Забава
Тејлор Свифт го претстави преснимениот албум Red
Тејлор Свифт им се заблагодари на своите фанови што ја инспирирале да ја преработи и да ја врати својата уметност.
Хитмејкерката во петокот на полноќ ја објави повторно снимената верзија на нејзиниот хит албум од 2012 година, Red, и нагласи дека новата верзија не би било можна доколку не ја охрабреле нејзините фанови.
Таа напиша на социјалните мрежи: „Само пријателски потсетник дека никогаш не би помислила дека е можно да се вратам назад и да ја преработам мојата претходна работа, откривајќи изгубена уметност и заборавени скапоцени камења на патот, ако не ме охрабревте.“

„Red повторно ќе биде мој, отсекогаш бил наш. Вечерва почнуваме повторно. Red (мојата верзија) излезе сега“.
Добитничката на Греми повторно ги снима своите рани албуми откако „Скутер Браун“ ја купи нејзината поранешна издавачка куќа Big Machine Label Group за 300 милиони долари и со тоа ги стекна правата на нејзиниот каталог.
„Скутер холдингс“ потоа го продаде каталогот на Shamrock Holdings без да ѝ понуди на Тејлор шанса да ги купи своите мастерси.
Оригиналниот албум има 16 нумери, а ‘Red (верзија на Тејлор)’ има 30 епски песни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Брејк објави нова песна „Една во милион“
Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“.
Новиот сингл доби и видео спот. Ова музичко дело е плод на наши познати лица од музиката.
Музиката е на Никола Перевски Пере од „Нокаут“, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е на Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот на Дарко Димитров.
Забава
Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини хитови
Бритни Спирс ги продаде правата за целиот свој музички каталог, профитирајќи од наследството што го изгради со хитовите како Baby One More Time и Toxic. Според правните документи, каталогот е продаден на издавачката куќа Primary Wave, и иако износот не е откриен, медиумските извори го опишуваат како историски договор споредлив со продажбата на каталогот на Џастин Бибер за околу 200 милиони евра.
Според документите, 44-годишната пејачка го потпишала договорот на 30 декември. Извори блиски до Спирс велат дека таа е задоволна од одлуката и слави поминувајќи време со своите деца, синовите Шон (18) и Џејден (17), кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Со овој потег, Спирс се придружува на голем број музички ѕвезди кои профитираа од своите каталози во последните години. Меѓу нив се Џастин Бибер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Шакира, Стинг и Фил Колинс.
Каталогот на Бритни Спирс се смета за еден од највредните во модерната поп музика. Нејзината кариера започна во 1999 година со нејзиниот деби албум Baby One More Time, кој се продаде во повеќе од 10 милиони примероци и помина две недели на врвот на табелата Billboard Hot 100.
За време на нејзината кариера, таа постигна 11 синглови број еден, повеќе од 30 песни во топ 10 и издаде девет студиски албуми. Вкупната продажба на нејзините албуми надминува 100 милиони примероци низ целиот свет.
Хитови како „Toxic“, „Oops!… I Did It Again“, „Gimme More“ и „Womanizer“ ѝ донесоа бројни номинации за Греми, МТВ и Билборд награди. Нејзината музика продолжува да генерира огромни приходи од услугите за стриминг, радио емитување, како и употреба во филмови, реклами и на платформи како TikTok.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот е номинирана и за најдобра актерка: Сите зборуваат за нејзиниот стил
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон.
Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не завршува тука. Црната креација е исто така украсена со доза на сексапил бидејќи има длабоко деколте и мини крој.
Покрај тоа, цветниот детаљ беше забележлив – централниот мотив кој го нагласуваше тоа многу длабоко деколте. За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за отворени потпетици.
Што се однесува до шминката, таа носеше нежни, земјени тонови и едвај забележливи додатоци – ситни обетки.

