Забава
Страв долг 65 километри: како изгледа најопасниот пат во светот
Eдна од најпопуларните екстремни активности во Боливија е возењето велосипед по еден од најопасните патишта во светот.
Патот Јунгас или Патот на смртта е именуван поради бројот на луѓето што загинале на него. Бил создаден кога затвореници од Парагвај ја пробиле планината Кордиљера Ориентал за време на војната за Чако.
Опкружен со планини, патот се протега на 65 километри од Ла Паз до Короико, со што ја поврзува провинцијата во срцето на Амазонија со главниот град.

Од Ла Паз, Патот на смртта се искачува 4.650 метри пред кај Ла Кумбра да почне постепено да се спушта на 1.200 метри надморска височина во градот Короико.
Од педесеттите години овој пат долго време беше единствената врска меѓу Ла Паз и регионот Јунгас. Комбинацијата на една лента, карпите високи и до 900 метри, дождливите услови и лизгањето на земјиштето резултирале со голем број жртви на овој пат.
Се проценува дека од 200 до 300 луѓе годишно умираат на Патот на смртта, а во деведесеттите години секоја недела по еден автомобил завршувал во амбис.

Една од најголемите несреќи се случила на 24 јули 1983 година кога автобус преполн со луѓе слетал во амбис, при што загинале повеќе од 100 луѓе.
По речиси 20 години напорна работа, овој пат денес е модернизиран и сега има две асфалтирани ленти и ограда. Во 2009 година беше изградена и алтернативна врска како негова замена, па сега на Патот на смртта има многу помалку сообраќај.
Дури и покрај тоа, патот Јунгас не покажува милост и наместо на возачи, сега им одзема животи на туристи и велосипедисти. Повеќе од 22 велосипедисти ги загубиле своите животи на оваа рута од 1998 година до денес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Заборавените предмети добиваат нов живот: Еко-свест организира Еко трампа „На ти го, дај ми го“
Организацијата Еко-свест ја најавува следната Еко трампа под мотото „На ти го, дај ми го“, која ќе се одржи на 14 февруари (сабота) во Бистро Комедија, од 12 до 15 часот.
Во свет во кој доминира брзата потрошувачка, овој настан им нуди на граѓаните алтернативен и свесен начин на размислување. Наместо купување нови производи, Еко трампата поттикнува кружна економија и заедница базирана на споделување и грижа за околината.
Зошто да бидете дел од Еко трампата? Настанот е дизајниран за секој кој сака да направи позитивна промена. Учесниците ќе имаат можност:
● Да го победат конзумеризмот: Наместо трошење пари, се користи размена.
● Да го растеретат домот: Ослободете се од предмети кои долго не сте ги користеле.
● Да израдуваат некој друг: Вашиот стар предмет може да биде нечие ново „богатство“.
● Да се поврзат: Запознајте истомисленици кои се грижат за одржлива иднина.
Како функционира процесот? Системот на размена е едноставен и фер:
1. Секој учесник може да донесе до 5 предмети (облека, книги, модни додатоци, ситни апарати и слично).
2. За секој донесен предмет се добива купон за размена.
3. Со купонот, учесникот избира „нов“ предмет од понудата донесена од другите учесници.
Како дополнителен мотив за дружење, секој учесник ќе добие бесплатно кафе, овозможувајќи простор за пријатен разговор и размена на идеи во опуштена атмосфера.
„Многу сум среќна што во мојот град има толку многу луѓе што ја препознаа целта на Еко-трампата. Покажавме дека убавата енергија и дружбата можат да се остварат преку добри одржливи еко практики избегнувајќи го конзумеризмот и отварајќи се за наша поубава иднина. Првата Еко-трампа ми ги надмина очекувањата, се надевам така ќе биде и со оваа“, вели Милијана Богданоска, правник за животна средина во Еко-свест.
Таа ги покани сите граѓани да се придружат, да ја негуваат културата на повторна употреба и заедно да направиме нешто добро за нашата планета и нашето општество.
Забава
(Видео) Хали Бери ја потврди веста за свршувачката: Подготвена е за четврти брак
Актерката Хали Бери откри дека се свршила за време на гостувањето во емисијата „The Tonight Show“ на Џими Фалон. Големото прашање го постави нејзиниот долгогодишен партнер, музичарот Ван Хант.
„Имаше одредена конфузија околу тоа дали тој ми предложил брак и дали јас го одбив“, рече 59-годишната актерка. „Не, тоа не е вистина. Не реков не. Само сè уште немаме закажано датум.“
По кратка пауза, фановите ширум светот добија јасен одговор – потврда!
„Но, секако дека се согласив да се омажам за него! Ми стави ‘прстен’ на раката“, рече таа хумористично.
Хали се мажеше три пати, а сега отворено проговори за тоа како се чувствувала по третиот развод.
„По третиот развод, луѓето почнаа да велат: Што не е во ред со неа? Таа е луда. Не може да задржи маж“, се присети актерката. „Затоа избегнував да давам интервјуа речиси десет години бидејќи ми здодеа истата приказна. Секогаш се сведуваше на: Кутрата Хали, повторно нема среќа во љубовта.“
Забава
(Видео) Толку мрачно, толку секси – Марго Роби повторно измамува воздишки
Марго Роби и Џејкоб Елорди продолжуваат да го промовираат филмот „Wuthering Heights“ во Лондон. За оваа пригода, тие донесоа беспрекорни креации кои зрачат со уникатен моден израз.
Треба да се напомене дека зачудувачката русокоса, сепак, беше ѕвезда на вечерта бидејќи нејзиниот фустан беше повеќе од само фустан.
Марго носеше фустан од турската дизајнерка Дилара Финдикоглу, која полека, но сигурно се прославува во модната индустрија. Нејзините парчиња претставуваат комбинација од темен гламур и винтиџ мода и се чини дека полека ги освојуваат жените низ целиот свет.
Се чини дека Марго Роби веќе ги шармираше сите присутни на црвениот тепих.
Креацијата е украсена со корсет направен во викторијански стил, како и со проѕирна ткаенина.
Деталите беа исто така интересни, имено, рачно изработени зелени конци кои се протегаа по целата должина на фустанот, сè до вратот.
Фустанот ја нагласи нејзината завидна фигура, а што се однесува до остатокот од нејзиниот стајлинг, таа се одлучи за земјени тонови и пунџа што ги истакна нејзините природни црти на лицето.

