Контакт

Забава

Том Брејди ниту пред децата не може да ѝ одолее на Жизел

Објавено пред

Најголемата светска ѕвезда на НФЛ, Том Брејди,  со својата сопруга Жизел Бундшен ужива на одмор во Костарика, каде што се опуштија и ѝ се предадоа на страста.

Квотербекот на Њу Ингланд патриотс беше толку возбуден што не можеше да ѝ одолее на сопругата која во бикини ја покажа својата идеална фигура. Тој ја фати својата сакана за задник, и тоа пред децата.

Колку се сакаат можеа да се уверат и папараците, кои снимија неколку фотографии каде што Брејди ја гушка и бакнува прекрасната Жизел.

Забава

Викторија Бекам изгледа неверојатно на насловната страница на грчкиот „Вог“

Објавено пред

Семејството на Викторија Бекам гордо седеше во првиот ред на нејзината модна ревија за време на London Fashion Week или Лондонската модна недела.

А модната креаторка Викторија Бекам ги покажа своите вештини за позирање на насловната страница на мартовското издание на „Вог Грција“, со поднаслов Victorious („Победничка“).

Ѕвездата на Спајс-девојките (45) изгледа неверојатно во своите дизајни за пролет/лето 2020, а фотографиите за списанието ги направи Алекси Лубомирски.

А насловната за „Вог Грција“ доаѓа откако нејзиниот сопруг Дејвид Бекам и три од нивните четири деца гордо седеа во предниот ред на презентација на нејзината колекција на Модната недела во Лондон во неделата утрото.

44-годишниот пензиониран фудбалер присуствуваше на ревијата со децата Ромео (17), Круз (14), и Харпер (8), а 20-годишниот син Бруклин не беше присутен.

 

 

Прикажи повеќе...

Забава

Џена Деван се сврши

Објавено пред

Џена Деван откри дека се свршила со партнерот Стив Кази.

Познатата актерка и танчарка (39) убавата вест ја објави на „Инстаграм“ во вторникот.

А во објавата бремената ѕвезда го покажа свршеничкиот прстен од Стив Кази, нацрта срце и напиша дека тој го има нејзиното срце.

Таа сподели и снеп со свршеникот.

Покажувајќи го прстенот со дијаманти, Џена, која е бремена со своето второ дете, напиша за љубовта на својот животот.

„Цел живот да сакам и да растам со тебе… го имаш моето срце“, напиша Џена до фотографијата за своите шест милиони следбеници на „Инстаграм“.

И Стив сподели фотографија на својот „Инстагарм“ проследена со романтичен текст: „Кога ќе се разбудиш наутро, ќе ти го бакнам лицето со насмевка што никој досега не ја видел. Кога ќе се разбудиш, ќе ти ги бакнам очите и ќе кажам дека сум ги сакал сите овие години“.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Сиа подготвува два албума

Објавено пред

Пејачката на хитот Chandelier има два албума спремни за издавање.

Запрашана од фановите за нејзините планови за 2020 година, австралиската музичарка Сиа наводно соопштила дека во подготовка се два албума, кои веројатно ќе излезат веднаш по нејзиниот филм „Музика“.

Таа исто така додаде дека во тек се неколку соработки, а засега е познато дека музичарката планира студиско дружење со јужнокорејскиот бенд BTS со цел да комплетира една песна што ќе се појави на нивниот нов албум.

Филмот „Музика“ беше најавен на филмскиот фестивал во Венеција во 2015 година.

Првично планиран за октомври 2019 година, објавувањето на филмот беше одложено до декември 2019 година, пренесуваат медиумите.

Британската веб-страница за музика додава дека актерката Кејт Хадсон и танчарката Меди Зиглер, кои редовно се појавуваат во видеата во Сиа, се вклучени во проектот заедно со Лесли Одом Јуниор.

Последниот албум на Сиа, Everyday Is Christmas, беше објавен во 2017 година.

Австралиската пејачка имаше огромен успех со своите хитови Chandelier и Hunger Games, а не сака никој да знае како изгледа. Таа своето лице го крие со огромни перики, а во 2013 година се појави на насловната на магазинот „Билборд“ со книжна кеса на главата.

