Забава
(Видео) Се нуди награда од 60.000 евра за изгубената овца Беенкси
Засолништето за животни во Западен Кејп, Јужна Африка, нуди вредна награда за информации поврзани со нивната овци, по име Беенкси, која последен пат била видена на 1. февруари.
Животното го добило името по познатиот британски уметник Бенкси, а е позната по нејзините слики кои носат значителен приход во засолништето.
Сликарскиот дел не е шега, а едно од делата на Беенкси е продадено за околу 1.800 евра.
„Тоа неделно утро нè посети семејство од Британија кое сакаше да инвестира во уметност. Меѓутоа, никаде не можевме да го најдеме Беенкси. Мислевме дека се крие, а малку подоцна ја алармиравме полицијата“, велат од прифатилиштето.
Тие велат дека очајно се обидуваат да дознаат каква било информација и нудат награда од 60.000 евра.
„Дали се работи за кражба или некоја злонамерна шега, не знаеме“, велат тие.
Franschhoek Police detectives are probing a case of stock theft after the world’s only painting sheep has gone missing. Farm Sanctuary SA, which is home to “Banksy” is offering a reward of R1.2 million. #smile904fmnews 📷📹: supplied pic.twitter.com/T68I15QACT
— Smile90.4 FM (@Smile904FM) February 13, 2025
Додаваат дека наградата е голема, бидејќи губењето на Беенкси е како губење на член на семејството..
Сопствениците на засолништето веруваат дека Беенкси научила да слика гледајќи го Пигкасо, свиња тешка 700 килограми од Јужна Африка, чии слики се продадени за милиони ширум светот.
„Беенкси е единствената овца во светот што може да слика“, велат тие.
Локалната полиција истражува и кражба на добиток, по исчезнувањето на талентирана овца, но засега нема новини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

