Забава
Славни двојки кои ја покажуваат моќта на љубовта

Ринго Стар и Барбара Бах – 37 години заeдно
Ринго Стар стекна слава истовремено со огромната популарност на Битлси. Тоа беше љубовна приказна како од бајки за членот на славниот бенд кој се за вљуби во девојка од Џемс Бонд.
Но тоа е реалност на Стар – тој се вљуби до уши во Барбара Бах. Овие двајца талентирани луѓе се исклучителна двојка, а во брак се веќе 37 години.
Тие влијаат еден на друг на многу начини, дури и во животниот стил, но меѓусебното поддржување низ подеми и падови ги одржува силни. И Стар и Бах ја прифатија вегетаријанската исхрана и со овој избор тие им прават добро на своите тела и на околината.
Тие се прилично примерен пар, што е ретка појава во забавната индустрија.
Дејвид Бекам и Викторија Бекам – 21 година заедно
Ова е иконска двојка. Нивната венчавка направи бранови – успешна љубовна приказна во која двајца лудо богати, славни и привлечни луѓе својата љубов ја крунисаа со брак. И тие докажаа дека по 21 година сè уште чекорат снажно, пишуваат светските таблоиди.
Бекамови се прилично зафатени, а светот не може да остане во чекор со сè што жонглираат одеднаш – купување и продажба на недвижен имот, нивната трендовска мода и начин на живот, декорирање и редекорирање, па дури и начинот на кој ги подигаат своите четири талентирани деца. Има премногу да се зборува кога станува збор за Бекамови! Во моментов, Дејвид е сопственик и ко-сопственик на неколку фудбалски тимови, а Пош е моден дизајнер.
Стинг и Труди Стајлер – 26 години заедно
Труди Стилер е позната продуцентка и таа е популарна во нејзината работа, но подеднакво популарна и по тоа што е сопруга на легендарниот Стинг. Овој човек има огромно богатство на својата банкарска сметка стекнато во текот на многуте години во музичкиот бизнис.
Тој е пејач кој е високо ценет со оглед на неговиот придонес во музичката индустрија.
Труди и Стинг се познати по својата речиси идеална врска. Тие се пример на двојка кај која страста трае речиси три децении. Хемијата помеѓу нив е опојна.
Принц Вилијам и Кејт Мидлтон – 14 години заедно
Свадбата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам беше еден од најголемите настани на векот. Свадбената церемонија беше голема во секоја смисла – за кралското семејство и за светот во однос на раскошноста и цената. Вилијам е втор по ред наследник на британскиот престол, па не изненадува што нивниот брак привлече толку многу внимание.
Вилијам и Кејт долго време беа во врска иако имаше прекиди но и смирувања. Не е тајна дека тие ја прекинале својата врска во обид да имаат повеќе простор, но на крајот на краиштата, тие ја пребродија кризата и останаа заедно. Малку познати личности можат да се пофалат со толку шпекулации за нив, како што ги има околу врската на Кејт и Вилијам.
Боно и Алисон Хјусон – 36 години заедно
Кариерата на Боно во музиката со иконскиот бенд, U2, му донесе убаво богатство. Боно е еден од омилените во индустријата, а многу негови песни имаат постигнато мега-долари. Беше еден убав и среќен ден во Даблин кога Боно се запозна со Алисон за време на нивните тинејџерски години.
Тоа не беше љубов на прв поглед, но тие стануваа сè поблиски и поминуваа повеќе време заедно. И по 36 години, тие се поблиски од кога било.
Тие се венчаа во 1982 година, а Хејсон претпочита својот брак да биде приватен и недостапен за медиумите.
Елтон Џон и Дејвид Фурниш – 25 години заедно
Елтон Џон е ѕвезда за кого не треба вовед! Тој е легенда во музичката индустрија, кој во тек на неколку години освои пет награди „Греми“ и милиони фанови. Тој е добитник на наградата Златен глобус и добитник на Оскар.
Покрај сите негови престижни признанија, тој ја доби и љубовта на својот живот, Дејвид Фурниш. Тој и Дејвид имаат посебна врска, а таа се продлабочува и се засилува уште од 1993 година. Овој пар чекаше до 2014 година да ја официјализираат својата љубов и меусебната посветеност со легален брак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Австралија му ја укина визата на Канје Вест поради песната за Хитлер

