Контакт

Забава

Спајдерменот Том Холанд одгледува пилиња бидејќи во супермаркетите нема јајца

Објавено пред

Том Холанд, актерот кој глуми „Спајдермен“ во истоимената франшиза на филмскиот универзум Марвел, на својот Инстаграм се пожали дека во супермаркетите нема јајца среде пандемијата на коронавирус.

Поради тоа, 23-годишниот актер решил да чува неколку пилиња за да станат „извор на јајца“.

„Со сè што се случува, рафтовите  се празни. Нема јајца. Ние треба да го решиме тој проблем, ќе станеме изворот на јајца. Сега, ние сме сопственици на кокошки”, вели тој во видеото додека под раката држи кокошка.

Неговата идеја за јајца ги заинтересира корисниците на социјалните медиуми кои не можеа да престанат да коментираат за неговата живина и за имињата на некои од пилињата – Предатор, Ренџер и Честнат.

„Том Холанд е единствената селебрити личност чиешто искуство во карантин е корисно затоа што тој посвои живо пиле, и го нарече предатор, ова е добар пример за сите нас “, стои во коментарите на нетџиите.

Забава

(Видео) Стјуардеса насмеа многумина со снимката на која покажа како работи од дома

Објавено пред

Стјуардеса покажа како работи од дома, а видеото насмеа многумина на социјалните мрежи.

Кристин Гилет, стјуардеса на WestJet, направи кусо видео на кое е прикажано како стјуардесите се справуваат со карантинот во време на пандемија на коронавирусот. Во скечот што го сними заедно со сопругот, комичарот и магионичар Вес Баркер, двојката се преправа дека е среде лето.

Снимката имаше речиси милион прегледи за неколку дена, а многумина ја пофалија двојката, која ги насмеа. „Јас сум стјуардеса… сцена во тоалетот… непроценливо“, е еден од коментарите.

„Како стјуардеса, можам да кажам само дека ова е точно и смешно. Половина работно време поминуваме кажувајќи им на патниците да не ја отвораат вратата од тоалетот“, е уште една од реакциите на снимката што предизвика многу насмевки на лице.

Прикажи повеќе...

Забава

Сара Џесика Паркер во неуредно издание за време на пандемијата на коронавирусот

Објавено пред

Ѕвездата од серијата „Сексот и градот“, познатата Сара Џесика Паркер (55), која ја толкува улогата на Кери во серијата, отишла да пазарува со мрсна коса, без шминка и облечена во тренирка.

Таа воопшто не се вознемирила од тоа што папараците ја фотографираа во такво издание.

„Што ѝ се случи?“, „Во ред, карантинот влијае на изгледот“, „Дали и вам ви изгледа валкано“, „Таа никогаш не изгледала вака“, се некои од коментарите на странските интернет-страници.

Џесика ја краси епитетот модна икона и повеќето ја замислуваат како што изгледаше во популарната серија.

Прикажи повеќе...

Забава

Џенифер Анистон ги одушеви сите, особено медицинската сестра заразена со коронавирусот

Објавено пред

Џенифер Анистон му помогна на својот пријател, телевизискиот презентер Џими Кимел, да направи големо изненадување за медицинска сестра заразена со вирусот Ковид-19 поради што две недели се наоѓа во строга изолација од семејството и двете мали деца.

51-годишната холивудска актерка се вклучи во шоуто на Кимел преку видеоповик за да ја поздрави Кимбел Фербанкс, медицинска сестра од Јута, и јавно ѝ се заблагодари, како и на сите други медицински сестри, за храброста и несебичноста да ги подредат своите животи на пациентите на штета на своето семејство.

„Само сакам да кажам – Бог да те благослови тебе и сите оние што го правите ова. Не знам со кои зборови да ја изразам својата благодарноста за сè што правите ставајќи ги во опаност вашето здравје. Неверојатни сте“, рече Џенифер Анистон.

