Забава
Сиена Милер за врската со 15 години помлад маж: Тој беше премлад за мене, но сепак се заљубив
Британската актерка и модел Сиена Милер (42) е во врска со музичарот Оли Грин (27), а сега во интервју за „Харпер базар“ зборуваше за нивната врска и за тоа како, всушност, се запознале.
Имено, тие се запознале на забава по повод Ноќта на вештерките, а набргу почнале да излегуваат. Не очекувала дека ќе се заљуби во него, особено поради големата разлика во годините.
„Дефинитивно, не очекував дека двајцата ќе завршиме заедно, тој беше премлад за мене, но потоа многу бргу се заљубив во него. Никогаш не размислував за тоа дека можам да имам помлад партнер. Всушност, сето тоа ми беше доста тешко“, рече Сиена.
Сепак, таа признава дека била пријатно изненадена од врската со 15 години помладиот партнер.
„Има разлика во начинот на кој таа генерација мажи ги почитуваат жените. Тоа е специфично за него, тој е многу мудар и добро приспособен и, верувам, целата негова генерација. Пораснаа со малку поеднакви услови. Го гледам тоа кај неговите пријателки, како и кај мажите“, вели таа.
Двојката го доби своето прво дете на крајот на минатата година. Името на девојчето сè уште не е откриено. Сиена вели дека не ја планирале бременоста, туку дека ќерка ѝ долго време сакала брат или сестра. Сиена од претходната врска со актерот Том Стариџ ја има ќерката Марлоу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Четири хороскопски знаци ќе имаат голема парична добивка до крајот на месецот
Влеговме во сезоната на Стрелец, а Плутон е во Водолија, така што положбата на планетите ќе одговара на одредени знаци од Зодијакот и тие ќе можат да заработат многу пари.
Во неделата што претстои се движи и ретроградниот Меркур, па затоа треба да внимаваме на проценките, особено кога се во прашање парите.
РАК
Треба да ја искористите добрата позиција на планетите до крајот на месецот, за да преговарате за поголема заработка. Лавот може да биде одличен деловен партнер.
ШКОРПИЈА
Сезоната на Стрелец ви носи планина пари. Имате можност да остварите голем профит. Може да биде и зголемување на платата.
ВАГА
Марс во Лав и вам ви одговара, па ќе влезе во нов партнерски бизнис кој може да ви донесе солидна заработка. Плутон во Водолија може да донесе богатство во следните неколку години.
ДЕВИЦА
Ќе бидете наградени за напорната работа на работното место. Имате можност вашето хоби да го претворите во сериозна работа.
Забава
„Тажни се“: родителите на Бред Пит се загрижени дека никогаш повеќе нема да ги видат своите внуци
Родителите на Бред Пит, Вилијам и Џејн, наводно се многу тажни бидејќи осум години немаат никаков контакт со внуците. Тие некогаш беа важен дел од нивниот живот, но поради долготрајната правна битка помеѓу Бред и Анџелина Џоли, нивната врска со внуците е целосно прекината.
Бред и Анџелина имаат шест деца, Шајло (18), близнаците Нокс и Вивиен (16) и три посвоени деца, Медокс (23), Пакс (20) и Захара (19). По нивниот развод, децата повеќе не се во контакт со татко им.
Сега извори откриваат дека Вилијам и Џејн се загрижени оти можеби никогаш повеќе нема да поминат време со своите внуци.
„Родителите на Бред Пит не ги виделе своите сакани внуци околу осум години поради разводот и правната битка меѓу Бред и Анџелина“, изјавил извор за „Дејли мејл“.
Пред да се распадне нивниот брак, Вилијам и Џејн беа голем дел од животот на своите внуци и често беа видени како уживаат во времето заедно.
„Пред разводот поминуваа многу време заедно. Тажно е што веќе не е така. Не само што е тажно што децата не го гледаат својот татко, туку уште потешко е што бабата и дедото немаат контакт со внуците“, тврди извор близок до семејството Пит.
Вилијам (83) и Џејн (84) последен пат беа видени со своите внуци во 2014 година на премиерата на филмот на Анџелина, Unbroken. Во тоа време родителите на актерот зборуваа гордо за Анџелина, а Џејн изјави: „Ние многу се гордееме со Енџи. Ова значи многу за нашето семејство, особено за нашите внуци. Ја сакаме до бескрај“.
Забава
(Видео) Анџелина Џоли објасни зошто нејзините деца водат многу приватен живот
Холивудската актерка Анџелина Џоли (49) гостуваше во популарната емисија „Добро утро, Америко“. Таму таа откри зошто нејзините деца, кои ги посвоила и ги родила за време на врската и бракот со Бред Пит, живеат далеку од очите на јавноста.
„Ниедно од моите деца не сака да биде пред камера во моментот. Тие се прилично повлечени. Не се родени со приватност, нели? Се надевам дека ќе може да ја имаат кога ќе пораснат“, рекла актерката.