На раперот Канје Вест, кој се претставува под уметничкото име Је, му е одземена австралиската виза откога ја објави песната „Хајл Хитлер“, објави денес министерот за внатрешни работи на земјата, Тони Бурк.
Тој изјави дека Вест патува во Австралија со години и дека неговата контроверзна песна е критикувана за промовирање антисемитизам и, како што се наведува, за оддавање почит на Адолф Хитлер, водачот на нацистичка Германија.
„Долго време доаѓа во Австралија. Има семејство тука. Кажал многу навредливи работи што ги прегледале моите службеници откога песната била објавена. Тој повеќе нема важечка виза во Австралија“, рече Бурк на државната телевизија.
Тој додаде дека Австралија веќе има доволно проблеми и без намерно увезување нетрпеливост.
(Фото: ЕПА)
Забава
(Фото) Раперот се пофали со своите обликувани стомачни мускули, многумина му се потсмеваа: „Дали се продаваат одделно?“

Канадскиот рапер Дрејк предизвика возбуда со новата објава на Инстаграм, фотографија на која позира пред огледало и гордо ги покажува своите извајани стомачни мускули.
Сепак, реакциите сигурно не беа очекувани, бидејќи многу луѓе го исмејуваа поради неговите „лажни“ мускули.
Покрај ова, тој се пофали и со видео на кое се гледа како изгледа дел од неговата рутина за вежбање, што често го прави, а овој пат покажа како трча без маица во паркот.
„Единственото место каде што трчавте беше хирург“, „Дали рацете и градите се продаваат одделно?“, „Стомачните мускули се лажни“, „Стомачните мускули не одат со тоа тело“, „Операција за дефинирање на рацете е закажана за следниот месец?“, напишаа неговите следбеници во коментарите.
Дрејк често го следат гласини дека се подложува на козметички процедури, а неодамна се појавија шпекулации дека имал подигнување на задникот. Ова се тврди и на профил на Инстаграм кој се занимава со пластични операции, наведувајќи дека „го направил тоа повторно“.
Забава
Клои Кардашјан откри што сѐ има направено на своето лице и тело: „Немам што да кријам“

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан (40) неодамна беше тема на социјалните мрежи на еден британски пластичен хирург, кој го анализираше нејзиниот изглед и се погодуваше какви процедури поминала, поради што реши да открие што променила на себе.
Докторот Џонатан Бетриџ ја погледнал нејзината фотографија од минатото и една нова, од неодамнешната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција, а Клои коментирала дека првата слика е стара 15 години и дека зборовите на докторот ја импресионирале.
„Го сфаќам ова како огромен комплимент. Отсекогаш сум била многу искрена и отворена за тоа што сум си направила. Немам што да кријам, па еве ги деталите“, почна Клои, набројувајќи ги своите козметички процедури: операција на нос, ласерско отстранување на влакна по целото тело, редовен ботокс, третмани за подмладување на лицето во форма на дермални филери во образите и филери во минатото (но таа рече дека тие никогаш не исчезнуваат, па мисли дека сè уште се таму). Таа оди во клиника што нејзината сестра Ким Кардашијан исто така редовно ја посетува за сите нејзини третмани.
Таа исто така користи специјален третман за затегнување на кожата познат како „soft wave“ кој го стимулира производството на колаген и ја прави кожата поцврста, како и третман со колагенски нишки за зацврстување на кожата на брадата и вратот, како и разни други третмани главно за подмладување.
Сепак, и покрај сите козметички процедури на кои се подложила, Клое Кардашијан верува дека нејзиниот нов изглед најмногу се должи на губењето на тежината.
„Изгубив 36 килограми во текот на годините (бавно и постојано)“.
„Сега е 2025 година и има многу што можеме да направиме пред операцијата, но кога ќе дојде време и ќе одлучам да го направам тоа, познавам некои одлични доктори“, рече познатата Кардашијан.