Забава
Студент од Мериленд прв човек успешно вакциниран против Ковид-19?
Дипломец од Мериленд верува дека можеби е еден од првите луѓе што успешно се вакцинирале против коронавирусот по учеството во студија која објавила ветувачки рани резултати во производството на антитела, пренесува „Њујорк пост“.
Дејвид Реч, дипломиран студент по имунологија, е првиот човек што добил вакцина во студијата на Универзитетот во Мериленд во мај, каде што американскиот фармацевтски гигант „Фицер“ и германската фирма BioNTech работат заедно во глобалната трка за создавање вакцина.
Сега раните индиции покажуваат дека вакцината функционира со стимулирање на растот на антитела со стапки еднакви или повисоки од луѓето што се заболени.
„Вистинско олеснување е да се види дека ова всушност дава резултати, дека вакцината произведува антитела“, изјави Реч.
Реч не може да биде сигурен дaли добил вистинска вакцина или солен раствор за плацебо-ефект, но по малата реакција од втората доза, тој е убеден дека е еден од ретките луѓе во светот вакцинирани против Ковид-19.
Како и да е, ќе поминат неколку месеци пред да бидат темелно оценети резултатите затоа што научниците треба да знаат колку долго ќе траат антителата и дали Реч ќе се покаже имун на вирусот ако во меѓувреме се соочи со него.
Тој треба да биде тестиран во октомври за да се утврди дали има имунитет против вирусот.
Ако студијата се покаже успешна, „Фицер“ рече дека ќе произведе 100 милиони дози пред крајот на годинава и повеќе од милијарда дози в година.
Научниците во светот се во трка за да развијат вакцина за која се смета дека е единствениот сигурен начин да се доведе пандемијата во мирување и да се овозможи животот да се врати во нормала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кога и зошто почнала традицијата на славење на Новата година
Милиони луѓе од целиот светот ја пречекуваат Новата година како симбол на нов почеток и надеж за подобри денови. Но, обичајот на новогодишно славење има длабоки историски корени.
Новата година го означува почетокот на нов временски циклус, а во повеќето култури тој почнува на 1 јануари, според грегоријанскиот календар. Овој датум, сепак, не бил отсекогаш прифатен.
Најстарите траги од новогодишна прослава потекнуваат од Месопотамија, каде што пред повеќе од 2.000 години Новата година се славела на почетокот на март во согласност со природните циклуси и земјоделските работи. И Кинезите се меѓу првите народи што го одбележувале овој ден, при што празникот бил поврзан и со размена на подароци.
Во антички Рим, иако јануари бил воведен уште во 700 година пр. н.е., Новата година долго време се славела на 1 март. Промената дошла во 153 година пр. н.е. кога јануари станал почеток на граѓанската година. Конечно, во 46 година пр. н.е. Јулиј Цезар со новиот соларен календар законски го утврдил 1 јануари како официјален почеток на годината.
Оттогаш овој датум постепено станал прифатен во поголемиот дел од светот како симболичен почеток на новата година.
Фото: pexels
Забава
Од луд провод до тивка вечер дома: што вели хороскопот за новогодишната ноќ
Дали Новата година ќе ја дочекаш на луда журка, во ексклузивен ресторан или мирно дома со најблиските? Астрологијата открива како секој хороскопски знак најмногу сака да се забавува во најдолгата ноќ во годината – од разузданите Овни до мирните Ракови.
Овен – сака луд, разуздан помин и журки до зори, често со многу алкохол.
Бик – ужива во гурмански дочек, во ресторан или дома со блиските.
Близнаци – секоја година избираат нешто поинакво; патувања, големи прослави или дочек на улица.
Рак – најсреќен е дома, со семејството, добра храна и мирна атмосфера.
Лав – се подготвува со месеци и избира ексклузивен дочек; важно му е да биде забележан и да не биде сам на полноќ.
Девица – избегнува гужви и бучни забави, преферира тивок дочек дома со мал круг луѓе.
Вага – сака „ин“ места, дотерување и внимание; често ја дочекува Новата година во прегратка.
Шкорпија – поделени се; младите сакаат забава, постарите мирен дочек дома.
Стрелец – најчесто патува, но се забавува секаде каде и да е.
Јарец – не е љубител на гласни прослави; Новата година ја дочекува скромно, најчесто дома.
Водолија – обожава забави, клубови и дружење со нови луѓе; останување дома не доаѓа предвид.
Риби – најважно им е друштвото; сакаат домашен дочек, но знаат и да претераат со алкохол.
Забава
Зошто кафето не е решение за мамурлак и што да пиете наместо тоа
Дочекот на Новата година за некои значи и повеќе алкохол, а тоа може да резултира со мамурлак – главоболка, мачнина и вртоглавица, пишува Express.co.uk.
Според лекарите, се препорачува добра хидратација пред, за време и по консумирање алкохол, како и внес на електролити – преку напитоци или таблети, најдобро пред спиење.
Експертите предупредуваат дека кафето не помага, туку може дополнително да ја влоши дехидрацијата. Наместо тоа, се советува вода или електролитни напитоци, особено ако има мачнина или вртоглавица.
Електролитите може да се надоместат и преку исхраната – со храна богата со калиум, како банани, цитрусно овошје, зелен лиснат зеленчук, компири.
Покрај тоа, важен дел од закрепнувањето е одморот. Алкохолот го нарушува квалитетот на сонот, па експертите советуваат да се престане со пиење порано навечер за телото да има време да го преработи алкохолот и да се обезбеди подобар сон.
Фото: pexels

