Забава
Се омажи најубавата жена на светот: поранешна српска снаа отпатува на луксузна дестинација и кажа „да“
Една од најубавите жени на светот, Адријана Лима, неодамна го кажа судбоносното „да“ на приватна церемонија почнувајќи нов животен чекор со својот партнер Андре Лемерс.
Оваа поранешна српска снаа, која со години е во центарот на вниманието како супермодел и икона за убавина, сега одбележа уште еден важен момент во својот живот. Иако венчавката се одржа во интимен амбиент, Адријана преку социјалните мрежи сподели само малку среќа со обожавателите откривајќи го првиот детаљ од денот на својата венчавка. На фотографијата што ја сподели Адријана и Андре се држат за рака, а околината во заднина, песочен пејзаж, јасно укажува дека се одлучиле за романтично свадбено патување.

Прстенот, кој ѝ го красеше прстот, не беше само парче накит, туку вистинско уметничко дело, големо и впечатливо, со совршен дијамант, кој неодоливо блескаше. Неговата големина и раскош никого не оставаат рамнодушен, а луксузот што го носи не може да се спореди со ништо. Овој луксузен прстен јасно го отсликува софистицираниот стил и статус на Адријана, кој со текот на годините го стекна како една од најценетите модели во светот. Со својот уникатен дизајн и беспрекорниот дијамант, прстенот ги симболизира љубовта и посветеноста, но и луксузната иднина што тие сега ја градат заедно.
Овој брак доаѓа по неколку години среќа и љубов, која Адријана и Андре ја изградија заедно.
Љубовта меѓу нив стана јавна во 2021 година кога првпат се појавија заедно на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција. Врската со Андре Лемерс означи нов почеток за Адријана, која претходните години минуваше низ љубовни и животни предизвици. Низ сето тоа Андре стана нејзина поддршка, а нивната љубов, се чини, секој ден стануваше сè посилна.
Во меѓувреме, парот доби син, што само дополнително ја зацврсти нивната врска и создаде основа за нивното семејство. Сега љубовта меѓу Адријана и Андре и официјално е крунисана со брак, а на нивната среќа ѝ нема крај. На социјалните мрежи следуваа многубројни честитки и пораки со љубов од пријателите, семејството и обожавателите, кои со ентузијазам ја дочекаа оваа радосна вест.
Претходно, Адријана Лима беше во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ. Се венчаа во 2009 година на Денот на заљубените, а се разведоа во 2014 откако Марко призна дека извршил неверство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

