Забава
Супермоделот Хилари Род стана мајка

Хилари Род и поранешниот хокејар Шон Ејви го дочекаа своето прво дете, синот по име Неш, преубава вест по неколкуте спонтани абортуси на манекенката.
Ангелот на „Викторија сикрет“ (33) и поранешниот професионален играч на хокеј на мраз (40) ја споделија веста во вторникот утрото со фотографии од детето.
„Те сакаме, бебе Неш“, пишува на фотогафијата направена од нејзиниот болнички кревет. Таа блеска додека го држи своето новороденче.
Шон додаде: „Не можам да опишам колку сум возбуден што сум татко. Станав татко. Јас имам момче. Мислев дека нема да го дочекам овој ден. Се надевав дека тоа ќе се случи во одреден момент, но сè додека не се случи – никогаш не знаете“.
Претходно, манекенката изјави за „Пипл“: „Бев чувствителна кон оние што се обидуваат да забременат или претрпеле загуба од спонтани абортуси, како што ми се случи мене, па затоа сакав да споделам дека не беше лесно ниту за нас“.
„По неколку спонтани абортуси, притисокот почнува да расте и лекарите за плодност велат: имате можност, максимизирајте ја 4-5 дена без пауза“.
Хилари и Шон се венчаа во 2015 година по долгата романса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Рап легендата Др. Дре се врати дома по мозочна аневризма

Американскиот рапер и продуцент „Доктор Дре“ (55) е отпуштен од болница откако се лекувал од аневризма на мозокот.
Адвокат на Дре во саботата соопшти дека хип-хоп sвездата сега е повторно дома, без да даде повеќе детали.
„ТМЗ“ на 5 јануари објави дека Дре бил однесен во Медицинскиот центар Седарс-Синај во Лос Анџелес, Калифорнија. Тимот на легендата на рап музиката подоцна издаде соопштение во кое се вели дека Дре – чие вистинско име е Андре Ромел Јанг – е во стабилна состојба.
“Благодарам на моето семејство, на пријателите и фановиза за нивниот интерес и желби. Јас добивам одлична нега од мојот медицински тим”, напиша раперот на Инстаграм кога беше во болница.
Забава
Род Стјуарт се смири со Елтон Џон за да им даде пример на своите деца

Сер Род Стјуарт и Сер Елтон Џон се скараа откако Род ги критикуваше плановите на својот стар пријател за проштална турнеја, нарекувајќи го таквиот потег „не-рокенрол“ и дека тој нема да го стори истото.
Но, сега, Род вели дека тие официјално ја закопале секирата, и призна дека не би било фер да им каже на своите осум деца да им се извинуваат на разни луѓе без да го следат неговиот совет.
„Им велам на моите деца: Секој човек треба да се извини, оди и извини ѝ се на мајка ти. Само што се станавме повторно пријатели, јас и Елтон,“ рече Род.
„Отсекогаш сме имале жестоки несогласувања, како што знаете, низ годините, но тоа беше на разиграна основа. Имавме лоши караници, како брачна двојка. Тој траеше долго.”
Род (76) додаде дека жали што го искритикувал Елтон во врска со неговата проштална турнеја.
Забава
„Годзила против Конг“ ќе биде објавен два месеца порано, на 26 март

Студиото „Ворнер брос“ настојува да ја почне годината навистина снажно и ја префрли својата претстојна епика со чудовишта „Годзила против Конг“ на 26 март 2021 година два месеца порано од првичниот распоред.
Ова ќе биде проследено со ултранасилното продолжение на култната борбена игра „Мортал комбат“ закажано за 16 април.
Се чини дека 2021 година ќе биде година на филмови на „Ворнер“, а меѓу нив се „Том и Џери“ (26 февруари), „Дјун“, „Матрикс 4“, „Спејс џем 2“ (Space Jam: A New Legacy) и многу други.
Како што беше најавено претходно, сите филмски изданија на „Ворнер брос“ оваа година ќе бидат прикажани во киносали и на „Ејч-би-о макс“ истовремено.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира