Забава
Том Хенкс им се развика на фанови откако сопругата се сопна поради нив

Том Хенкс е снимен како луто се обраќа на толпа луѓе да се повлечат откако неговата сопруга Рита Вилсон се сопнала и за малку ќе паднела кога упорни фанови ги опкружиле на излегување од ресторан во Њујорк.
Актерот моментално го промовира својот најнов филм „Елвис“, во кој го портретира менаџерот на Присли, полковникот Том Паркер.
Додека излегувале од ресторан и оделе кон автомобил што ги чекал, на Хенкс и Вилсон им пришла група луѓе кои побарале селфи со нив.
Хенкс очигледно морал да реагира откако еден од нив се втурнал во сопругата и таа се сопнала. Снимката е поставена на Јутјуб.
На видеото се гледа како човек од обезбедувањето им го расчистува патот на двајцата за да поминат низ толпата додека го напуштаат ресторанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кустурицa: Европа ги ограбува Русите!

Прославениот филмски режисер, Емир Кустурица денеска изјави дека во руско-украинскиот конфликт најспорното е тоа што Европа ги доведе во прашање своите најголеми достигнувања, а тоа се човечките права и приватниот имот.
„Европа ги ограбува Русите, не само нивната култура, туку и нивниот имот. На спортистите не им дозволува да се натпреваруваат, ги забранува стеблата кои руските писатели ги засадија, им забранува на најдобрите пијанисти да свират, на најдобрите светски диригенти им дава отказ“ рече Кустурица на форум „Европа и Русија“ во Србија.
Кустурица наведе и дека Србија станува плодна почва за еден заборавен поим, а тоа е слобода.
„Мораме да признаеме, јас неодамна престојував во неколку земји од западна Европа, таму постојат табу теми. Денес Европа молчи и врши самоубиство. Јас мислам дека тоа е потполно наопаку, дека Европа не врши самоубиство, туку дека е задавена“ заклучи Кустурица.
Забава
Прв летечки хотел во светот – може да собере 5.000 луѓе

На You tube е објавена снимка на летечки хотел на иднината кој „никогаш не може да остане без гориво“. Благодарејќи на нуклеарната енергија, првиот летечки хотел ќе може да лета неколку години без да го допре тлото, се вели во описот на видеото, а го пренесува британски „Индепендент“.
Според амбициозниот дизајн, летечкиот хотел кој би се викал „Sky cruise“ би можел да прими до 5.000 гости.
Дизајнерите наведуваат дека ќе објектот ќе го покрене нуклеарна енергија и луксузниот брод за крстарење ќе биде управуван до вештачка интелигенција.
Проектот е претставен како дестинација за одмор, а во видео снимката се истакнуваат барови, ресторани, базени, кино, театар, гејминг соба, како и простории за венчавки и прослави.
Проектот предвидува дека хотелот би имал 20 електрични мотори кои ќе обезбедуваат „чиста нуклеарна енергија“.
Забава
(Видео) Зеленски се сретна со Шон Пен, кој снима филм за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот официјален Фејсбук профил сподели видео од средбата со Шон Пен.
„ Актерот и режисер Шон Пен снима документарен филм за војната во Украина. Од првиот ден на целосната инвазија, тој беше во Киев и со свои очи виде што е руска агресија. Наскоро целиот свет ќе може да ja види целата вистина за војната благодарение на неговиот филм. Шон, ти благодарам што ја поддржуваш нашата држава и нашиот народ!“, напиша Зеленски на видеото.
Пен се сретна со Зеленски во февруари, ден пред инвазијата и денот кога започна инвазијата.
„ Јасно беше дека сум во присуство на нешто… Тоа беше нешто ново за современиот свет во смисла на храброст, достоинство и љубов. Тоа беше извонреден момент. Начинот на кој ја обедини таа земја. Бев импресиониран и трогнат од тоа и преплашен од него и за Украина“, рече актерот за украинскиот претседател.
Тој исто така спомна дека неговата непрофитна организација прави се што може за да им помогне на луѓето во Украина, кои живеат во „мрачна нова реалност“.