Забава
Судот одобри исплата од 17 милиони долари за тужителите на Харви Вајнстин

Американски стечаен судија го одобри барањето да им се исплатат 17 милиони долари на жртвите на сексуалните напади на осрамотениот филмски продуцент Харви Вајнстин.
Некогаш еден од најмоќните продуценти во Холивуд, 68-годишниот Вајнстин беше прогласен за виновен минатата година и сега ја издржува казната од 23 години затвор за силување и сексуален напад. Против него сведочеа 80 жени, меѓу нив и бројни познати актерки, кои го обвинија за сексуално насилство кое траело наназад со децении.
Исплатата за неговите жртви ќе дојде од ликвидацијата на „Вајнстин ко“ (Weinstein Co), кој покрена постапка за банкрот во 2018 година.
Судот ги отфрли приговорите од некои тужители кои сакаа жалбите да се извршуваат надвор од стечајниот суд. Судијката Мери Волрет рече дека без спогодба, тужителите ќе добијат „минимално, ако воопшто постои, закрепнување“.
„Вајнстин ко“ беше формирано како независно филмско студио, а озлогласениот холивудски магнат е еден од неговите коосновачи.
Компанијата пропадна кон крајот на 2017 година, по тврдењата за недолично однесување и сексуални напади на Вајнстин, кој беше осуден за сексуален напад врз поранешна асистентка за продукција и силување на актерка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Меган Маркл ја обвини палатата за овековечување невистини

Војвотката од Сасекс изјави дека Бакингемската палата не може да очекува од неа и принцот Хари да молчат ако „продолжува со лаги“ за неа и нејзиниот сопруг.
Сопругата на принцот Хари, Меган, ѝ даде коментар на водителката Опра Винфри во интервју што треба да се емитува на „Си-би-ес“ во недела.
Извадок од интервјуто беше објавен во средата, неколку часа откако Бакингемската палата соопшти дека е многу загрижена за извештаите во весникот „Тајмс“ дека асистенти кои работеле за Меган пред две години биле малтретирани од неа.
Хари и Меган веднаш издадоа соопштение во кое негираат дека таа малтретирала некого.
Бакингемската палата ги испитува тврдењата дека војвотката имала лош однос кон кралскиот персонал.
Во краток клип од интервјуто објавен од „Си-би-ес“, Винфри ја прашува војвотката: „Како се чувствувате кога палатата слуша дека ја зборувате својата вистина денес?“
Меган одговори: „Не знам како можеа да очекуваат дека после сето ова време сепак ќе молчиме, ако постои активна улога што Фирмата ја игра во овековечување на лагите за нас“. Фирмата е име што британското кралско семејство понекогаш го користи за да се опише себеси.
„Дури и ако тоа носи ризик од губење на некои работи (привилегии), мислам, многу е веќе изгубено“, додава Меган.
Интервјуто на Винфри со парот, кое ќе се емитува во САД во недела и во Велика Британија во понеделник, се очекува детално да го опише краткиот период на Хари и Меган како членови на монархијата пред да заминат во САД.
Забава
Гери Олдман се сеќава на зависноста: И потта мирисаше на вотка

Британскиот актер искрено проговори за некои нуспојави од зависноста, и призна дека „тоа не би му го посакал на неговиот најголем непријател“.
Во интервју за весникот „Лос Анџелес тајмс“,62-годишниот Гери рече: „Порано се потев со вотка. Тоа станува дел од вас. Мојот јазик беше црн наутро. Го обвинував шампонот.“
„Не би му посакал на мојот најголем непријател, да биде под негова моќ. Зависноста од алкохол е пекол. И тој срамежлив хумор? Само за да се маскира несоодветноста”.
Гери откри како го искористил сопственото искуство како излечен алкохоличар за улогата на сценаристoт Херман Манкиевич во новиот филм на „Нетфликс“, Mank.
„Во март одбележувам 24 години трезвеност, но се сеќавам на сите работи што ме натераа да сакам да пијам.“
Забава
Бри Ларсон навести проект со колешката од „Марвел“, Теса Томпсон

Двете глумат во кинематографскиот универзум на „Марвел“ како Капетан Марвел и Валкири, и исто така, накратко го споделија екранот во „Одмаздници: Ендгејм“, а Бри се огласи на социјалните мрежи за да наговести дека работат на нешто ново.
Како одговор на објава на Твитер од фан кој сподели фотографија од Бри и Теса, Бри напиша: „Ние готвиме нешто…!“
Бри претходно откри дека таа и нејзините колешки актерки од Марвеловиот универзум му се обратиле на претседателот на студијата „Марвел“, Кевин Фејџ, со идеја за снимање филм во кој актерскиот тим ќе биде составен само од жени.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер