Забава
Тони Брекстон величествена во барокна наметка ја краси насловната на „Фолт“
Тони Брекстон помина низ мрачни периоди со своето семејство оваа година.
Но, седумкратната добитничка на „Греми“ е подготвена да го искористи најдоброто од иднината со неодамнешното објавување на последниот албум Spell My Name.

Таа е величествена убавица во барокна наметка на црно-белата нсловна страница на списанието „Фолт“ (Fault Magazine) за да го промовира својот десетти студиски албум.

Во списанието има и други фотографии во ретро амбиент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Започнува тридневната „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода
Вечерва почнува тридневната манифестација „Новогодишна приказна“ во паркот „Шопен“, во близина на ООУ „Невена Георгиева Дуња“, во Кисела Вода.
Од 19:00 часот ќе настапи Ди Џеј Марио со труба, а од 21:30 часот следи музичкиот проект Пауза за ракија на Игор Димовски. Водител на настанот е Миро Кацаров.
Паркот е празнично уреден и збогатен со новогодишни куќарки со топли напитоци и празнична храна, а организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат и да уживаат во предновогодишната атмосфера.
Настанот е отворен за јавноста.
Забава
Славен како дете, осамен како тинејџер: приказната на Меколи Калкин
Меколи Калкин откри дека на врвот на славата, како тинејџер, направил пауза од глумата бидејќи сакал да има што е можно понормално детство.
По огромниот успех на филмот Сам дома и неговото продолжение, како и улогата во Ричи Рич (1994), Калкин решил да се повлече затоа што се чувствувал изолирано и сакал да се дружи со врсниците, да излегува и да живее типичен тинејџерски живот.
Во интервју за емисијата Mythical Kitchen, тој објасни дека најчесто работел сам и ја спореди својата состојба со ликот на Том Хенкс во Cast Away. Калкин нагласи дека славата не ја барал свесно, туку „едноставно му се случила“.
По паузата што ја започнал на 14 години, тој се вратил на глумата во 2003 година со филмот Party Monster. Денес внимателно ги бира улогите и почесто работи на анимирани проекти. Во приватниот живот, со сопругата Бренда Сонг одгледува два сина.
depositphotos
Забава
Директорката за комуникации во тимот на Меган и Хари си заминува по помалку од една година
Директорката за комуникации во тимот на Меган Маркл и принц Хари, Мередит Мејнс, ја напушта функцијата по помалку од една година работа.
Според „Пејџ сикс“, таа е најмалку единаесеттата личност која ја напуштила истата или слична позиција во нивниот тим во последните пет години. Извори наведуваат дека заминувањето не е во лоши односи и дека Мејнс била задоволна од работата, но дека дошло време за заминување.
За време на нејзиниот ангажман, Мејнс помогнала во лансирањето на подкастот и ТВ-емисијата на Меган, како и во координацијата на хуманитарните активности на Хари. Таа и официјално го потврди заминувањето, наведувајќи дека по инспиративна година ќе почне нова професионална можност во 2026 година.
Портпаролот на парот соопшти дека соработката меѓу Мејнс, Method Communications и Archewell е завршена, со благодарност за придонесот. Според пишувањето на „Сан“, кој прв ја објави веста, Мејнс нема да добие директна замена, туку нејзините обврски ќе ги преземе Лијам Магвајр, директор за комуникации за Обединетото Кралство и Европа.

