Забава
Специјални музички миксови и „ПМГ си ти“ – настан за роденденот на Мирко Попов
Денека е 15 октомври. Роденден на Мирко Попов. Еден од најплодните македонски автори, кој во својот креативен и творечки пат од 30 години остави значително музичко творештво и простор за поддршка и промоција на работата на неколку генерации македонски музички творци.
Во негова чест, онлајн продавницата Mitra.mk, чиј голем поддржувач беше и Попов ќе го одбележи неговиот роденден со специјални музички миксови достапни за сите, кои ги направија неговите најблиски другари, соработници и диџеи. Миксовите ги рефлектираат креативизмот и страста кон музиката, кои беа нераскинлив дел од Попов.
Музички миксови направија: Дарко Јорданов, Виолета Качакова, Александар Гавровски, Божидар Видоевски, Илина Ангеловска, Нино Наумов, Божидар Јовановиќ Боле, Далибор Таневски – Дади, Дарко Марковски, Александар Малевски, Зоран Ристевски Зоки – Бејбе, Оги Узун, Нино Флудер, Роботек и Теа Шалдева.
Одбележувањето на неговиот роденден продолжува на 18 октомври во барот „МАККА“ и ноќниот клуб „Епицентар“, со целовечерна музичка програма, која ќе се случи под името „PMG si Ti”, како цитат од песната „Право“ на ПМГ Колектив и обединувачки глас на прогресивната и еманципирана мисла и културно движење. Вечерата ќе се исполни со музика и диџеј настапи на: Александар Гавровски, Дарко Јорданов, Нино Наумов, Виолета Качакова, Андреја Салпе, Илина Ангеловска и Божидар Видоески.
Професионалниот опус на Попов опфаќа континуирана работа како автор (композитор и продуцент на музика, текстописец, сценарист и поет), издавач на македонска музика, диџеј, радио водител и уредник, музички критичар и колумнист.
Визијата за подобар град и земја која го негува современиот израз во македонската музичка култура го дефинира неговиот професионален ангажман. Уште од раните 90-ти преку создавање на ПМГ (прогресивна мултимедијална група) како водечка авангардна сила на скопските улици, иницира широк спектар акции во полето на музиката и урбаната култура. Крајот на 90-те го бележи со формирањето на дискографската куќа ПМГ Рекордингс со над 300 изданија на современа македонска музика. Отворена за различни жанрови на автентичен и квалитетен израз од домашни автори, издаваштвото се развива и преку под-лејбловите ПМГЏез, ПМГ Танц Дигитал, Con:Tempo и Мкаедониде.
Како простор за презентација на оваа култура тој иницира и организира бројни музички програми, фестивали и редовни концерти на музичарите чија музика ја издава. Освен промоција на домашната музика во рамки ја овие настани во домашен контекст презентира и дел од светската електронска, рок и џез сцена. Меѓу нив веди да се споменат: Првиот фестивал на електронска музика кај нас TRIBAL GATHERING (1996), СЛОБОДНО СКОПЈЕ ФЕСТИВАЛ (1999) – еден од најзначајните кросовер настани кај нас, 14 изданија на ПМГ Рекордингс Фестивал, како и фестивалите произлезени од соработката со останати дејци на сцената: 12 изданија на Земјотрес – фестивалот на свежа домашна музика и 5 изданија на Крај Вардарот Џез фестивал.
Неговата пасија за винилни го води во нов предизвик да издава македонска музика на овој се уште најценет носач на звук. Од 2017 до 2024 за ПМГ Рекордингс издава 13 винилни на македонска музика.
Како музички автор и изведувач активно твори и настапува во своите бендови: ПМГ Колектив, Кантон 6 и Македони кру, како и со својот соло проект Мирко Попов квартет. Вкупно 17 албуми, едно издание на најголемите хитови на ПМГ Колектив, бројни е.п и синглови, како и еден албумот соработка со Сетстат и Никола Коџобашија.
Како писател е потпишан на изданијата „Монографија: 20 Години те сакам“ и книгата за деца „Розевата планета“. Автор е на музика за театар и филм. Режисер и продуцент на музички видео записи, меѓу кои и музички филм „До небото замок“.
Две децении работи како водител на бројни емисии на Канал 103, и дел од уредничката структура. Значењето на ова радио го документира во филмот „103 Љубовно писмо до алтернативната култура” (2012), во кој се јавува како сценарист, продуцент, наратор и селектори на музика.
