Забава
Српска милионерка доживеа мозочен удар среде забава
Српската милионерка Ана Поповиќ (25), сопруга на бизнисменот Љубиша Крстајиќ (59), неодамна претрпе мозочен удар, пишува „Србија денес“. Ана се омажи пред два месеца за Љубиша на Јамајка, а сите локални медиуми пишуваа за нивната венчавка. Нивната свадба траеше четири дена и на неа присуствуваше целата српска естрада. За мистериозната Ана речиси ништо не се знаеше сè додека не се омажи за 34 години постариот сопственик на синџир луксузни хотели.

Според српските медиуми, Ана била гостин на прославата на која дошла многу расположена. Во еден момент, додека седела на маса, таа само паднала, а присутните веднаш ѝ укажале помош.
Забавата била прекината во истиот момент, а пријателите со кои седела на масата ја однеле во болница. Докторите заклучиле дека се работи за потежок мозочен удар. Наводно, нејзината состојба сега е стабилизирана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Раскошните облини на свршеницата на Роналдо се вистински рај за очите: „Тој е среќен човек“
Георгина Родригез, свршеницата на Кристијано Роналдо, е активен член на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен живот.
На нејзиниот Инстаграм профил често можеме да видиме фотографии од атрактивни и донекаде провокативни облеки, но таа секогаш наоѓа време да објави компилација од семејни фотографии.
Таков беше случајот и овој пат кога ги извести своите бројни обожаватели дека е на одмор со своите деца и сопругот.
Георгина уживаше во сончевите денови и семејните моменти, но насловната фотографија од оваа објава привлече најголемо внимание.
Токму нејзините раскошни облини беа во преден план, бидејќи одлучи да облече танга бикини.
Таа напиша и трогателна порака со објавата: „Јас живеам живот, сонувам соништа и сум вечно благодарна на Бога, чија љубов ме води, одржува и инспирира“, напиша таа, а потоа започна лавина од коментари.
„Кристијано е среќен човек“, „Ти си вистинска божица“, „Ги обожавам твоите семејни фотографии“, се само неколку од коментарите.
Забава
(Фото) Гвинет Палтроу го покажа сопругот
Многу познати личности блеснаа на годишната гала вечер на списанието „The Hollywood Reporter“. Покрај зачудувачката Дакота Џонсон, актерката Гвинет Палтроу не ја пропушти можноста да биде видена.
Интересно е што и Дакота и Гвинет донесоа минималистички комбинации за оваа празнична пригода и, следејќи ги нивните примери, можеме да заклучиме дека редуцираните креации повторно се пожелни.
Гвинет блесна на црвениот тепих во фустан со рамен крој украсен со длабоко деколте. Лежерниот фустан во боја на слонова коска ја истакна нејзината витка фигура и го нагласи опуштениот стил што го негува со години.
Сепак, не беше сè толку едноставно при изборот на модни парчиња. Еден дел од облеката, сепак, беше ѕвездата на изданието на актерката.
Тоа беа црвени штикли со стилот кои го „разбиваа“ монохроматското издание. Овој детаљ беше доволен за актерката да го привлече вниманието на модните критичари.
Таа го комплетираше својот стил со минимална шминка во голи тонови и едноставна фризура. Треба да се спомене дека нејзиниот сопруг Бред Фалчук, кој ретко се појавува во јавноста, беше нејзин придружник на црвениот тепих.
Се чини дека актерката сака да го чува за себе и да му го покажува на светот во посебни пригоди.
Што се однесува до неговиот стајлинг, тој верно ја следел својата сакана и избрал лесен костум што го комбинирал со сина вратоврска.
Судејќи според фотографиите, може да се каже дека тие биле најубавиот пар на настанот.
Забава
(Видео) Едноставниот црн фустан е секогаш „во мода“ – особено кога го носи природно убава жена
Дакота Џонсон е позната по тоа што ги обожава црните чипкани фустани кои многу се истакнуваат, но овој пат реши да „сврти сè“ и да ја покаже својата друга, софистицирана страна.
Прекрасната бринета неодамна присуствуваше на гала-вечер на списанието „The Hollywood Reporter“, годишен настан посветен на жените.
За оваа свечена пригода, таа одлучи да облече минималистичко парче облека или, поточно, мало црно фустанче што секоја жена го има во својот гардеробер.
Станува збор за фустан со рамен крој кој ја следи линијата на телото и ја нагласува витката фигура на актерката. Стилот го надополни со дискретни додатоци, шминка во земјени тонови, но и брановидна фризура што ѝ паѓаше по рамената.
Со овој потег, Дакота докажа дека не ѝ се потребни скапи парчиња облека за да ја истакне својата природна убавина.

