Забава
Сопругата на Пирс Броснан ја открива тајната за здраво слабеење на 60 години
Кили Шеј Смит, сопругата на Пирс Броснан на 60 години решила да го промени начинот на живот за да се ослободи од вишокот килограми – како успеала да изгуби речиси 50 килограми?
Откако со децении беше критикувана за прекумерна тежина, Кили Шеј Смит Броснан ги остави сите без зборови кога ослабе 45 килограми во 2024 година. Тајната, како што откри таа, лежи во свесното јадење и редовната физичка активност.
Таа го привлече вниманието на црвениот тепих
Нејзината фигура беше главна тема на последното појавување на црвениот тепих со нејзиниот славен сопруг.
На премиерата на серијата MobLand во Њујорк, 71-годишниот Пирс Броснан не го тргаше погледот од Кили, а нејзината витка фигура особено привлече внимание.
61-годишната новинарка блесна во црн мини фустан од тантела, во кој особено беа истакнати нејзините витки нозе.
Како Кили Шеј Смит ослабе 45 килограми?
После тоа појавување сите се прашуваа – која е тајната на нејзиното ефикасно и здраво слабеење?
„Кога наполнив 60 години, сфатив дека во овој период од мојот живот сакав контрола над моето тело, што значеше да престанам да се предавам на секој нагон“, рече Кили.
Како што истакна таа, „не се работело само за слабеење, туку за враќање на самодовербата и контрола врз сопствениот живот“.
Таа вели дека сега се чувствува подобро отколку во четириесеттите.
„Ова патување ме потсети дека никогаш не е доцна да се промениш и да се грижиш за себе.
За разлика од многу познати личности кои користеле разни медицински помагала во последните години, Кајли се потпира на свесното јадење и физичката активност.
Иако ретко зборува јавно за причините поради кои решила да ослабе, познато е дека во еден момент имала 45 килограми повеќе. Испробала популарни диети како Аткинс и диетата Саут Бич, но тие биле тешки за одржување.
Кога сфатила дека диетите не даваат резултати, го променила пристапот – почнала да живее поздраво и редовно да тренира, што истражувањата го потврдуваат како ефикасна стратегија за одржување на формата и намалување на ризикот од болести.
Промени во исхраната
За време на процесот, таа работеше со нутриционисти, тренери и здравствени експерти за да се увери дека сè е безбедно и ефикасно.
Таа се откажа од високо преработената и слатка храна, заменувајќи ја со поздрава храна – посни протеини, цели зрна, овошје, зеленчук и здрави масти. Таа не броела само калории, туку внимавала на квалитетот на храната.
Дневно мени на Кили Шеј Смит
Појадок: Овесна каша со свежи бобинки, грчки јогурт или јајца.
Ручек: Салати со печено пилешко или тофу, разновиден зеленчук и јогурт.
Закуска: Јаткасти плодови, овошје, хумус, стапчиња од зеленчук, зелен чај или црно кафе.
Вечера: Варен или печен зеленчук, киноа или кафеав ориз. Понекогаш бистра супа од печурки и чаша топло млеко со прстофат куркума.
Покрај исхраната, Кили внесувала и големи количини вода за да се хидрира во текот на денот.
Од теретана до јога и медитација
Вежбањето одигра клучна улога во нејзината трансформација. Вежбите вклучуваа кардио вежби, вежби за сила и флексибилност. Тренингот за сила е особено важен за зголемување на метаболизмот, зајакнување на коските и зачувување на мускулната маса.
Поголемиот дел од своето време го поминувала на велосипед за вежбање и на лента за трчање, додека вежбите како „руско вртење“ и подигнување на нозе и помогнале да се обликува нејзиното тело.
Покрај физичкото здравје, таа се грижела и за менталното здравје – секојдневно вежбала јога и медитација за да го намали стресот и да остане доследна.
Поддршка од Пирс Броснан
Во сето тоа важна улога одиграла поддршката од нејзиниот сопруг. Таа постојано нагласуваше колку и значи неговата поддршка.
„Имаше тешки денови, кога немав волја да тренирам или кога вагата не ги покажуваше посакуваните резултати. Тогаш би се потсетила дека не се работи за совршенство, туку за напредок”, рекла таа и додала дека Пирс никогаш не ја терал да ослабе – тој ја поддржувал да биде поздрава верзија од себе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

