Контакт

Забава

Сопственици на „ајфон“ не сакаат да одат на состаноци со корисници на „Андроид“

Објавено пред

Убавиот изглед, шармот и смислата за хумор се карактеристики со кои најчесто можете да привлечете некого, но кај некои корисници на „ајфон“ ваквите одлики на личноста стануваат ирелевантни.

Поточно, има одреден број луѓе што поседуваат телефони „ајфон“ и кои, според истражување на „Њујорк пост“, не сакаат да излегуваат со оние што имаат друг вид телефон.

Ако мислите дека ова е ограничено само на помладата популација, новинарката на овој портал, Хана Фришберг, вели дека тоа се однесува и на некои возрасни кои се грижат за бојата на балончето во кое пристигнуваат пораките.

Кај сопствениците на „ајфон“, кога се допишуваат еден со друг, бојата на нивните пораки е сина. Доколку, пак, сопственик на „ајфон“ се допишува со корисник на „Андроид“, пораките што пристигнуваат се во зелено балонче. Тоа изгледа им е многу важно на одредени луѓе, па врз основа на типот на телефонот што го имаат нивните соговорници одлучуваат дека не сакаат да се забавуваат со такви луѓе.

„Доколку пораката не е сина, нема да губам време флертувајќи со таа личност. Само ќе се запрашам зошто не користи ‘ајфон’“, рекла Кејти Мекдонау, една од интервјуираните.

Иако андроид-уредите доминираат на пазарот, припадниците на помладите генерации имаат невообичаена врска со производите на „Епл“. Тие се многу повеќе приврзани со нив од другите сопственици на уреди, што беше потврдено и во анализа спроведена минатата година.

Многумина ја припишуваат оваа врска на т.н. екосистем на „Епл“, кој најдобро може да се опише како систем на апликации и услуги што ги навлекува сопствениците на уреди на „Епл“ да се навикнат на него и да му останат верни на брендот.

Сепак, некои очигледно решиле да го пренесат ова и на малку подлабоки одлуки.

Во ваквата група луѓе припаѓа и Кејти (23), која тврди дека комуникацијата со сопствениците на „Андроид“ е тешка од неколку специфични причини.

Имено, таа сака да гледа три точки што се појавуваат кога и пишува друго лице, сака да го гледа известувањето дека пораката е доставена и можност да одговори на порака со „ха, ха“ или срце.

„Ме одбива ситуација кога ќе видам дека немаат ‘ајфон’. Кога на ‘Тиндер’ ќе размениме броеви со некого, секогаш се надевам дека неговите пораки ќе бидат сини. За мене тоа е вистинско олеснување“, објаснила таа.

Џејкоб Лендсмарт (23), сопственик на „Андроид“, е свесен за овој тренд, но и дека ваквиот, како што рекол, снобизам може да ги намали неговите шанси кај некои девојки.

„Дефинитивно, тоа е нешто од што малку се плашам“, бил искрен тој.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Елизабет Харли и Хју Грант беа 13 години во врска, денес се кумови

Објавено пред

Англискиот актер и продуцент Хју Грант (59) и неговата поранешна партнерка актерката Елизабет Харли (54) останаа најдобри пријатели две децении по нивното раскинување.

Тие беа во врска 13 години, и до ден денес останаа блиски пријатели и се поддржуваат во сите работи во животот.

Грант и Харли се запознале во 1987 година на снимањето на филмот „Rowing With the Wind“, и наскоро станале двојка.

По осум години врска, актерот бил фатен со проститутка на „Сансет стрит“ во Лос Анџелес, полицијата го уапсила, а неговите фотографии ги објавиле таблоидите од целиот свет.

Сепак, тоа не ја уништило нивната врска, тие останале заедно уште пет години. Во тој период се ширеле гласови дека Хју и натаму ја изневерува Елизабет, но тие истакнале дека ги надминале сите недоразбирања и дека тоа не била причината за нивното раскинување.

Харли и Грант се разишле во 2000 година, но за разлика од другите двојки, нивното раскинување не било проследено со големи скандали. Напротив, тие и денес тврдат дека се слушаат секој ден и дека се најдобри пријатели.

View this post on Instagram

Uncle Hugh ❤️

A post shared by Damian Hurley (@damianhurley1) on

„Таа е мојата најдобра пријателка, прво неа и се јавувам кога ми е тешко“, рече Хју, пет години по паузата.

Поранешната двојка разговара за сè во животот, а Харли вели дека го прашува за сите совети.

Актерот е и кум на синот на Елизабет, Дамијан, кој го доби со Стив Бинг. Харли, од друга страна, е кума на ќерките на Хју.

