Контакт

Забава

Серена Вилијамс ги разнежни обожавателите со фотографијата на нејзината ќерка

Објавено пред

Серена Вилијамс пред една година за првпат стана мајка. Со сопругот Алексис Оханиан доби ќерка која ја нарекоа Алексис Олимпија, која оттогаш стана центар на нивниот свет.

И покрај тешката бременост, познатата тенисерка е неизмерно среќна поради мајчинството и редовно им открива на навивачите како се справува со новата улога. Во исто време, таа се фокусираше на враќањето на теренот и брзо се врати во форма и играше на најважните тениски терени во светот.

View this post on Instagram

Thank you to the incredible @virgilabloh

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams) on

На својот последен натпревар, Американката носеше специјално изработен костим од популарниот дизајнер Вирџил Абло, кој се состоеше од мини црно здолниште и горен дел без ракав.

View this post on Instagram

“Did Momma win?”

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams) on

Истата верзија можеме да ја видиме и на едногодишната ќерка на познатата тенисерка, така што може да се претпостави дека Серена својата единица ќе ја насочи кон спортот. Слаткото девојченце позира за фотографијата на Инстаграм покрај детска количка во розова боја.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Јосипа Лисац објави фотографија што разбуди носталгија кај колегите

Објавено пред

Од

На официјалниот профил на музичката ѕвезда беше објавена фотографија од минатите времиња и нејзината дружба со колегите Тони Цетински, Масимо Савиќ и Дадо Топиќ. Овој убав спомен создаден во 1997 година пред концертната изведба на рок-операта „Губец-бег“ ги одушеви пејачите, но и нивните следбеници на социјалните мрежи.

Koncertna verzija Gubec Bega(1997) Prepoznajete li ih? Massimo (Official), Tony, Josipa i Dado 😊🎹🎼🎤

Gepostet von Josipa Lisac am Montag, 17. September 2018

„Време кога луѓето, едноставно, се сакаа, поддржуваа и се почитуваа меѓусебно. Благодарам, Јосипа Лисац. Прекрасно сеќавање на изведбата во живо на легендарната рок-опера ‘Губец-бег’“, напиша Тони Цетински кај кого оваа фотографија предизвика чувство на носталгија.

„Времето лета, (фото)спомените извираат. Благодарам за ова изненадување, Јосипа Лисац!“, ѝ порача Масимо Савиќ на својата сакана колешка Јосипа Лисац, една од најголемите хрватски уметници.

Прикажи повеќе...

Естрада

Оскаровката призна: Имам направено пластични операции и сега се каам поради тоа

Објавено пред

Од

Иако за неа подолго време се шпекулира дека има направено многу пластични операции, оскаровката Џејн Фонда конечно го потврди тоа.

Осумдесетгодишната актерка Џејн Фонда, која е позната и како голем љубител на фитнесот, неодамна призна дека направила неколку пластични операции. Таа истакнала дека го направила тоа за да го ублажи уморниот изглед.

„Драго ми е дека изгледам добро за моите години, но имам пластични операции. Нема да лажам. Ми здодеа да личам како да сум постојано уморна, дури и кога не бев“, рекла Фонда.

Сепак, таа додала дека не е горда на тоа што го коригирала лицето на овој начин.

„Од една страна го мразам фактот што сакав физички да се сменам за да се чувствувам подобро. Би сакала да не е така. Сакам постари лица, лица кои се живи. Го сакам лицето на Ванеса Редгрејв. Би сакала да бев похрабра, но не сум“, рекла актерката.

Прикажи повеќе...

Здравје

Британските стручњаци предупредуваат: Јогуртите содржат повеќе шеќер од газираните пијалаци

Објавено пред

По анализите направени на повеќе од 900 јогурти на британскиот пазар, стручњаците предупредуваат дека многу од нив се преполни со шеќер и дека јавноста не смееe да се залажува дека консумира здрави производи.

Тим истражувачи утврдиле дека таканаречените органски јогурти биле меѓу најзасладените и содржеле повеќе шеќери на 100 грама производи од газираните пијалаци. Само природните или грчките јогурти можеле да се класифицираат во пијалаци со помалку шеќер.

Според резултатите на истражувањето објавено во списанието БМЈ Опен, најмногу шеќер содржат таканаречените јогурт десерти – просечно 16,4 грама во 100 грама производи. Во таа категорија се вбројуваат и производите како чоколадниот мус.

Втори на листата на најслатки јогурти се органските, кои просечно имаат 13,1 грам шеќер во 100 грама производ. Детските јогурти просечно содржат 10,8 грама на 100 грама производи, што одговара на количина од две коцки шеќер, утврдило истражувањето.

Само за споредба, 100 грама газирана кола-кола содржи 9 грама шеќер.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток10 часа

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток11 час

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Македонија17 часа

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ18 часа

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија19 часа

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија21 час

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија22 часа

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија22 часа

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија23 часа

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија23 часа

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет23 часа

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија1 ден

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Македонија1 ден

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Вести2 дена

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион2 дена

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија2 дена

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија2 дена

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија2 дена

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија2 дена

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија2 дена

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Досие