Забава
„Сквид гејм“ го собори „Бриџертон“ од првото место на „Нетфликс“

Сите претпоставуваа, но сега е официјално: Squid Game стана најголемото лансирање серија досега на „Нетфликс“.
Јужнокорејската драма ја гледале 111 милиони корисници во првите 28 дена, со што „Бриџерттон“ (82 милиона) падна од првото место.
Потпретседателот на „Нетфликс“ за содржини во Кореја, Југоисточна Азија, Австралија и на Нов Зеланд изјави дека успехот на серијата е „над нашите најлуди соништа“.
Минјанг Ким за Си-ен-ен рече: „Кога почнавме да инвестираме во корејски серии и филмови во 2015 година, знаевме дека сакаме да создадеме приказни од светска класа за фановите на к-содржина во делови на Азија и во светот.
„Денес, Squid Game проби преку нашите најлуди соништа“.
Дистописката серија од девет епизоди, која дебитира во септември, ја раскажува приказната за група натпреварувачи што учествуваат во серија детски игри. Има награда од 45,6 милијарди корејски вони (28 милиони фунти), што не звучи многу лошо додека не сфатите дека ако изгубите, ќе бидете убиени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Анистон вежба во 3 часот наутро за да ја одржува витката фигура

Џенифер Анистон се смета за една од најубавите жени во Холивуд и покрај тоа што наполни 53 години.
Ѕвездата на „Пријатели“ се појавува и во филмовите „Објектот на мојата наклонетост“, „Рок ѕвезда“, „Семоќниот Брус“, „Марли и јас“ и други. Иако е позната по својата глума, таа е добро позната и по добрата исхрана и здрав начин на живот.
Џенифер го започнува денот со строга утринска рутина пред да вежба, пренесуваат шоу-биз медиуми, додавајќи дека таа постојано ја усоврши својата рутина за здравје и благосостојба.
Џенифер се фокусира на убавината, исхраната, вежбањето и менталното здравје, а сето тоа започнува со нејзината утринска рутина во 3 часот наутро., според Women’s Health. Кога се буди наутро, таа го започнува својот ден без мобилен телефон.
„Не гледам во мојот телефон барем првиот час по будењето. Менталната разлика што ја прави негледањето во телефон влијае на целиот ден“, изјави Анистон за „Вог“ во една прилика.
Веднаш штом ќе стане, пие кафе и почнува со медитација, пишува дневник и вежба пред да се впушти во дневните активности.
Според Prevention, Анистон, исто така, ја прави својата рутина за нега на кожата, која вклучува хидратантна крема и заштитен фактор, за да ја одржува кожата младешка и здрава.
Таа во неколку прилики нагласи дека нејзината рутина за вежбање станала важна основна во нејзиниот живот.
Некои таблоиди тврдат дека Џенифер вежба до седум дена во неделата, што изгледа претерано. Дури и на ѕвездите им требаат денови за одмор. Сесиите траат до час и половина и варираат во интензитет.
Забава
Шерон Стоун го краси црвениот тепих на годишната гала на Клајв Дејвис

Шерон Стоун ги привлече сите погледи на себе кога пристигна на годишната гала на Клајв Дејвис, која традиционално се одржува во Лос Анџелес еден ден пред доделувањето на Греми-наградите.
64-годишната актерка од „Ниски страсти“ изгледа модерно и елегантно во розов костим украсен со тил на саботниот настан што ги собра ѕвездите на Холивуд.
Цртите на лицето, кои видно им пркосат на годините, ги истакна со блескава палета на шминка.
Изгледот го комплетира со раскошен сребрен ѓердан, а таблоидите коментираат дека зрачи со самодоверба додека позира пред камерите.
Забавата позната како Pre-Grammy Gala е меѓу последните настани што се одржуваат во текот на неделата на „Греми“, а која кулминира со најголемата вечер во музиката.
65. доделување на Греми-наградите се одржи синоќа во арената „Крипто“ во Лос Анџелес.
Забава
(Видео) Антонио Бандерас открива дека неговиот лик во „Индијана Џонс 5“ е сојузник

Мачорот во чизми на Антонио Бандерас ги натера гледачите да молат за милост, но неговиот лик во „Индијана Џонс и бројчаник на судбината“ не е само со остри заби и канџи.
Во интервју за „Инсајд тотал филм“, Бандерас открива дека неговиот лик игра многу мала улога и е пријател на славниот Индијана Џонс кого го глуми Харисон Форд, еден и единствен, како што го нарече.
Бандерас говореше и за своето искуство со работа со Форд, негова икона уште од детството, и за возбудата што еден ден ќе го сподели филмот со своите внуци.
„Беше прекрасно само да бидеш блиску до него. Некои денешни интервјуери ми велат: О, боже, имав седум години кога излезе ‘Шрек 2’, а сега имам 27 години и ве интервјуирам и од тогаш ги гледам вашите филмови“.
„Истата работа ми се случи со Харисон. Се сеќавам на првиот пат кога го гледав ‘Индијана Џонс’ и откачив“, рече актерот. „Самото тоа што сум таму. Самото тоа што моето име е поврзано со Индијана Џонс е нешто големо. Ако мојата ќерка некогаш добие бебе, можам да ѝ кажам: еј, дедо направи филм со Индијана Џонс“.
Во режија на Џејмс Менголд, петтото продолжение со оригинален наслов Indiana Jones and the Dial of Destiny прикажува како Форд се враќа во својата легендарна улога на археолог авантурист и се бори со своите стари непријатели, нацистите.
Филмот треба да пристигне во кината на 30 јуни 2023 година и, најверојатно, е големото збогување на Харисон Форд со познатиот авантурист археолог имајќи предвид дека актерот веќе наполни 80 години.