Запрашана од новинарите зошто го крие своето лице, таа одговори дека сака да има приватен живот, односно да не ја препознаваат на улица. Таа мрази да биде славна и не сака никој да знае како изгледа.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион29 минути

Државниот обвинител на Хрватска даде оставка поради членство во масонска ложа

Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ, поднесе оставка поради членство во масонска ложа. „Се појавија инсинуации во врска со...

Топ1 час

Полициска акција за заплена на кокаин во Сарај

Полицијата врши претреси на повеќе локации во Крушопек, село во општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин. „Министерството...

Македонија3 часа

Владата: Решенијата на Чулев се поништени законски

Владата ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите...

Македонија3 часа

(Видео) Обвинет во „Монструм“: Тодоровски ми даде да потпишам изјава, но не ме малтретирал

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири на денешното рочиште рече дека никогаш не кажал дека бил под тортура од ексдиректорот на...

Топ4 часа

Вработен во ПИОМ подигал пари од пензија на почината жена

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија5 часа

(Видео) Чулев го обвини Спасовски за фалсификат, поништил 124 решенија во МВР, без одлука на Владата

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат во „Службен весник“ поништил 124 решенија за распоредување во МВР оти за нив немало одлука...

Македонија6 часа

„Телеком“ презел безбедносни мерки за повиците од непознати дестинации

„Македонски телеком“ ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници,...

Македонија6 часа

(Видео) Има уште 3.400 пасоши, МВР формира комсија која ќе одобрува издавање само на итни случаи

Граѓаните што имаат интна потреба од пасош треба да поднесат барање за ургенција заедно со барањето за пасош. Комисија од...

Македонија6 часа

Јанкулоска и Јанакиески разговараат за „Монструм“: Аматерски е што „опелот“ не е запален или фрлен во ендек

Дел од разговор меѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, кој е доказ во „Монстру“, а набавен од нелегално снимените разговори,...

Свет6 часа

Поранешен рагби-играч и неговото семејство изгореа во автомобил во Австралија

Поранешен рагби-играч, неговата сопруга и нивните три деца починаа во автомобил, кој беше запален во австралискиот град Бризбејн. Роуан Бакстер...

Македонија8 часа

(Видео) Јанкулоска за „Монструм“: Имаше многу шпекулации дека е криминална пресметка, но и дека се работи за имотен спор

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пред судот, на рочиштето за „Монструм“, рече дека во првите моменти по убиството на...

Македонија9 часа

Земјиштето кај „Треска” набргу ќе добие нов изглед

Општина Центар на вонредна седница ја усвои одлуката за распишување јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна...

Македонија9 часа

Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана

Алексис Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана. Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер...

Македонија9 часа

(Видео) Милошоски: Аудиозаписот што го предадов кај Русковска да биде доказ за Меѓународниот сојуз

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на средба со обвинителката Вилма Русковска приложил диктафон со аудиозапис и транскрипт од материјалот што...

Македонија10 часа

(Видео) Столтенберг: НАТО се подготвува за церемонијата за прием на Северна Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Брисел оствари средба со премиерот Оливер Спасовски, на која рече дека НАТО се подготвува...

Свет10 часа

Блумберг најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија ако биде избран за претседател

Милијардерот Мајкл Блумберг, кој се кандидира за претседателската номинација на Демократска партија, најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија...

Свет11 час

Три деца меѓу загинатите во ужасна експлозија на автомобил во Австралија

Четворица луѓе, меѓу кои три деца на возраст од 10 години, загинаа кога автомобил експлодира во австралискиот град Бризбејн. Децата...

Регион11 час

Протести поради пензиските реформи во Атина

Сообраќајот во делови од Атина беше запрен синоќа кога превозниците му се приклучија на штрајкот против планираните пензиски реформи. Во...

Регион11 час

Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово

Специјалниот пратеник на американскиот државен секретар за Западен Балкан, Метју Палмер, не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу...

Свет12 часа

Трамп го помилува поранeшниот гувернер на Илиноис, кој беше осуден за политичка корупција

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека го помилувал поранешниот гувернер на Илиноис, кој беше во затвор поради изнуда, подмитување и...

Досие