Контакт

Забава

Тејлор Свифт ѝ испрати подароци на медицинска сестра: Инспирирана сум од твојата страст за помагање

Објавено пред

Тејлор Свифт испрати специјален пакет подароци за медицинска сестра од првата линија на фронтот против Ковид-19.

dobivaj vesti na viber

31-годишната музичарка стапи во контакт со медицинската сестра Брита Томасон за да ѝ испрати подарок во знак на благодраност за нејзината напорна работа во текот на изминатата година.

Брита претходно во интервју за „Телеграф“ изјавила дека е голем фан на Тејлор Свифт и дека себеси се нарекува Свифти. Таа оваа недела на „Фејсбук“ сподели фотографии од пакетот заедно со ракописна порака од славната хитмејкерка.

„Почитувана Брита, сакав да ти пишам и лично да ти се заблагодарам што си на првата борбена линија против коронавирусот и што си доволно храбра да се изложуваш на опасност помогајќи им на другите. Јас сум инспирирана од твојата страст за помагање и грижа за твоите пациенти и бев трогната што неодамна спомна дека ти се допаѓа мојата музика!“, напиша Тејлор на пакетот.

А во својата објава на „Фејсбук“ медицинската сестра Брита наведе дека ќе плаче остатокот од денот и дека е пријатно изненадена од ваквиот гест на Тејлор. Во подароците има топла облека, неколку џемпери, шишиња за вода и перца за гитара.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Безос и Санчез донираат 102 милиони долари за помош на бездомниците

Објавено пред

Џеф Безос и Лорен Санчез ќе донираат 102,5 милиони долари за организациите што им помагаат на бездомните семејства во САД. Санчез во емисијата Good Morning America соопшти дека парите ќе бидат распределени преку фондацијата „Day One Families Fund“ и ќе одат кај 32 непрофитни организации низ целата земја.

dobivaj vesti na viber

Таа изјави дека целта е да им се помогне на семејствата да се стабилизираат и повторно да го изградат својот живот.

„Во можност сме да донираме повеќе од 100 милиони долари и тоа за многумина претставува огромен чекор напред“, рече Санчез, додавајќи дека ова е само почеток на долгорочната иницијатива.

Донациите годинава стигнале во сите сојузни држави, со поддршка од тим локални советници кои ги препознаваат потребите на заедниците.

Безос и Санчез се венчаа во јуни во Венеција, на церемонија со многу познати личности. Тие се во врска од 2019 година, а Безос ја запроси во 2023 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Ана Ивановиќ поднела барање за развод од Бастијан Швајнштајгер

Објавено пред

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ поднела барање за развод од поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер по девет години брак.

dobivaj vesti na viber

Германските медиуми објавија дека таа поднела тужба до Општинскиот суд во Минхен во ноември. Во јавноста, тие се сметаа за хармоничен пар, но нивната љубов заврши откако тој наводно ја изневери.

Списанието „Билд“ објави фотографии од него како прегрнува друга жена. Тие сè уште не го објавиле разводот. По распадот на нејзиниот брак, Ана Ивановиќ се фокусираше на работата.

Таа и Бастијан Швајнштајгер почнаа да се забавуваат во 2014 година. Една година подоцна потврдија дека се во врска, а во 2016 година се венчаа во Венеција. Имаат три сина: Лука, Леон и Тео.

Претходно, зборувајќи за својот брак, таа рече дека клучот е во комуникацијата и дека покрај љубовта, потребни се и почит, разбирање и подготвеност да се поддржувате еден со друг.

Прикажи повеќе...

Забава

Пет намирници што треба да ги избегнувате во зима

Објавено пред

Стручњаците наведуваат дека некои намирници не се добар избор во зимскиот период бидејќи не се во сезона, имаат послаб вкус и помалку хранливи материи.

dobivaj vesti na viber

Праски – летните се слатки и сочни, а зимските увезени и со слаб вкус. Наместо нив препорачливо е цитрусно овошје (портокали).

Грашок – пролетниот е сладок, а зимскиот брашнаст и без вкус. Најдобар избор е смрзнат грашок, берен во сезона.

Јагоди – зимските губат мирис, вкус и хранливи материи. Подобри се смрзнати шумски јагоди.

Домати – летниот е најквалитетен; зимскиот од ладилници има помалку свежина.

Боровинки – зимските се скапи, брзо се расипуваат и имаат помалку витамин Ц. Препорака е смрзнати боровинки, кои ги задржуваат антиоксидансите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Советот расправаше за труењето во „Димо Хаџи Димов“, Лукровски најави засилени хигиенски мерки во училиштата и инспекции

Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се...

Македонија7 часа

„Сите што ме познаваат добро знаат колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“ рече Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“, за кобната ноќ

До ден-денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер, изјави првообвинетиот и сопственик на дискотеката...

Македонија8 часа

(Видео) Тошковски: За 24 часа, регистрирани 110.000 прекршоци во сообраќајот

Камерите во Скопје забележале речиси 110.000 прекршоци во сообраќајот за 24 часа. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски за „Безбеден град“: Поддржувам да се прошири во целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Безбеден град“, кој почна официјално денеска со пробниот...

Македонија9 часа

(Фото/видео) Ниеден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ не призна вина

Ниеден од 35-те физички и трите правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, не...

Економија10 часа

(Видео) Потврдени квалитетот и безбедноста на македонското злато во трезорот на Банката на Англија, извести Народната банка

Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и неговиот тим имаа...

Македонија10 часа

13 мобилни телефони и лаптоп најдени во ќелија на обвинет за „Пулс“: судијката го предупреди дека му следува самица

На почетокот на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судијката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен...

Македонија11 часа

Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1.300 до 1.800 евра

Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа. Во изминатиот период извршени се надзори на 30...

Македонија12 часа

Мицкоски се огради од народот, сега на камерите во Скопје може да види колку е паднат стандардот на граѓаните, велат од СДСМ

„За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои...

Свет13 часа

САД размислуваат за копнен напад врз Венецуела; Мадуро: Подготвени сме да се браниме

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека неговата земја е подготвена да се одбрани додека САД размислуваат за копнен напад....

Свет13 часа

Виткоф и Кушнер денеска се среќаваат со Путин во Москва

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, ќе се сретнат со рускиот претседател...

Свет14 часа

Белата куќа е многу оптимистична во врска со мировните преговори во Украина

Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со шансите за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави нејзината...

Регион14 часа

(Видео) Илјадници протестираа против владата во Бугарија, луѓето се судрија со полицијата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Софија за да протестираат против буџетскиот план на бугарската влада за следната година, првата...

Европа22 часа

Кремљ: Го освоивме Покровск

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави...

Свет23 часа

Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денес изјави дека неодамнешниот преглед со магнетна резонанца на Доналд Трамп бил превентивен по...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на...

Македонија1 ден

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина...

Македонија1 ден

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...

Македонија1 ден

Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена

Камерите поставени на сообраќајниците во Скопје од денеска ќе снимаат, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од...

Македонија1 ден

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта,...