Забава
Слаткото што можете да го јадете секој ден: сите мислат дека дебелее, но не е така – дури и Синди Крафорд го обожава
Многу луѓе го избегнуваат ова слатко бидејќи мислат дека дебелее и е полно со шеќер, но всушност, лекарите секогаш го препорачуваат – треба да го јадете секој ден.
Кога станува збор за слатки, сите знаеме дека е тешко да им се одолее. Откако ќе почнеме, тешко е да престанеме, што доведува до висок шеќер во крвта, дебелина, мрсна кожа и други проблеми.
Сепак, постои едно благо кое не е само вкусно, туку и препорачливо за здравјето – темно чоколадо.
Американскиот супермодел Синди Крафорд, која ги одбележа 90-тите со својата убавина и сè уште доминира на модните писти денес, не може да му одолее на темното чоколадо. На својот профил „Meaningful Beauty“ на социјалната мрежа Икс, таа сподели дека парче темно чоколадо е нејзино секојдневно уживање.
„На крајот од ручекот, секогаш јадам мало парче темно чоколадо. Тоа е порака до моето тело дека оброкот е завршен“, изјави Синди за The Cut.
Темното чоколадо е богато со антиоксиданси, ја подобрува циркулацијата и може да помогне во намалувањето на стресот. Со оглед на овие придобивки, не е ни чудо што многу експерти го препорачуваат како дел од балансирана исхрана.
Затоа, следниот пат кога ќе посакате нешто благо, посегнете по темно чоколадо – и уживајте во него без грижа на совест!
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нов пресврт во правната сага меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони: нејзината тужба останува, неговата падна
Правната битка меѓу ѕвездите од „Тоа завршува со нас“ има нов епилог. Актерот и режисер Џастин Балдони ја повлече својата контратужба за клевета од 400 милиони долари против колешката Блејк Лајвли откако го пропушти клучниот рок за повторно поднесување.
Според Ролинг Стоун, федерален судија официјално ја заврши тужбата на Балдони. Неговиот случај првично беше отфрлен во јуни, но му беше дадена можност да ја измени и повторно да ја поднесе. Сепак, судијата Луис Лиман, кој го надгледува случајот, забележа дека Балдони и неговата компанија, „Вејфарер студиос“, не успеаја да го исполнат рокот од 17 октомври или да одговорат на судската наредба.
Додека случајот на Балдони против Лајвли сега е затворен, нејзината тужба против него за сексуално вознемирување и одмазда е сè уште активна и во тек. Балдони ја поднесе својата тужба како одговор на нејзините обвинувања.
Забава
Тамара Глоба предвидува блескав ноември за четири хороскопски знаци
Познатиот руски астролог Тамара Глоба предвидува дека ноември ќе донесе среќа и нов почеток за четири хороскопски знаци – Близнаци, Рак, Вага и Водолија.
Глоба најавува „крај на еден вознемирувачки период и почеток на посветла етапа“, со големи промени и нови можности.
Близнаци – ќе почувствуваат налет на креативна енергија, хармонија во љубовта и финансиска стабилност, но со потреба од внимателност во приватниот живот.
Рак – ќе уживаат во професионален напредок и профитабилни можности; крајот на месецот ќе бара повеќе внимание кон семејството.
Ваги – ги очекуваат нови средби, деловни понуди и лични промени; успехот ќе ги следи ако носат промислени одлуки.
Водолии – ќе имаат поддршка од блиските и пријателите, а во деловниот сегмент ќе им се отворат нови извори на приход.
Според Глоба, ноември ќе биде период на нови можности, финансиска стабилност и личен раст, но ќе бара мудрост и внимателност во одлуките.
Забава
Мајка ѝ е кралица нa „Ноќта на вештерките“, но и Лени Клум воодушеви со својот костим
На годинешната забава на Хајди Клум за „Ноќта на вештерките“ во Њујорк, во центарот на вниманието беше нејзината ќерка Лени Клум, која со креативниот костим го привлече вниманието на сите.
Дваесет и едногодишната манекенка се претстави како ликот Камил Крим од детската книга „Необичниот случај со пругите“. и го обои целото тело во шарени пруги – еден од највпечатливите костими на вечерта.
Хајди Клум се појави како Медуза, нејзиниот сопруг Том Каулиц како сребрен витез, а неговиот брат близнак Бил Каулиц како Сејлор Мун. На забавата присуствуваа и останатите деца на Клум од бракот со Сил.