Џенифер Анистон, која веќе три недели е во изолација од претпазливост во својот дом, на Кимбол Фербанкс ѝ даде подарок-картичка, на која има 10.000 долари, а изненадувањето е уште поголемо што такви подарок-картички ќе добијат сите медицински сестри што работат со неа на одделот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

(Видео) Мртви тела на улиците во Еквадор, мртовечниците преполни

Улиците во градот Гвајакил, Еквадор се пусти, можат да се видат малку луѓе, а се полни со тела од мртви...

Македонија28 минути

Филипче: Мицкоски лаже за количината на тестови за коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свесно ја лаже јавноста за количината на тестови за коронавирус, а со тоа предизвикува паника...

Свет46 минути

Ден на жалост во Кина за жртвите од коронавирусот

Триминутно молчење за повеќе од 3,300 луѓе кои починаа од коронавирус во Кина. Точно во 10 часот по локално време,...

Свет1 час

Трамп советува да се носат маски, но и самиот не носи

Американската влада им советува на граѓаните да носат заштитни маски за лице за да спречат ширење на заразата со коронавирус,...

Македонија14 часа

Починатиот пациент од Куманово за кој се чекаа резултати е позитивен на коронавирус

Министерството за здравство информира дека пациентот од Куманово кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби...

Свет15 часа

(Видео) САД го сменија капетанот на носачот на авиони кој молеше за помош поради ширењето на вирусот

Американската морнарица го смени капетанот на носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“, откако медиумите го објавија неговиот апел до властите...

Свет16 часа

Најсмртоносен ден во Њујорк, за 24 часа починале 562 лица

Во Њујорк во последните 24 часа починале уште 562 луѓе од коронавирус, а ова стана најсмртоносниот ден во оваа сојузна...

Македонија17 часа

Двајца доктори од Скопје и Штип ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово

Двајца доктори од Штип и Скопје ќе работат на Инфективното одделение во Куманово, откако 11 доктори заболеа од коронавирусот, посочи...

Македонија18 часа

Целосна забрана за движење во Куманово за време на викендот

Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во Општина Куманово, односно целосна забрана за движење за време на...

Топ20 часа

Притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во Штип

Судот определи притвор за тепачите што малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена додека Овинителството да...

Македонија20 часа

Почина уште еден пациент од коронавирус, бројот на новозаразени е 46, а на излекувани три

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст...

Македонија20 часа

Државниот инспекторат за труд апелира работниците да пријават присилно отпуштање

Бидејќи некои од работодавците на вработените им поделија спогодби за напуштање на работните места за време на корона-кризата, Државниот инспекторат...

Економија21 час

(Видео) Лицата што останале без работа добиваат брз влез во системот на социјална заштита

Лицата што останале без работа или биле дел од неформалната економија добиваат брз влез во системот на социјална заштита, најавија...

Економија22 часа

Бектеши: Ќе се укине забраната за извоз на брашно, резерви храна има доволно

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека ќе се укине забраната за извоз на брашно. Тој рече дека од почетокот...

Македонија22 часа

Град Скопје се откажа од кредитот за луна-паркот, ја намали и таксата за закуп на јавен простор

Град Скопје ја намали комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари за квадрат, колку што...

Економија23 часа

ЕУ понуди пакет од 100 милијарди евра за спречување на отпуштањето работници

Европската комисија предложи нов финансиски пакет за да се обезбеди целосна исплата на работниците во компаниите погодени од пандемијата на...

Македонија1 ден

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и за родилките, како и за лицата со нарушен слух, говор и глас

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка...

Регион1 ден

„Твитер“ избриша повеќе од 8.500 налози поврзани со Вучиќ

Компанијата „Твитер“ соопшти денеска дека избришала над 8.500 налози за промоција на српскиот претседател Александар Вучиќ и Српската напредна партија....

Регион1 ден

Расте бројот на бугарски пратеници заразени со вирусот

Уште двајца бугарски парламентарци се позитивни на тестот на коронавирусот. Станува збор за претседателката на парламентарната група на владејачката централнодесничарска...

Свет1 ден

Трамп незадоволен кога затвореници во САД завршија на слобода поради коронавирусот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека не му се допаѓа одлуката на затворските власти во Калифорнија, Мичиген и во Пенсилванија...

Досие