Забава
Телото на исчезнатата актерка Наја Ривера пронајденo во езерото Пиру

Телото извлечено од езерото во Калифорнија е на исчезнатата актерка Наја Ривера, соопштија официјалн лица во понеделникот.
„Ние сме убедени дека телото што го најдовме е на Наја Ривера“, рече шерифот на округот Вентура, Бил Ајуб, на прес-конференција на брегот на езерото Пиру близу Лос Анџелес.
Нејзиното тело беше најдено рано во понеделникот во близина на местото каде што исчезна, рече шерифот, додавајќи дека многуте дрвја и растенија под водата ја отежнувале потрагата во северната половина на езерото.
За Ривера (33) се претпоставуваше дека се удавила откако исчезна во средата. Таа изнајмила чамец на езерото Пиру со својот четиригодишен син Хозе, кој беше пронајден неповреден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Снимката го обиколи светот: грациозен од во високи потпетици

Кејт Мидлтон ги воодушеви сите со своите вештини за одење на високи потпетици, кои ги покажа минатата недела кога посети воздухопловна база, оставајќи ги сите дами да се прашуваат како успеала толку вешто да се качува и спушта по скалите во своите вртоглаво високи потпетици.
Galler Prensesi Kate Middleton’ın ince topuklu ayakkabılarıyla tereddüt etmeden geriye doğru merdiven inmesi, sosyal medyada gündem oldu.pic.twitter.com/1gP5meRNP6
— Onedio (@onediocom) October 3, 2025
Принцезата од Велс, како и обично, беше беспрекорно облечена и модерно координирана, во елегантен сив костум од дизајнерката Бела Фројд, кој го комбинираше со маица од Александар Меквин. Иако стајлингот беше совршен, токму нејзините темно сини велур потпетици од Стјуарт Вајцман го привлекоа најголемото внимание.
Не само поради нивниот изглед, туку и поради грациозниот начин на кој Кејт Мидлтон ги носеше, и се чини дека никогаш нема да добијат подобар публицитет од овој!
Кејт ги воодушеви сите присутни кога се искачи во пилотската кабина во овие вртоглави потпетици за да ѕирне внатре, а потоа полека и храбро се спушти по скалите, и дефинитивно можеме да кажеме дека ова е најубавото спуштање во потпетици што некогаш сме го виделе.
Не е изненадување што социјалните мрежи беа преплавени со видеото и што предизвика лавина од позитивни реакции.
„Постојано носам штикли и никогаш не би можела да го направам тоа толку беспрекорно и величествено“, „Таа владееше со тие скали како со модна писта. Чиста елеганција со моќ во секој чекор“, гласеа некои од коментарите, а најчесто наведуваа дека е „родена елегантна“.
И не е прв пат Кејт Мидлтон да ги воодушеви сите одејќи во штикли, бидејќи претходно играла разни спортови во штикли, а редовно ја гледаме како оди по тревен терен во нив без никакви проблеми, излегува од хеликоптери, игра одбојка…
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Новата фризура на Деми Мур стана најпопуларна: ги брише годините

Актерката Деми Мур, која глуми во краткиот филм „The Tiger“ и која нè остава без зборови со својот изглед со оглед дека станува сè поубава, нè воодушеви со уште едно издание и повторно стана тема на денот.
За нејзината нова улога во филмот, во кој ја игра Барбара Гучи, таа прифати и нова фризура, таканаречените шишки „Гучи“, во стилот на шишки „завеса“ кои станаа еден од најпопуларните трендови кога станува збор за женските фризури.
Деми Мур има долга, свиленкаста коса со децении и речиси секогаш се појавува на настани со истата фризура – секогаш лежерно лабава, но овој детаљ совршено ѝ стои и идеално одговара на текстурата на нејзината коса.
Таа се пофали и со фризурата на социјалните мрежи, а шишките, кои се наречени „Gucci bangs“, веднаш станаа тема на дискусија. Тие беа смислени специјално за овој проект и носат комбинација од носталгија и модерен луксуз.
Во исто време, тие се и лежерни и елегантни, и заводливи и уредни, и го врамуваат лицето на нежен начин, а воедно се вклопуваат со долгите прамени.
Сепак, Деми немаше шишки на премиерата на филмот на неодамнешната Недела на модата во Милано, но изгледаше спектакуларно.
Знаеме колку популарни беа шишките порано и се чини дека никогаш навистина не излегоа од мода, па затоа, ако барате минимална промена со доаѓањето на есента, разгледајте ги шишките „Gucci“ кои секако се непогрешлив избор.
Забава
(Фото/видео) Кога најбараната манекенка ќе се соблече – сè „пука“ од сексапил

Супермоделот Кендал Џенер прошета по пистата на Неделата на модата во Париз и ги остави сите без здив на ревијата на модната куќа Schiaparelli.
kendall jenner for schiaparelli, INSANE pic.twitter.com/rtv0PqJeGn
— kendall jenner archive (@archivekend) October 2, 2025
Таа покажа целосно проѕирен фустан украсен со крзнени детали, додека под него носеше само провокативна танга. Исто така, имаше ракавици и спектакуларни златни обетки што се вклопуваа со фустанот.
На тенките прерамки имаше пердуви, а метални сандали со високи потпетици ја заокружуваа нејзината „провокативна елеганција“.
На ревијата ја гледаше и нејзината помлада сестра Кајли Џенер, која не криеше колку е горда на својата сестра.
Трендот на голи фустани го „окупираше“ Холивуд и веројатно нема толку лесно да исчезне во иднина. На секој црвен тепих имаме барем една ѕвезда што се појавува во таков фустан, иако ова е можеби најпровокативниот досега.
фото: принтскрин