Забава
Славните личности вложуваат во електрични пловила

АРЦ е стартап што беше лансиран пред 10 месеци, а нивната мисија е да ги електрифицираат сите пловни објекти со акцент на ограничена серија бродови во вредност од 300.000 долари.
Тоа го привлече вниманието на познатите личности – инвеститори, вклучувајќи ги актерот Вил Смит, кошаркарот Кевин Дурант и раперот и продуцент Шон Диди Комбс.
„Овие луѓе, покрај тоа што се врвни во она што го работат, имаат и големо искуство со создавање брендови и маркетинг“, рече коосновачот и извршен директор на АРЦ, Мич Ли.
Со други зборови, Комбс, Дурант и Смит имаат моќ да влијаат на пазарот што АРЦ се обидува да го зграпчи. Според Ли, луксузниот сегмент, кој вклучува бродови од 300.000 долари, не е крајната цел на компанијата.
Електричните чамци се потивки, побрзи, посигурни и поевтини за одржување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Рис Витерспун и Џим Тот имале нула романтика на крајот од бракот

Рис Витерспун и Џим Тот се разведуваат затоа што нивниот брак станал платонски, дознава „Њујорк пост“.
Холивудската ѕвезда (47) и нејзиниот сопруг (52), наводно, веќе немаат никакви романтични чувства еден за друг.
Извор за рубриката „Пејџ сикс“ на весникот „Њујорк пост“ вели: „Нема голем скандал или драма, само двајца луѓе кои во суштина стануваат кородители.
„Таа стана многу помоќна отколку што беше кога се венчаа и ги прошири своите области на интерес на толку многу начини,“ додаде инсајдерот.
Оскаровката, која има 10-годишна ќерка со Џим, како и 23-годишна ќерка и 19-годишен син со поранешниот сопруг Рајан Филип, изминатиов викенд обелодени дека бракот со Џим е готов.
Рис и Џим објавија дека се разведуваат по 12 години брак. Двајцата се огласија на Инстаграм изминатиов викенд за да ја споделат веста.
Забава
Џонатан Мејџорс уапсен под обвинение за напад

Aктерot Џонатан Мејџорс бил уапсен во Њујорк во текот на викендот под обвинение за напад и вознемирување, што доведе до тоа американската армија да ја повлече новата реклама со ѕвездата на „Крид 3“ (Creed III).
Мејџорс, кој неодамна додели награда на „Оскарите“ заедно со својот колега од „Крид 3“, Мајкл Б. Џордан, бил приведен во саботата наутро на Менхетен по домашна расправија, според полицијата и неговиот адвокат.
30-годишната жена се здобила со полесни повреди на главата и вратот и е пренесена во болница во стабилна состојба, соопшти њујоршката полиција. Мејџорс (33) се појавил пред истражен судија подоцна во саботата и бил ослободен без кауција.
Во кривичната пријава се наведува дека ја удрил жената по лицето, ѝ нанел расекотина зад увото, и потоа ја фатил за вратот, предизвикувајќи ѝ модрици.
Забава
Ќе се вратам: Адел ќе го продолжи престојот во Лас Вегас

Адел го продолжува престојот во Лас Вегас.
34-годишната пејачка во саботата го заврши последниот од нејзините 34 настапи во „Цезар Палас“, и во текот на концертот им кажа на фановите дека има намера да се врати во градот подоцна оваа година.
Ѕвездата добитничка на Греми ѝ рече на публиката во Вегас: „Пеењето пред 4.000 луѓе 34 ноќи не е доволно. Знам дека не е доволно, па се враќам.“
„Ќе се вратам неколку недели во јуни, и повторно на крајот на август до есен“.