Забава
Силвестер Сталоне се враќа во „Чувари на Галаксијата 3“

Силвестер Сталоне, кој кратко се појави како Стакар Огорд во „Чувари на галаксијата 2“, откри дека ќе се врати во третото продолжение.
На почетокот на објавата на својот инстаграм-профил, Сталоне напиша: „Еве ме на снимањето на Guardians of the Galaxy. Подолу во објавата тој покажува камери од 360 степени, дизајнирани да ги снимаат сите изрази на лицето. Овој вид камера овозожува лицето да може да се реплицира дигитално.
Во режија на Џејмс Ган, кој ги режираше и претходните два филма од серијалот, во третото продолжение ќе глумат Крис Прат, Зои Салдања („Одмаздници: Крај на играта“), Дејв Батиста („Армија на мртвите“), Карен Гилан (Spies in Disguise), Пом Клементиеф (Avengers: Infinity War) и Шон Ган („Одред самоубијци“).
Третото продолжение на динамичната филмска сага најверојатно ќе ги продолжи авантурите на тимот што патува низ вселената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Хју Грант го доби својот ден на суд против весникот на Мардок

Тврдењата на британскиот актер Хју Грант дека новинари на „Сан“ користеле приватни истражители за да го прислушуваат неговиот телефон и да ја ограбат неговата куќа може да одат на судење, но неговите наводи за пресретнување на говорната пошта се изнесени предоцна, пресуди Високиот суд во Лондон.
Грант, заедно со синот на кралот Чарлс, принцот Хари, го тужи „Њуз груп нузпејперс“ (НГН) на Руперт Мардок за широко распространето наводно незаконско собирање информации за кои Грант тврди дека биле извршени во име на неговиот таблоид, „Сан“.
Судијата Тимоти Фенкорт во писмената одлука прецизира дека наводите на Грант за следење на говорната пошта, односно хакирање на телефонот, се надвор од шестгодишното временско ограничување за правна постапка.
Но, судијата нагласи дека прашањето дали наводите на Грант за прислушување фиксни телефони, благирање, кражба и инструкции до приватни истражители да направат нешто од ова биле донесени предоцна мора да се утврди на судење што треба да се одржи во јануари 2024 година.
А Грант рече: „Задоволен сум што на мојот случај ќе му биде дозволено да оди на судење и тоа е она што отсекогаш сум го сакал – затоа што е неопходно вистината да излезе на виделина за активностите на ‘Сан’“.
„Како што јасно покажува мојот случај, наводите одат многу пошироко и подлабоко од пресретнување говорна пошта“, додаде тој.
Повеќето медиуми ја објавија веста со наслов „Всушност, судење“ алудирајќи на божиќниот класик „Всушност, љубов“ (Love Actually) во кој глуми Грант.
Забава
Готвач мавтал со нож дома кај Бенедикт Камбербеч

Британскиот актер Бенедикт Камбербеч и неговото семејство биле изложени на закана од готвач со нож додека биле дома.
Џек Бисел, поранешен главен готвач во луксузен хотел, упатил серија закани кон актерот откога упаднал во неговиот дом во северен Лондон.
Бисел (35), кој во судот не понуди никакво објаснување за своето однесување, му кажал на актерот: „Знам дека се пресели овде – се надевам дека ова место ќе изгори до темел“.
Бенедикт, неговата сопруга Софи Хантер и нивните три деца – Кристофер, Хал и Фин – биле дома кога Бисел упаднал во нивниот имот и го откорнал домофонот од ѕидот пред да почне со заканите кон филмската ѕвезда.
Тој на крајот побегнал, но полицијата успеала да го пронајде со помош на ДНК-докази.
Бисел се појави во судот „Вуд грин крун“ во Лондон претходно месецов, каде што призна дека извршил казниво дело. Поранешниот готвач е казнет со 250 фунти и тригодишна забрана за приоѓање.
Забава
Џони Деп ги презакажа концертите поради фрактура на глуждот

Џони Деп презакажа серија концерти откога претрпе фрактура на глуждот.
Холивудската ѕвезда (59) се огласи на социјалните мрежи за да ги открие вестите за својата повреда и да ги потврди презакажаните датуми за турнејата на својот бенд „Холивуд вампајрс“ во САД.
Џони, кој свири во бендот заедно со Алис Купер и Џо Пери, напиша на „Инстаграм“: „Драги мои пријатели, жал ми е што морам да кажам дека го скршив глуждот и многу е тешко!!! Сè почна како мала повреда, но некаде помеѓу Кан и ‘Ројал Алберт хол’ стануваше полошо отколку подобро. Неколку медицински експерти препорачаа да избегнувам секаква активност во моментот и затоа, за жал, не можам да патувам“.
„Поради ова, на момците и на мене многу ни е жал што нема да се видиме во Њу Хемпшир, Бостон и во Њујорк, но ветувам дека ќе ви донесеме неверојатно шоу на сите во Европа, а подоцна ова лето ќе го донесеме нашето апсолутно најдобро на источниот брег и ќе им надоместиме на оние што платиле за овие настапи!!!“
Џони потоа ги потврди презакажаните датуми на турнејата за крајот на јули.