Неговиот придонес во македонската култура ќе остане трајно запишан и вреден, а неговата работа и креиран простор продолжува да се цени и развива преку делувањето на најблиските соработници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Комичарка го исмеа Леонардо Ди Каприо на „Златните глобуси“, неговата реакција е вирална
Комичарката Ники Глејзер беше домаќинка на доделувањето на наградите „Златен глобус“ втора година по ред, а церемонијата одржана на 11 јануари беше обележана, меѓу другото, со шега за Леонардо Ди Каприо и неговите врски со многу помлади жени.
Глејзер се осврна на номинацијата на Дикаприо за неговата улога во „Една битка по друга“.
„Безброј иконски улоги, си работел со сите големи режисери. Освои три Златни глобуси и еден Оскар. И најимпресивното од сè е што успеа да го направиш сето ова пред твојата девојка да наполни 30 години. Мислам, тоа е едноставно лудо.“
51-годишниот актер, навикнат на вакви досетки, се насмеа и кимна со главата во знак на одобрување. Неговата 27-годишна девојка, Виторија Черети, со која неодамна беше на одмор во Сент Бартс, не беше со него таа вечер.
„Лео, жал ми е за шегата, ефтина е, се обидов да ја избегнам“, рече Глејзер.
„Но, не знаеме ништо друго за тебе, човече. Нема ништо друго… Направив малку истражување, најдлабинското интервју што некогаш си го дал е за Тин Бит во 1991 година. Дали твојата омилена храна сè уште е „тестенини, тестенини и уште тестенини“?“
„Да“, промрмори актерот од својата маса со палец нагоре, „секако дека е“.
фото/депозитфотос
Забава
Концерт на Слаткар на 2 август во Охрид
На 2 август, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, во организација на „Прагма продукција“, Марко Маринковиќ – Слаткар ќе го одржи својот најголем концерт досега.
Настан што ја отсликува зрелоста на една кариера и нејзиното цврсто место на домашната сцена како резултат на континуиран и јасно изграден авторски пат.
Концертот во Охрид ќе отслика една ера и едно време, преку песни што оставија значаен белег на нашата музичка сцена – сега со нова енергија, пред илјадници луѓе, на отворена сцена, во град кој е симбол на културата и уметноста.
„Овој концерт за мене е од голема важност. Тој е круна на мојата досегашна работа. Вечерта, на Илинден, сите мои блиски пријатели ќе бидат дел од сцената. Конечно македонски концерт на стадион! Дојдете најубаво да си поминеме!“, вели Слаткар.
Во повеќе од дваесет години активна работа, неговата музика се менуваше и созреваше, но никогаш не ја изгуби суштината, директноста и искреноста. Токму поради тоа, песните не се заборавија, туку се доживуваат сè посилно и продолжуваат да живеат од генерација на генерација.
Во време кога сцената брзо заборава, Слаткар успеа да се задржи цврсто, без да се повторува, и да биде препознатлив без потреба да се објаснува или докажува.
На 2 август, стадионот „Билјанини Извори“ ќе стане место каде минатото, сегашноста и иднината ќе се сретнат во ист ритам – со неговите безвременски хитови, богата програма со специјални гости и врвна продукција.
Не пропуштајте да бидете дел од овој историски концерт!
Картите се веќе во продажба и може да се купат преку: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК Травел Бисер и ЈК Травел Дајмонд.
Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5728
Забава
(Видео) Пожар избувна зад сцената на доделувањето на Златните глобуси
За време на синоќешната доделба на Златните глобуси во Лос Анџелес избувнал мал пожар зад сцената. Инцидентот се случил во прес-собата, откако член на кетеринг-службата случајно превртел сад за загревање храна, објави „Дели мејл“. Новинарот Крис Гарднер наведе дека тепихот кратко горел, се појавил чад, но пожарот брзо бил изгаснат и никој не бил повреден.
Crisis averted inside #GoldenGlobes backstage press room as catering knocked over a coffee holder and the sterno underneath was lit. For a brief moment, the carpet was on fire and smoke wafted up around the curtains. They put it out quickly fortunately. Yikes! pic.twitter.com/FTFixnZppT
— Chris Gardner (@chrissgardner) January 12, 2026
Инцидентот не бил единствениот што ја одбележал вечерта. Гледачите реагирале бурно откако наградата за најдобра филмска музика му била доделена на Лудвиг Горансон за филмот „Sinners“ за време на рекламна пауза. Снимката од моментот стана вирална, а многумина оценија дека станува збор за непочитување кон уметниците, особено затоа што за други сегменти од церемонијата имало доволно време.
Ludwig Göransson accepts the #GoldenGlobes award for for Best Score Motion Picture! 🎵 Congratulations! pic.twitter.com/IVW28K3HTb
— Golden Globes (@goldenglobes) January 12, 2026

