Забава
Тајлер Пери е најновото дополнување на листата на холивудски милијардери
Ова го обелодени престижниот магазин „Форбс“, кој нето-вредноста на Пери ја процени на над една милијарда долари. Магазинот тврди дека од 2005 година наваму тој има заработено повеќе од 1.4 милијарди долари, нето-приход пред оданочување.
Списанието исто така открива дека режисерот поседува креативна продукција, која вклучува повеќе од 1.200 телевизиски епизоди, 22 филма, најмалку дваесет сценски претстави и студио во Атланта кое е изградено на негов сопствен имот од 330 хектари.
Пери – актер, писател, продуцент и режисер – е еден од најплатените луѓе во забавата.
„Откако Тајлер Пери на светот му го претстави ликот Мадеа, работите сами си течеа за него“, коментира порталот ТМЗ, и додава: „Па сега Тајлер Пери е милијардер со нето-вредност од 1.4 милијарди долари поради тој лик што го создаде“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Весна Петрушевска соопшти дека се бори со рак на дојка (ВИДЕО)
„Мојата дијагноза е од средината на април оваа година. Се работи за рак на дојка, имав две операции“, раскажува Весна Петрушевска во видео споделено на Инстаграм.
„Кога ќе ви кажат дека ви дијагностицирале, прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано. Јас се обидов тоа да не го кажувам, иако дијагнозата ми е од средината на април. Тоа не можеше да се забележи, бидејќи ја имав појавувања“, додаде Петрушевска.
„Имам рак, па што – живејте си го животот, еден е“, стои во описот на објавата.
View this post on Instagram
Забава
Луѓето се шокираа од изгледот на Адријана Лима: „Претерала со ботоксот“
Бразилската манекенка Адријана Лима последните години беше цел на хејтерите, кои го критикуваа нејзиниот изглед, а во последно време таа ретко се појавува на јавни настани.
43-годишната Адријана сега се појави на премиерата на филмот The Thicket и повторно изненади со изгледот на нејзиното лице со видно искосени очи и кренати веѓи.
Фановите претходно ја обвинуваа дека претерала со ботокс и филери, а таа на хејтерите им одговори со објавување фотографија без шминка.
„Лицето на уморна мајка на тинејџерка, две предтинејџерки, активно момче, едногодишно дете, кое учи да оди, и три кучиња… Ви благодариме за грижата“, напиша таа тогаш.
Адријана пред шест години се повлече од светот на манекенството и се посвети на семејството. Со поранешниот сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ, таа има две ќерки – Валентина (14) и Сиена (11), а со сегашниот сопруг, филмскиот продуцент Андре Лемер, го има двегодишниот син Сијан.
Забава
Една од најубавите жени на светот го привлече вниманието на шоуто на црвениот тепих во Венеција
Романската актерка и модел Мадалина Генеа, која е позната како една од најубавите жени на светот, прошета на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција и ја воодушеви публиката со својот изглед.
37-годишната Мадалина се појави на премиерата на филмот Joker: Folie a Deux во тесен фустан со светки, со долга, пуштена коса и насмеано им позира на фотографите.
Покрај тоа, актерката се појави и на премиерата на филмот Queer, а беше облечена во беж фустан со качулка и со изрез што ги истакна нејзините долги нозе.
Убавата Романка беше во врска со Џерард Батлер и Леонардо ди Каприо, а на крајот се омажи за романскиот милијардер Матеи Стратан, со кој има 7-годишна ќерка.