Контакт

Забава

Синот на Шварценегер снима филм на Хаваи

Објавено пред

Џозеф Баена, син на холивудскиот ветеран Арнолд Шварценегер, сподели фотографија направена зад сцената на филмот „Лава“, кој моментно се снима во Хонолулу, Хаваи.

Баена најави дека ќе се појави во претстојниот филм со објава на својот инстаграм-профил претходно оваа недела. А сега 24-годишникот ја покажа својата импресивна фигура на тропската локација.

Џозеф исто така напиша кратка порака во која истакна: „Со нетрпение чекам да почне снимањето на Lava со тимот на @bitflixnfts!“ Многу од следачите на социјалните мрежи во делот за коментари фигурата на Баена ја споредија со онаа на татко му.

Lava, кој се снима на Хаваи, се смета за прв филм целосно финансиран од криптовалути.

Забава

Почина рокерот Мит Лоуф

Објавено пред

Mит Лоуф, пејачот чиј албум Bat Out Of Hell е еден од најпродаваните на сите времиња, почина на 74-годишна возраст.

Веста ја потврди неговото семејство на Фејсбук-страницата на ѕвездата.

„Нашите срца се скршени да објавиме дека неспоредливиот Мит Лоуф почина вечерва со сопругата Дебора покрај него“, се наведува во објавата.

„Ќерките Перл и Аманда и блиски пријатели беа со него во последните 24 часа. Знаеме колку тој значеше за толку многу од вас и навистина ја цениме сета љубов и поддршка додека поминуваме низ овој момент на тага поради губењето на еден таков инспиративен уметник и прекрасна личност.“

Музичката легенда продаде 100 милиони албуми ширум светот, а се појави и во филмови како Fight Club, Rocky Horror Picture Show и Wayne’s World.

Еден од неговите најголеми хитови I’d Do Anything for Love (But I Won’t Do That), му донесе „Греми“ награда за најдобра рок-изведба.

Прикажи повеќе...

Забава

Рики Џервејс се понуди да биде домаќин на „Оскарите“ бесплатно, но под еден услов

Објавено пред

Британскиот комичар Рики Џервејс се понуди да биде домаќин на „Оскарите“ без никаков хонорар – но само ако може да каже што сака.

Креаторот на After Life призна дека не мисли дека некогаш од него би било побарано да ја води наградната церемонија бидејќи неговата комика е премногу контроверзна, но тој би ја искористил шансата ако му понудат таква можност и му ја дадат истата слобода како на „Златните глобуси“ во пет наврати.

Во разговор со „Д’ Вју“, тој рече: „Можеби ќе ми дозволат ако го правам она што ми е кажано. Но, тука е проблемот.“

„Добрата работа за ‘Глобусите’ беше што рекоа дека можам да пишувам свои шеги, да кажувам што сакам, а не да вежбам. А тоа е премногу добро за комичар да го одбие,“ рече Џервејс, додавајќи дека „Оскарите“ никогаш нема да му ја дозволат таа слобода. „ И со право! Мислам дека би биле луди!“

Прикажи повеќе...

Забава

Бонг Џун Хо и Роберт Патинсон се здружуваат за научнофантастичен филм

Објавено пред

Потребни му беа две години за да го смисли својот следен проект по освојувањето „Оскар“ во 2020 година, а сега се чини дека режисерот на „Паразит“, Бонг Џун Хо, го пронајде својот следен филм и, потенцијално, ѕвездата на филмот.

Во моментот Бонг е во преговори да напише и режира научнофантастичен филм за „Ворнер брос“, заснован на претстојниот роман на Едвард Ештон, „Мики 7“.

Ѕвездата на „Бетмен“, Роберт Патинсон, е во преговори да ја преземе главната улога. Бонг исто така ќе го продуцира неименуваниот филм за својата продукциска куќа „Офскрин“ за Kate Street Picture Company и Plan B.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Плевнелиев: Не сакаме да ги внесеме Тито и Сталин во ЕУ

Северна Македонија не ги спроведе потребните реформи за почеток на преговори со Европската Унија. Македонските тајни служби се огранок на...

