Забава
Со години кружат шпекулации за тоа кој е вистинскиот татко на принцот Хари, стара фотографија можеби ја открива вистината
Иако со години се пишуваше за тоа кој е вистинскиот татко на принцот Хари, фотографија стара речиси 70 години можеби ја открива вистината.
Кога станува збор за британското кралско семејство, нивните сложени и заплеткани односи отсекогаш ја интригирале јавноста, толку многу што серијата „Круната“ е инспирирана од членовите на ова семејство, а не е тајна дека принцот Хари и татко му, кралот Чарлс III, со години не се во добри односи.
Сепак, веќе подолго време кружат шпекулации во кои некои веруваат и кои се фокусираат на трачевите дека Чарлс не е вистинскиот татко на Хари.
Британската и светската јавност со децении ги споредуваа фотографиите на мајорот Џејмс Хјуит, со кој принцезата Дајана беше во петгодишна врска во осумдесеттите кога беше во брак со принцот Чарлс, а за многумина нема сомнеж дека овој офицер е всушност таткото на Хари.
Иако, според некои фотографии, навистина изгледа како Хари да личи на мајорот Хјуит, тој самиот одамна категорично истакна дека стапил во врска со Дијана кога Хари веќе бил роден.

Сепак, многумина никогаш не забележале колку принцот Хари, всушност, личи на својот дедо, принцот Филип, а старите фотографии покажуваат дека Хари е ист како дедо му Филип.
View this post on Instagram
Поточно, се работи за фотографија направена во 1957 година за насловната страница на магазинот Paris Match. Авторот на книгата за кралското семејство, Крис Џексон, ја објави на својот „Инстаграм“, а ја пренесе „Глоси“.
Кога е направена оваа фотографија, принцот Филип имал 36 години, а Хари сега е три години постар. Кога ќе се споредат фотографиите на двајцата принцови во униформа, јасно е дека Хари е вистинска копија на својот дедо!
„Сега сите знаеме како ќе изгледа Хари за 50 години“, гласи еден од многуте коментари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кејти Пери и поранешниот канадски премиер повеќе не се кријат: Сите ги гледаат во Давос
Кејти Пери и Џастин Трудо го привлекоа вниманието на јавноста кога се појавија на Светскиот економски форум во Давос. Двојката, која веќе некое време е на насловните страници, блесна на овој настан, а нивните насмевки и љубовни погледи беа, навистина, забележливи.
И додека Трудо беше еден од учесниците на овој престижен настан, неговата сакана беше морална поддршка. Комбинацијата што пејачката ја носеше за оваа пригода е исто така интересна.
Таа избра беж сет кој ја истакнува нејзината витка фигура и ја нагласува целата нејзина женственост.
Нејзиниот аутфит е синоним за елеганција, а Кејти Пери се погрижи сите светски лидери да бидат воодушевени од нејзиното издание.
Својот стил го комплетираше со минималистичка шминка во природни тонови, а косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за ниска пунџа, а додаде и златни обетки.
Што се однесува до поранешниот канадски премиер, тој избра класично одело и најобична вратоврска.
Забава
(Видео) „Eye of the Tiger“ во Давос: Зашто Макрон не ги тргна очилата додека држеше говор и се фотографираше со политичари
Францускиот претседател Емануел Макрон предизвика внимание на Светскиот економски форум во Давос, каде што се појави со пилотски очила за сонце.
На социјалните мрежи веднаш се отворија дискусии зошто ги носи очилата додека држи говор пред присутните, а некои коментатори забележаа дека не ги тргнал ни за време на фотографирањето со други политичари.
Причината не била модна, туку здравствена. Неколку дена претходно, за време на новогодишно обраќање пред припадници на француската војска, неговото десно око беше видно црвено и отечено. Тогаш Макрон се извини за „непријатниот изглед“ на окото.
Со доза хумор, тој го спореди изгледот со песната „Eye of the Tiger“, алудирајќи на борбениот дух. Но и покрај објаснувањата, појавата со очилата во Давос предизвикала бројни шпекулации.
Во говорот, Макрон предупреди дека светот влегува во ера на длабока нестабилност и опасност од „свет без правила“, каде меѓународното право сè почесто се крши, а надвладува логиката на посилниот. Како посебен извор на загриженост ја посочи агресивната надворешна политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Фото: ЕПА
Забава
(Видео) Сите зборуваат за поранешната Мис Гренланд: „Сега го разбирам Трамп“
Деновиве, Мис Гренланд 2024 е многу популарна на социјалните мрежи, а токму прекрасната Наја Мароси влезе во историјата како прва претставничка на Гренланд на натпреварот Мис Гранд Интернешнл.
View this post on Instagram
Престижната титула на натпреварот на кој учествуваа 68 убавици ја освои Наја, која на Инстаграм се претставува како Наја Матилде Росинг.
View this post on Instagram
Неодамна ја предаде својата круна на новата Мис, поточно нејзината наследничка, а кога ќе ги погледнете сликите и видеата, ќе разберете зошто Наја повторно привлече толку многу внимание…
View this post on Instagram
„Сега го разбирам Трамп“, гласи еден од коментарите на социјалната мрежа Икс, а корисникот се пошегува со видео клип од натпреварот за моменталната ситуација со Гренланд и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
This is Miss Greenland 2024. I understand Trump now. pic.twitter.com/CV4RCtLcSZ
— Dr. Clown, PhD (@DrClownPhD) January 19, 2026

