Забава
Се ожени со проститутка, водeшe паралелен живот и ги направи едни од најдобрите автомобили
Енцо Ферари, за чиј живот Мајкл Ман снима биографски филм, беше еден од најпознатите автомобилисти на сите времиња и основач на автомобилската империја „Ферари“, а поради својот бурен живот, им беше миленик на таблоидите.
Енцо е роден на 18 февруари 1898 година во италијанскиот град Модена. Уште од мал бил фасциниран од автомобилскиот свет и ги сакал брзината и адреналинот што ги чувствувал додека возел. На 19-годишна возраст бил повикан да служи во Првата светска војна, каде што бил автомеханичар.
По војната, се вратил во Торино и се вработил во „Фиат“, но набргу добил отказ. Почнал да се движи во друштво на луѓе вклучени во светот на автомото-трките. Следно вработување му било во „Алфа Ромео“. Почнал да се натпреварува на трки и рели и да освојува титули и натпревари, но сакал да стане претставник за продажба на „Алфа Ромео“.
Во тоа време ја запознал и својата прва сопруга Лаура Доменика Гарело, член на богато семејство од Торино, и во неа видел можност да ги реализира своите деловни можности. Иако имало шпекулации дека е проститутка, парот се венчал во 1923 година, а Енцо еднаш рекол дека не му е важно што работи Лаура сè додека покрај себе има жена што ќе му помогне во неговиот деловен успех.
Бракот бил проблематичен од самиот почеток, а бидејќи мајката на Доменика и Енцо не се согласувле добро, работите станале уште полоши кога таа почнала да живее со нив. Енцо се посветил на работата и набргу го дизајнирал првиот тркачки ѕвер за „Алфа Ромео“ – моделот „П1“, претходник на „Формула 1“.
Со текот на времето Енцо Ферари стана лидер на тимот возачи основајќи го тимот на „Скудерија Ферари“ за „Алфа Еомео“.

Тој ја напушти „Алфа“ во 1937 година и основа своја компанија – Auto Avio Costruzioni, која произведуваше делови за фашистичката влада на Мусолини за време на Втората светска војна и го дизајнира првиот автомобил „ферари“, Auto Avio Costruzioni 815.
Тој изградил фабрика во гратчето Маранело, недалеку од Модена, и така ја запознал Лина Ларди, со која се впуштил во страсна врска и добил вонбрачно дете, синот Пјеро. Енцо имал две семејства во ист град, а Доменика и Лина не се познавале.
Енцо сè повеќе поминувал време со другото семејство. Ја напуштил Доминика. Сепак, брачната двојка никогаш не се развела, а долгиот и тажен брак од повеќе од 50 години завршил со смртта на Доменика во 1978 година.

Енцо никогаш не се пензионира, до неговата смрт беше главниот човек на „Ферари“ и секогаш го задржа својот дух како тркачки ентузијаст. Тој почина во 1988 година опкружен со семејството и пријателите на 90-годишна возраст оставајќи зад себе една од најголемите автомобилски империи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Селена Гомез му ги бакна стапалата на Бени Бланко во неговиот подкаст, бројни реакции
Пејачката и актерка Селена Гомез предизвика реакции на социјалните мрежи откако во најновата епизода од подкастот „Friends Keep Secrets“ му бакна стапало на својот сопруг, музичкиот продуцент Бени Бланко.
Во текот на разговорот, Гомез седела на подот во дневната соба, додека Бланко бил на каучот со ногата потпрена на масата. Во еден момент таа се наведнала и му го бакнала прстот на ногата.
Бланко се пошегувал со водителите и рекол дека му се допаднал гестот, додавајќи дека го разубавил неговиот ден.
Снимката предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи, каде дел од корисниците ја нарекоа „одвратна“ и „непријатна“.
Контроверзијата се појави и поради претходна епизода од подкастот, во која Бланко ги покажал своите стапала, кои дел од гледачите ги оценија како нечисти. Тој подоцна во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ се бранеше дека има „одлични стапала“.
Селена Гомез и Бени Бланко се во врска од 2023 година, а се венчаа во 2025 година.
Забава
Хејли Бибер: Докторката ме советуваше да не останам бремена, но јас останав
Манекенката Хејли Бибер откри дека нејзината прва бременост со синот Џек Блуз, кого го има со сопругот Џастин Бибер, била целосно неочекувана.
Во подкастот „SHE MD“ таа раскажа дека лекарите претходно ја предупредиле дека поради септум на матката може да има проблеми со забременување и дека можеби ќе биде потребна мала операција пред да планира деца.
„Реков дека не размислувам за бременост во тој момент, а потоа – како по чудо – останав бремена“, изјавила 29-годишната манекенка.
View this post on Instagram
Лекарката објаснила дека септумот е вродена аномалија при која ткиво ја дели матката, што може да го зголеми ризикот од спонтан абортус или предвремено породување.
И покрај ризиците, бременоста поминала добро.
View this post on Instagram
На крајот, Хејли и Џастин, кои се во брак од 2018 година, добиле здраво дете, а манекенката вели дека најмногу ужива во времето поминато со својот син.
Фото: depositphotos
Забава
Меган Фокс се врати на „Инстаграм“ со провокативни фотографии
Актерката Меган Фокс се врати на „Инстаграм“ по пауза и објави серија фотографии во провокативно готик издание.
Таа позираше во црн краток топ што го открива стомакот и минијатурната танга, во комбинација со чорапи до бутовите со подвезици и високи платформи. Во описот напиша: „Сè е поубаво затоа што сме осудени на пропаст“.
View this post on Instagram
Нејзиниот поранешен свршеник, музичарот Машин Ган Кели, остави коментар под објавата: „Воодушевен сум што го имам твојот телефонски број“.
Ова е нејзина прва објава по паузата што ја направи по раѓањето на четвртото дете, ќерката Сејџ Блејд Фокс-Бејкер.
Според извори за списанието „Пипл“, Фокс и Машин Ган Кели, кои наводно раскинале во 2024 година, сега се фокусирани на заедничкото родителство и грижата за ќерката.

