога еднаш одговориле на прашањата на фановите, откриле некои детали за себе, како и дека имале неуспешни операции и дека е невозможно да се разделат бидејќи се поврзани преку ‘рбетниот мозок.
Нивниот најголем проблем е што имаат различни вкусови за мажи, па затоа им е тешко да излегуваат со ист партнер. Близначките исто така открија дека не можат да делат гардероба, имаат два телефона, различни лични карти и редовно одат во теретана, иако често се расправаат.
Судејќи според коментарите, но и според нивните совршени фотографии, сè повеќе луѓе мислат дека близначките се „измислени“ и дека вештачката интелигенција има удел во ова.
„Ова е толку очигледно“, „Невозможно е некој навистина да поверува во ова“, „Можете да видите дека се генерирани“, „Страшно, како да сме во хорор филм“, беа само некои од коментарите.
Забава
(Видео) Едно излегување – милион воздишки: Сè гори поради фустанот на Марго Роби
Австралиската актерка Марго Роби покажа нешто сосема поинакво по улогата на Барби во истоимениот филм. Прекрасната русокоса сега го игра ликот на Кетрин Ерншо во филмот „Wuthering Heights“, а на премиерата во Лос Анџелес буквално ги остави сите без здив.
Margot Robbie arrives to the “Wuthering Heights” premiere in LA. pic.twitter.com/yh6QutL3Wi
— Variety (@Variety) January 29, 2026
Марго Роби позираше во нереален фустан направен од проѕирен, тесен корсет со чипка, кој продолжува во драматично здолниште во црна и црвена боја. Моделот го потпиша модната куќа „Schiaparelli“.
Сепак, вистинскиот спектакл го создаде дијамантскиот ѓердан „Таџ Махал“, кој ѝ припаѓаше на Елизабет Тејлор и чија вредност се проценува на околу осум милиони долари.
Роби носеше светкав привезок во облик на срце високо на вратот, додека златен ланец се спушташе по грбот.
Елизабет Тејлор го доби овој познат ѓердан како подарок од својот петти сопруг, Ричард Бартон, пред 54 години, по повод нејзиниот 40-ти роденден, а денес е едно од најпрепознатливите парчиња од легендарната колекција накит на познатата холивудска ѕвезда.
Заедно со неа, на црвениот тепих беше и Џејкоб Елорди, колега од филмот, кој исто така блескаше на свој начин. За свечената премиера, тој избра импресивно црно одело.

