Забава
Скарлет Јохансон има едно главно правило во воспитувањето на својата ќерка Роуз

Скарлет Јохансон го коментираше начинот на кој ја воспитува својата ќерка Роуз Дороти, која ја доби со поранешниот сопруг Ромен Доријак.
Во интервју за InStyle, актерката откри дека Роуз изразила желба да прави видеа за козметичкиот бренд на нејзината мајка. Но, Скарлет одбила, велејќи дека повеќе и’ дава приоритет на анонимноста на нејзините деца отколку што сака да биде „кул мајка“.
„Работата за да се биде јавна личност е дека идејата да се биде препознаен и славен е забавна, но не можете да ја вратите во шишето“, коментира актерката, додавајќи дека славата доаѓа со големи загуби.
„Зачувување на нечија приватност се додека тоа не стане негов избор, тоа е она што секогаш го правам во воспитувањето на моите деца“, истакна таа.
Покрај ќерката Роуз, Скарлет го има и синот Космо, кој го доби со сегашниот сопруг, американскиот комичар Колин Џост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, пробајте го овој зелен пијалок

Состојките се многу евтини, а подготовката трае само 5 минути.
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, сè што треба да направите е да промените една навика, вашата утринска, за да го забрзате метаболизмот и да ослабете. Тоа е пијалок направен од само 2 состојки – магдонос и лимон.
Оваа течност ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, да ја елиминира надуеноста, да ги разгради масните клетки, да го стимулира мочниот меур да работи подобро и да ги исфрли токсините од вашето тело.
Состојки:
– 1 лимон
– 60 г магдонос
– 60 мл вода
Подготовка:
Исцедете го сокот од лимонот и исечкајте го магдоносот. Ставете ги во чаша и прелијте ги со вода.
Примена: Секогаш пијте го овој напиток на празен стомак. Консумирајте по една чаша дневно 6 дена, потоа направете пауза од 10 дена, а потоа можете да почнете одново.
Ќе забележите резултати по само еден месец.
Забава
(Фото) Лавица на теренот, супермодел надвор од него

Арина Сабаленка ужива во летниот одмор во Грција, од каде објави фотографија во бикини и за многу кратко време успеа да стане главна тема.
Тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка, нижи успеси на теренот, па по финалето на Ролан Гарос одлучи дека е време за пауза.
Таа повторно ја избра Грција како своја летна дестинација, поточно прекрасниот Миконос, а друштво и прави нејзиниот партнер, Јоргос Франгулис, успешен бизнисмен кој претходно живеел во Бразил.
Како што еднаш откри, Грците ја освоиле со својата топлина, гостопримство и одлична клима, па затоа нема намера да го промени местото за одмор.
Во серија фотографии од нејзиниот одмор, онаа во бикини привлече најголемо внимание, а луѓето ѝ рекоа во коментарите дека изгледа подобро од кога било и дека треба почесто да објавува такви фотографии.
Забава
(Фото) Кралицата Летиција го носи најубавиот летен фустан

Кралицата Летиција од Шпанија е вистински синоним за совршена елеганција. Без разлика кое годишно време е, таа знае како да доминира.
Неодамна таа воодушеви со својот избор на пролетна облека, а сега можеме со сигурност да кажеме дека има и совршена летна облека за сите пригоди.
Летиција блескаше во миди бел фустан без ракави со висока јака. Материјалот беше особено впечатлив поради својата текстура, а кралицата додаде црн ремен за да ја истакне нејзината зачудувачка фигура.
Едноставни црни чевли со отворена потпетица беа нејзин избор овој пат и повторно Летиција не направи ни најмала грешка.
Таа додаде пар висечки обетки и многу лесна шминка, истакнувајќи ја својата природна убавина.