Забава
Таа е најбогатата актерка на светот: многумина не ѝ го знаат името, а вреди неколку милијарди долари
Џејми Герц и официјално е најбогатата актерка во светот.
Иако нејзиното име не им е познато на многумина, таа играше улоги во филмовите и сериите „Безгранична љубов“, „Крстопат“, „Џерси девојка“, „Твистер“, „Ургентен центар“, „Али Мекбил“, „Модерно семејство“, „Соседи“, „Ова сме ние“ и други.
Сигурно дека титулата најбогата актерка не ја стекна исклучиво преку актерски ангажмани. Таа и нејзиниот сопруг Тони Реслер се косопственици на НБА-тимот „Атланта Хокс“ и малцински сопственици на „Милвоки Биверс“, пишува НМЕ.
Според веб-страницата Celebrity Net Worth, богатството на Џејми се проценува на осум милијарди долари. Иако многумина би претпоставиле дека таа се омажила богато, вистината е дека во времето на свадбата таа заработувала повеќе, а тој една година по свадбата, почнал бизнис со своите пријатели, кој со текот на времето прилично му се исплатил.
Како што се наведува, таа ги плаќала сите нивни одмори и го купила нивниот прв дом во Лос Анџелес.
Овој пар е познат и по своите хуманитарни потфати. Во 2012 година фондацијата Giving Beck ги прогласи за донатори број еден меѓу сите јавни личности по рекордните 10 милиони долари од фондацијата Resler-Gerc, која првенствено се фокусира на уметноста, образованието и здравството.
Актерката е и директор на одборот на Melanoma Research Alliance.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos
Забава
Најсекси фотографиите од нејзината кариера: Хејли Бибер се соблече за „Вог“ и ги помести границите
Хејли Бибер ја краси насловната страница на новиот мартовски број на австралиското списание „Вог“, а за оваа пригода позираше во неколку луксузни креации од светски познати дизајнери, идеални за претстојната пролет.
Постојат три различни насловни страници, па Хејли е во едната фустан од Ив Сен Лоран, на другата акцентот е на впечатливи очила за сонце од Баленсијага, а на третата насловна страница носи розов капут од брендот Муглер.
Со оглед на тоа што Хејли Бибер е и моден инфлуенсер и трендсетер, а поседува и сопствен бренд за козметика Rhode, беше очекувано дека нејзините модни комбинации за едиторијалот ќе послужат како инспирација за многу дами за претстојниот период.
Познатата манекенка донесе различни стилови и впечатливи модни комбинации, меѓу кои некои се издвоија на прв поглед, оставајќи впечаток за нејзините најпредизвикувачки и најсмели изданија во нејзината кариера.
По палтото од вештачко крзно кое е апсолутен моден хит оваа сезона, таа носи само црни хеланки и има интересен детаљ на градите, додека на втората фотографија позира во смело елегантно сако и необичен транспарентен фустан кој речиси ништо не покрива.
Позираше и во кожна јакна и гаќички, но и во црвен градник од чипка. На едната од фотографиите беше уште похрабра – додека позираше во црн долг фустан, нејзиниот гол задник е во преден план, додека на другата е покриен само со голема црна сатенска машна.

