Забава
Сопругата на Вил Смит демантира дека е во врска со пејачот Алсина

Џејда Пинкет Смит ги негираше тврдењата на Август Алсина дека тие двајца имале врска со благослов на нејзиниот сопруг Вил Смит.
За Џејда и Август се ширеа шпекулации дека биле романтично поврзани веќе неколку години, а на почетокот на оваа недела 27-годишниот пејач излезе со тврдење дека шпекулациите се вистинити. Тој изјави дека „не сторил ништо лошо бидејќи сопругот на Џејда бил повеќе од свесен за ситуацијата“.
48-годишната Џејда тврди дека никогаш немала никаква врска со Август и ваквите наводи ги оцени како целосно невистинити.
Во интервју за „Пејџ сикс“, нејзиниот претставник рече: „Апсолутно не е точно!“
Во неговите првични коментари, Август тврдеше дека со години бил во врска со Џејда и дека нејзиниот сопруг, холивудската легенда Вил Смит, знаел и не му пречи. Пејачот тврди дека Вил (51) му дозволил да се запознае со Џеда бидејќи нивниот брак „повеќе не е романтизам туку животно партнерство“.
Неговата приказна беше главна тема во американските таблоиди.
„Луѓето можат да имаат какви било идеи, но не е во ред да се дискутира за мојот карактер. Јас не сум човек што прави проблеми. Не сакам драма. Драмата всушност прави да ми е мачно“, рече Август по лавината реакции што ги предизвика неговата приказна.
Џејда Пинкет Смит е во брак со актерот Вил Смит од 1997 година и за нивниот брак отсекогаш се шират приказни за голема љубов, но и големи контроверзи можеби затоа што во една пригода тие изјавија дека имаат отворен брак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Серена Вилијамс лансира колекција куфери среде пандемија

Таа е тениска легенда и светска шампионка која поголемиот дел од својот живот го помина патувајќи низ светот за да се натпреварува на највисоко ниво.
Затоа, не е изненадување што Серена Вилијамс одбра совршен начин да ја истакне убавината на патувањата и ја започна втората линија од својата колекција куфери со Away.
39-годишната тенисерка призна дека „сонува да патува повторно безбедно и се надева дека нејзината нова линија ќе им помогне на луѓето да започнат да ги планираат своите идни патувања“.
Вилијамс пренесува париски вибрации додека пие еспресо и гледа во далечина, со голема фотографија на Ајфеловата кула во позадината, а медиумите додаваат дека Вилијамс е во својот дом.
Забава
Шварценегер вози велосипед низ Санта Моника една недела по вакцината против Ковид-19

Легендарниот акционен херој и фитнес-икона Арнолд Шварценегер минатата есен повторно беше подложен на операција на срцето.
Но, Арни се држи до својата секојдневна рутина за одржување добра форма. Тој во вторникот беше забележан како крстосува со својот велосипед во сончевата Санта Моника, Калифорнија, една недела откако ја прими вакцината против Ковид-19.
Поранешниот гувернер (73) на себе има кафеава кожена јакна обложена со теди-руно, во комбинација со црни панталони.
Во средата, sвездата на „Конан“ сподели видео на својот Инстаграм на кое се гледа како ја прима вакцината, и ги повика фановите да го следат примерот.
Забава
Џенифер Лопез и Метју Меконахи се сеќаваат на нивниот бакнеж на екранот во „Планер за венчавки“

Номинираната за „Златен глобус“ Jенифер Лопез и оскаровецот Метју Меконахи повторно се обединија преку „Инстаграм лајф“ во вторникот за да ја прослават 20-годишнината од филмот The Wedding Planner.
Џенифер и Метју, сега и двајцата 51-годишници, ги портретираа организаторката на венчавки Мери Фиоре и педијатарот Стив Едисон во романтичната комедија на Адам Шенкмен во 2001 година.
„Сè уште се чувствува како да беше вчера. Токму вчера бевме на средина од тоа поле во киносалата“, рече Џенифер, која може да се пофали со 140 милиони следачи на Инстаграм.
„Се сеќаваш ли кога ја снимавме сцената каде што требаше да ме бакнеш? Јас добро се сеќавам дека ми рече: ‘Госпоѓице Лопез, сега ќе те бакнам’. А јас одговорив: ‘Добро, ајде да го сториме тоа’“.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот