Забава
Танчарите на Dancers United на пиедесталот на Европското првенство во Шведска
Од 30 октомври до 3 ноември во Упсала, Шведска се одржа еден од најголемите танцови натпревари Mega Dance Weekend, елитен настан со традиција од шест години на кој учествуваа 3375 танчери од повеќе европски земји.
Во склоп на натпреварот се одржа и Европско првенство во латино – американски танци на Светската уметничка танцова федерација – WADF каде боите на Македонија ги бранеа танчерите на најтрофејното студио кај нас Dancers United.
Воодушевувачки е успехот на танчерите од Dancers United, репрезентацијата на Македонија која со своите 13 танчери беа на врвот во своите категории.

Пред сѐ е привилегија и предизвик да се биде дел од ова елитно натпреварување, а тоа што танчерите на Dancers United го покажаа на оваа европска сцена го потврдува фактот дека Македонија ги има едни од најдобрите танчери.
Танчерите на Dancers United од Европското првенство освен со огромното искуство, почит, восхит се вратија и со 11 златни, 9 сребрени и 5 бронзени пехари.

„Секој натпревар е големо искуство за нас како тренери, танчери и за мене како судија. Со голема радост ги прифаќаме поканите да учествуваме на сите позначајни меѓународни, светски и европски првенства. Ова Европско првенство во Шведска беше само уште еден показател дека танчерите од Dancers United се на врвно ниво, рамо до рамо со најдобрите во светот на танцот.
Многу сме горди што од нашето студио излегуваат светски и европски прваци, нашите резултати покажуваат дека Македонија веќе е велесила во светот на танцот, задоволството е уште поголемо што интересот за нашите танчери секоја година сѐ повеќе се зголемува, тие се веќе препознатливи како квалитетни танчери со неверојатна техника, знаење, креативност, атрактивност, вештини, костимографија…“ – изјави Сара Кочан официјален судија од Македонија на Европското првенство во Упсала, Шведска.

Во периодот кој следува танчерите на Dancers United ќе учествуваат на уште четири натпревари од кои три се меѓународни, во Романија, Хрватска и Србија, а на крајот од годината ќе бидат и на натпреварот Christmas Dance Competition 2024 во Велес.
На 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, танцовото студио Dancers United ќе ја одржи својата 10-та јубилејна инклузивна танцова претстава во Македонскиот народен театар, со која танчерите ја слават различноста преку танц, музика и уметност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

