Забава
Сем Хјуган е фаворит на фановите за следниот Џејмс Бонд

Шкотскиот актер oд „Странец“ (Outlander), кој претходно бил на аудиција за да го глуми тајниот агент 007 во 2006 година, но загубил од Даниел Крег, сега води во најновата анкета во која одговараа речиси 80.000 фанови од целиот свет. Резултатите покажуваат дека 30 отсто од тие што гласале сакаат тој да ја преземе функцијата 007.
Тим Гленфилд, главен уредник и директор на RadioTimes.com, кој го спроведе истражувањето, рече: „Сем е очигледно многу популарен кај фановите, а оваа победа ја зацврстува неговата позиција како еден од главните фаворити за оваа најпожелна филмска улога“.
„Со многуте неверојатни таленти што ќе го наследат Даниел Крег, Сем сигурно има силна конкуренција – но, ова големо гласање за доверба сигурно ќе биде земено предвид од страна на продуцентите на ‘Бонд 26’“.
Актерската легенда Том Харди се најде на „далечното“ второ место со 14 проценти од гласовите (речиси двојно помалку од Сем), а sвездата на Man From UNC.L.E, Хенри Кевил, е трет фаворит со 11 проценти.
Идрис Елба го зазеде четвртото место со 10 проценти од гласовите, а Том Хидлстон ги заокружи првите пет фаворити со пет проценти.
Читателите на „Радио тајмс“ доставија сугестии и предлози на „Твитер“, од кои 20 кандидати во потесен избор, вклучувајќи и две актерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Дојде и тој ден: конечно ги покри градите

Се чини дека популарната актерка повторно е во центарот на вниманието поради својата облека, но ова не се очекуваше.
По Венецискиот филмски фестивал, на ред дојде и Филмскиот фестивал во Торонто. Веќе имавме можност да ја видиме гламурозната креација на Сидни Свини, а сега се чини дека популарната актерка повторно е во центарот на вниманието, и повторно поради нејзината облека.
Сидни се појави на гала вечерта на фестивалот во „необична“ креација – невообичаена за нејзините стандарди.
Честопати сме ја виделе фаталната русокоса во атрактивни комбинации кои привлекуваат погледи и воздишки, но се чини дека овој пат решила да ги прикрие своите најголеми адути – нејзините гради.
Сидни носеше елегантен миди фустан во црна боја кој ја истакнуваше нејзината витка фигура и природна убавина, а стајлингот го комплетираше со едноставна шминка во земјени тонови и брановидна фризура.
На црвениот тепих ѝ се придружи нејзиниот поранешен вереник Џонатан Давино, и се чини дека поранешните љубовници сакаа да им дадат до знаење на сите дека меѓу нив нема „лоша крв“.
Сега прашањето е – па, дали е вистина?
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Вечерва завршува AERO Street Food Festival

По три дена исполнети со рекордна посетеност, одлична атмосфера и незаборавни гастрономски искуства, денеска во парк „Авионче“ – Општина Аеродром ќе се одржи последниот ден од првото издание на AERO Street Food Festival.
Во изминатите три дена, илјадници посетители уживаа во специјалитети од најпознатите брендови за улична храна, во музички настапи и забавни предизвици кои го раздвижија Скопје. Фестивалот се покажа како вистинска атракција за сите генерации и потврди дека ваков настан одамна му недостасуваше на овој дел од Скопје, велат од општина Аеродром.
Денеска сите љубители на добрата храна и урбаната забава имаат уште една можност да бидат дел од овој единствен гастро спектакл.
Програмата, празнично ќе кулминира со настапи на Southpark, Dj Foodieman, Dj Ficho и други активности што ќе го заокружат фестивалот на најдобар можен начин. Фестивалот се реалзиира со поддршка на општина Аеродром.
Забава
Познатиот актер конечно призна дека имал афера: го чинеше скапо – беа уништени два брака

Џон Малкович конечно призна дека имал афера со актерката Мишел Фајфер. Но, тоа го чинеше скапо, вели тој.
Сè се случило за време на снимањето на филмот „Опасни врски“, каде што Џон Малкович го играше шармантниот Валмон, а Мишел Фајфер ја играше Мадам де Турвел. Хемијата меѓу нив беше забележителна, но никој не можеше да верува дека нивните емоции се вистински.
Малкович во тоа време беше во брак со актерката Глен Хедли, додека Фајфер беше во брак и со актерот Питер Хортон. Славниот актер сега, по толку години, призна во подкастот „Fashion Neurosis“ дека аферата го чинела скапо.
„Тоа не е тема за која некогаш сум зборувал. Во овој бизнис, брзо формирате емоционални врски со луѓето, а понекогаш тие прераснуваат во нешто повеќе. Имав врска со Мишел која беше длабока и посебна, но не бев фер. Изгубив одличен колега“, рече актерот, според Дејли Меил.
„Научив дека е потешко да се најде одличен колега од сè друго. Откако таа врска ќе стане повеќе од само пријателство, тешко е некогаш да се врати.“
Малкович се разведе од Глен Хедли истата година кога филмот беше објавен, во 1988 година. Денес, Џон живее со италијанската продуцентка Николета Пејран, со која има две деца.
По разводот од Хортон, Мишел Фајфер се омажи за телевизискиот продуцент Дејвид Е. Кели во 1990 година, со кого има две деца.
фото: принтскрин