Забава
Синот на Роберт Редфорд почина по долга борба со рак
Синот на актерската легенда Роберт Редфорд, Џејмс Редфорд, почина на 58-годишна возраст по долга борба со рак на црниот дроб.
Џејмс почина во својот дом во округот Марин, Калифорнија, а веста ја потврди неговото семејство со емотивна објава на социјалните мрежи. Џејмс се борел со примарен склерозирачки холангитис речиси 30 години – ретка автоимуна болест што го погодува црниот дроб. За ракот дознал минатата година кога чекал во болницата за трансплантација.
Портпаролот на неговиот татко Роберт (84), рече:
„Тагата е неизмерна со загубата на дете. Џејмс беше син, сопруг и татко кој ги сакаше сите. Неговото наследство живее преку неговите деца, уметноста, снимањето филмови и посветената страст за зачувување и животната средина”.
„Џејми почина денес. Срцето ни е скршено. Живееше убав живот и многумина го сакаа. Ќе ни недостасува длабоко. Како негова 32-годишна сопруга, јас сум најмногу благодарна за двете убави деца што ги одгледавме заедно. Не знам што би правеле без нив во изминативе 2 години“, напиша неговата сопруга на „Твитер“.
Jamie died today. We’re heartbroken. He lived a beautiful, impactful life & was loved by many. He will be deeply missed. As his wife of 32 yrs, I’m most grateful for the two spectacular children we raised together. I don’t know what we would’ve done w/o them over the past 2yrs. pic.twitter.com/ynDN2jSZ04
— kyle redford (@kyleredford) October 16, 2020
Борбата на Џејми со здравјето започна како дете кога тој доби две трансплантации на црн дроб во 1993 година. Потоа го основал Институтот за свесност за трансплантација „Џејмс Редфорд“, со цел да ги едуцира луѓето за донирање органи и ткива.
Подоцна, заедно со неговиот татко Роберт, беше коосновач на непрофитниот центар „Редфорд“, чија цел е да продуцира филмови, па дури и да им дава грантови на режисерите кои се фокусираат на животната средина и климата, во надеж дека ќе најдат решение за климатските промени.
Роберт го доби Џејмс од бракот со Лола ван Вагенен, со која беше во брак од 1958 до 1985 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

