Забава
Сопругот на кралицата Елизабета закрепнува по операцијата на срцето
Војводата од Единбург, принцот Филип, бил подложен на успешна процедура за постојната срцева состојба и ќе остане во болница уште неколку дена до целосно закрепнување, соопштија од Бакингемската палата.
Дедото на принцот Хари бил опериран вчера во болницата „Свети Вартоломеј“ во Лондон, најдобрата болница за срце во Велика Британија, откако бил пренесен таму во понеделникот од приватната болница „Крал Едвард Седми“ во Мерилбоун, каде што се лекуваше од инфекција.
Нејзиното височество, кралицата Елизабета Втора, и војводата од Единбург, принцот Филип, беа вакцинирани против коронавирусот на 9 јануари.

Војводата од Единбург ќе наполни 100 години на 10 јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Таа ја започна играта со топлес снимка, а потоа ја „зачини“ атмосферата со жешка облека
Познатата германска манекенка, Хајди Клум, е поактивна од кога било на социјалните мрежи, каде што често ги воодушевува своите обожаватели со разни жешки фотографии.
Откако прво позираше топлес и го „запали интернетот“, познатата Хајди објави видео во кое покажува како ужива на плажа.
Таа носеше проѕирен фустан за плажа кој едвај ги покриваше нејзините интимни делови, додека преку него облече екстравагантен бел плашт, но и тој беше проѕирен. Хајди уживаше во прошетката по песокот, со музика, но и безброј коментари за нејзиниот изглед.
Иако оваа убавица е позната по своите контроверзни рекламни кампањи заедно со нејзината ќерка Лени, за кои дури беа ставени и на столбот на срамот, се чини дека сега решила малку да се „смири“ и да ги врати симпатиите на пошироката јавност.
Провокативните фотографии се нејзина специјалност, а таа често го снима својот сопруг, Том Каулиц, во разни експлицитни облеки.
Забава
(Фото) Таа излезе од кризата како победник и изгледа подобро од кога било
Познатата српска тенисерка Ана Ивановиќ ужива во животот по тешкиот период низ кој помина за време на бракот со Бастијан Швајнштајгер. Иако поранешните сопружници официјално не ги објавија деталите за распадот на бракот, познато е дека се поднесени документи за развод.
Ана не дозволи кризата низ која поминуваше да ѝ го „наруши“ секојдневието, а со секојдневните објави на социјалните мрежи се обидуваше да покаже нова страна од себе. И успеа во тоа, сите се воодушевени.
Со оглед на тоа што помина многу време во Германија, каде што има и пријатели, Ана беше гостинка на настан каде што шармираше со својот моден аутфит, но и со својата природна убавина.
Црвениот краток фустан со набори и наметка преку рамената совршено се вклопуваше со амбиентот, но и со изгледот на Ана, што само по себе е доволно за да привлече внимание. Атрактивната Србинка сè комбинираше со елегантни сандали, додека косата ѝ беше собрана во пунџа.
Златниот накит беше вистински сојузник во оваа комбинација, а убавата Ана беше во друштво на познатата германска инфлуенсерка Каро Даур, која често споделува хумористични видеа на социјалните мрежи во кои објаснува како Германците го перцепираат светот околу нив.
Забава
(Видео) Шакира запеа со своите синови, емотивната снимка ги „сруши“ социјалните мрежи
Шакира е на својата светска турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“, а на својот последен концерт во Буенос Аирес, пејачката ја расплака публиката само со еден гест.
Пејачката Шакира создаде спектакл во Буенос Аирес на својот концерт кога на сцената се појавија нејзините синови Милан (12) и Саша (10), кои ги доби со фудбалерот Жерар Пике.
Ова не е прв пат Шакира да изненади со појавување со своите деца, така што мрежите се преплавени со нивните заеднички снимки, а сега таа ја отпеа и песната „Acrostico“ со нив.
Шакира, Милан и Саша беа исто така модно координирани, носеа светло сини одела, додека пејачката имаше ефектен син фустан со изразени волуменозни детали.
„Беше магично да пеам со моите синови и да ги гледам како ви ја покажуваат музиката што ја носат во себе и сето тоа додека остатокот од семејството пееше заедно со нас“, напиша Шакира под објавата.
Sasha nació para los escenarios, se le ve tan tranquilo y en su habitat. Milan, divino pero ha sido un gran ejercicio para combatir tu timidez. Serás un excelente productor de Sasha 😭😂😂pic.twitter.com/ySAZQWaSiM
— VoxBuzz (@howlingglitter) December 10, 2025
Нејзините синови се нејзината најголема поддршка, пејачката никогаш не го криела тоа, а судејќи според видеата и фотографиите, двајцата се многу приврзани за својата мајка.
Шакира помина низ тежок период откако беше откриено дека Пике ја изневерил за време на нивната десетгодишна врска. По бројни турбуленции, емитување валкани алишта и објавување песни за одмазда, таа конечно успеа да продолжи понатаму и да го продолжи својот живот подалеку од фудбалерот.