Прикажи повеќе...

Забава

Концертот на „Електрични оргазам“ ќе се одржи на 24 јуни на стадионот на АРМ

Објавено пред

„Авалон продукција“ најавува дека мартовските концерти коишто беа одложени поради актуелната состојба со коронавирусот, ќе бидат презакажани со нови датуми, а концертот на култните „Електрични оргазам“ ќе има и нова локација.

Славеничкиот концерт на „Оргазам” ќе се одржи на отворено и тоа на 24 јуни на стадионот на АРМ, еден ден пред фестивалот Скопје Гори на кој ќе настапат легендарните Placebo.

„Електрични оргазам“ ќе настапат на голема бина и уште поголема продукција, со роденденски репертоар кој ги опфаќа сите песни што ја одбележаа кариерата на овој супериорен бенд.

Сите оние што имаат набавено влезници, истите ќе им бидат важечки и за концертот на 24  јуни.

Прикажи повеќе...

Забава

Алек Болдвин ќе стане татко шести пат

Објавено пред

Хиларија Болдвин (35) и нејзиниот сопруг, славниот холивудски актер Алек Болдвин (62), го очекуваат своето петто заедничко дете, а негово шесто.

Хиларија сподели видео на социјалните медиуми и им откри на своите обожаватели дека е повторно бремена.

„Вклучете го звукот. Ќе го оставам бебето да зборува затоа што немам зборови што би можеле да опишат како се чувствувам кога ќе го слушнам овој звук. Само што ја добив добрата вест дека сè е во ред со бебето и сакав да ја споделам со вас. Одиме од почеток“, напиша Хиларија на својот инстаграм-профил.

View this post on Instagram

My, oh my…

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta) on

Многубројни обожаватели, како и колегите, им честитаа и им посакаа среќа со бебето што треба да се роди оваа година.

Желбите и молитвите се уште посилни поради тешката година каква што беше 2019 за брачната двојка Болдвин.

Сопругата на актерот била бремена, но кога отишла на редовен гинеколошки преглед, дознала дека имала спонтан абортус, и тоа седум месеци по првиот абортус.

Хиларија доживеа спонтан абортус повторно во четвртиот месец од својата втора бременост минатата година и го загуби бебето, кое наводно било девојче.

Двојката веќе има четири деца, а Болдвин неодамна откри дека двајцата ќе се обидат повторно да добијат петто дете.

Алек од првиот брак со холивудската актерка Ким Бесинџер (66) ја има ќерката Ајрланд Болдвин (25), која е родена 1995 година и е нивното единствено заедничко дете.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа7 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа8 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија8 часа

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија9 часа

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија11 час

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Македонија12 часа

Странски државјанин кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет12 часа

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Економија12 часа

Од 10 до 12 часот приоритет во банките ќе имаат лицата над 67 години

Народна банка заради заштита на јавното здравје апелира филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е...

Свет16 часа

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет16 часа

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Македонија17 часа

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Свет17 часа

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави...

Свет17 часа

Борис Џонсон е во стабилна состојба

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина и втората ноќ на интензивна нега, каде прима соодветна терапија поради коронавирусот. „Господинот Џонсон...

Свет17 часа

(Видео) Вухан излезе од изолација, луѓето ја пееја химната на мостовите

По речиси 11 недели или точно 76 дена, кинескиот град Вухан, каде почна пандемијата на коронавирусот, излезе од изолација. Кинеските...

Свет18 часа

Трамп ги шокира Американците: Ќе го прекинеме финансирањето на СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одржа ретко видена прес-конференција во Белата куќа, на која се пресмета со противниците на најлошиот...

Регион18 часа

Вучиќ: Полициски час преку цел викенд, вонредна состојба уште еден месец

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека вонредната состојба во Србија поради пандемијата на коронавирусот, би можела да биде укината во...

Македонија1 ден

Вработените во јавниот сектор, кои се ослободени од работа, нема да имаат лански одмор

На оваа седница Владата ја донесе уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за...

Македонија1 ден

45-годишен скопјанец почина од коронавирус на пат кон болница

Четириесет и петгодишен пациент од Скопје заболен од коронавирус починал на пат кон болницата „8 Септември“. Според информација од Институтот...

Економија1 ден

Македонската банкарска асоцијација апелира: Плаќајте преку интернет, користете картички место кеш

Македонската банкарска асоцијација информира дека банките и штедилниците интензивно преземаат активности за заштита на здравјето на клиентите. „Апелираме до граѓаните,...

Досие