Контакт

Забава

Сер Дејвид Атенборо се придружи на Инстаграм за да предупреди дека светот е во неволја

Објавено пред

Познатиот британски исражувач сер Дејвид Атенборо за првпат се пријави на Инстаграм со цел да ја сподели неговата порака за заштита на животната средина.

„Го правам овој потег … затоа што, како што сите знаеме, светот е во неволја“, рече тој во својата прва видеопорака на социјалната мрежа.

„Континентите горат. Глечерите се топат. Коралните гребени умираат … Списокот продолжува и продолжува”, рече истражувачот.

„Спасувањето на нашата планета сега е комуникациски предизвик.“

За еден час по неговата прва објава, познатиот ветеран водител веќе стекна повеќе од 200.000 следачи.

Тенисерот Енди Мареј, фитнес-тренерот и нутриционист Џо Викс беа меѓу оние кои објавија пораки за добредојде.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Кортни Кардашија ја има најдобрата недела во својот живот

Објавено пред

Таа ѝ се придружи на својата сестра Ким Кардашијан на тропски одмор откако минатата недела го прослави својот 40-ти роденден.

Кортни Кардашијан изгледаше како да ја сака секоја секунда од своето тропско бегство. Во понеделникот сподели секски фотографија во бикини на Insta Stories.

41-годишната sвезда на „Дружење со семејството Кардашијан“ го покажа задниот дел на телото додека се релаксира покрај водата во костим за капење со зебрест принт.

Во описот на објавата, таа напиша: „Најдобрата недела во мојот живот“.

Прикажи повеќе...

Забава

Норвешката принцеза Марта Луиз снима нова реална серија

Објавено пред

Принцезата Марта Луиз од Норвешка може да додаде нова титула на својата листа со признанија: ТВ-реална ѕвезда.

49-годишната Марта во понеделникот објави дека моменно снима нова реална серија со наслов „Марта“, која ќе се емитува на норвешката „ТВ 2“ во 2021 година.

Серијата ќе им даде увид на фановите во нејзиниот личен живот, вклучувајќи ја и нејзината врска со американскиот духовен водич, шаманот Дурек.

Принцезата минатата година ја шокира јавноста кога на социјалната мрежа објави дека е во врска со шаманот Дурек кому вистинското име му е Дерек Вaрет (45). Принцезата не кажа како се запознале, но наводно се во врска веќе две години.

Британските весници пишуваа дека Марта била привлечена од духовноста на шаманот.

„Јас сум јавна личност, а печатените медиуми пишуваат многу за мене. Оваа серија е можност да го покажам мојот живот на поинаков и нов начин“, рече Марта.

Норвешката ТВ-мрежа им ветува на гледачите средба како никогаш порано со Марта следејќи ја внимателно и приватно и на работа.

Таа додава дека најважната работа што ја прави е да биде присутна за ќерките – 17-годишната Мод, 15-годишната Леа и 12-годишната Ема.

Нивниот татко Ари Бен изврши самоубиство на Божик, две години по разделувањето на парот по 15 години брак.

Прикажи повеќе...

Наука

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Објавено пред

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е најдоцен период досега во кој мразот сè уште не е формиран.

Климатскиот научник Захари Леби од Државниот универзитет во Колорадо сподели низа графикони на социјалните мрежи, со кои што објаснува дека Арктикот поминува низ историски настан и дека количината мраз во моментот е најмала забележана количина во овој период.

„Количината оваа есен е апсурдна, мора да обрнеме внимание на овие показатели за климатските промени“, објави тој на „Твитер“.

Арктичкиот морски мраз обично ја достигнува најниската точка во септември, највисоката во март, а Леби истакнува дека дебелината на морскиот мраз е исто така под просекот, пишува „Индипендент“.

Активистите за заштита на животната средина и чуварите на природата предупредуваат дека недостигот на мраз не е само знак на трагични климатски промени, туку дека може да влијае на животот во морето бидејќи мразот носи со себе хранливи материи за арктичкиот планктон.

Виновник за тоа што морето не е доволно студено за замрзнување е невообичаено топлото време на северот на Русија и сибирскиот топлотен бран од изворот, како и глобалното затоплување.

Формирањето мраз на сибирскиот Арктик значително забави во последните години, а 2020 е најлоша од 2018 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија2 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука4 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија4 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија5 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија5 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Македонија6 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион6 часа

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица...

Регион6 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет7 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божикни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет7 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа7 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Македонија16 часа

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест на Ковид-19. „Би сакал да...

Свет18 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа20 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија21 час

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија1 ден

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија1 ден

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа1 ден

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет1 ден

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Досие