Топ1 час

Момчето што вчера беше прегазено на „Партизанска“ е отпуштено од болница, возачот сѐ уште е во полиција

Возачот на возраст од 22 години, кој управуваше со автомобилот „ситроен“, и натаму се наоѓа во полициска станица, каде што...

Топ2 часа

Нова трагедија кај Струма: возач загина во сообраќајна несреќа со македонски камион

Возач на автомобил загина по сообраќајна несреќа што се случила со македонски камион на патот помеѓу Благоевград и граничниот премин...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на предвремени избори, од СДСМ велат дека барањето е од пуста желба за власт

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска порача дека е неопходно да се одржат предвремени парламентарни избори. Тие инсистираат на брзи избори, без...

Македонија3 часа

Снег и забрана за товарни возила на дел од патиштата

Утрово, поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила кај планинскиот премини Стража, патниот правец Деве...

Свет4 часа

Властите во Калифорнија предлагаат тинејџерите да се вакцинираат без согласност од родителите

Калифорнија треба да дозволи вакцинација на деца на возраст од 12 и повеќе години без согласност од родителите, предложи синоќа...

Македонија16 часа

Загина 24-годишна девојка – автомобил ја прегази на пешачки пред Сити мол

Загина 24-годишна девојка откако вечерва беше прегазена на пешачки премин во близина на Сити мол во Скопје. Девојката преминувала улица...

Економија17 часа

ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија

Владата донесе одлука за обезбедување дополнителни количини топлинска енергија во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. „...

Свет18 часа

Бајден со нова закана кон Путин: Русија ќе плати висока цена

Американскиот претседател Бајден рече дека јасно му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека секое движење на руските воени сили...

Свет18 часа

Шведска ги менува препораките – лицата со слаби симптоми на настинка не мора ни да се тестираат

Под силен притисок од ширењето на омикрон и зголемениот број на заразени и здрави, но изолирани, кои почнаа да ги...

Македонија21 час

Нови 13 починати и 1.172 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.021 тестови,...

Македонија22 часа

(Видео) Катица Јанева сака лично да ги следи судењата во кои Камчев ѝ бара да му врати дел од милионот

Експецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева, има желба и самата да присуствува на судењата против неа, Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец,...

Македонија23 часа

Камчев не сака Кичеец да му врати дел од милионот, парите ги бара од Јанева, Боки-13 и државата

Бизнисменот Орце Камчев нема да бара од Зоран Милевски-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, да му врати дел од 1,5 милион...

Свет24 часа

Си-ен-ен: Папата Бенедикт XVI знаел за злоупотребата на деца во Црквата

Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештеници што злоупотребиле деца додека тој бил надбискуп во Минхен од 1977 до 1981 година,...

Македонија1 ден

Бектеши: Нема да се намалува топлината на парното

Министерот за економија, Крешник Бектеши, тврди дека нема да се скратат часовите во кои скопјани ќе добиваат топлинска енергија. Од...

Македонија1 ден

Радев: Има позитивни сигнали од посетата на Кирил Петков во Скопје, но да не ги заборавиме главните прашања

Секој чекор што ја продлабочува нашата врска мора да биде поддржан, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, прашан за посетата на...

Свет1 ден

Москва одговори на заканите на Бајден: Санкциите повеќе ќе ја погодат Америка отколку Русија

Забраната на руските банки да користат долари повеќе ќе ѝ нанесе удар на Америка отколку на Русија бидејќи големите светски сили,...

Свет1 ден

(Видео) Еколошка катастрофа во Перу – по ерупцијата во Тонга, дошло до силно излевање нафта

Властите во Перу соопштија дека излевањето нафта кај брегот на земјата предизвикало еколошка катастрофа. Имено, од рафинеријата „Ла Пампила“ протекоа...

Спорт1 ден

Ѓоковиќ ќе ја тужи Австралија за 3.800.000 евра

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе ја тужи Владата на Австралија. Ѓоковиќ. во неделата, беше депортиран од Австралија. Федералниот суд...

Европа1 ден

Британскиот министер за здравство: 20.000 луѓе годишно умираат и од грип, па не ја затвораме земјата

Британија мора да научи да живее со Ковид-19 бидејќи болеста може да остане меѓу нас засекогаш, рече британскиот министер за...

Досие